Јас не сум во Мк, ја купив од Douglas. Кога веќе сум тука да кажам мислење. Ја пробав еднаш само, за препоните и дел од интимната зона, и сум ептен задоволна. Многу лесно се работи со неа. Ја стопив во топилка (се стопи многу побрзо од восокот), ја нанесував со стапчињата кои беа вклучени, потоа ставив лента, почекав неколку секунди и повлеков. Болката е помала од депилирањето со восок, самата паста мириса преубаво, кожата е премека и минимално иритирана. Мислам дека дефинитивно ќе продолжам да ја користам за почувствителните делови од телото (само никако да соберам храброст за интимата, се надевам и до таму ќе стигнам некогаш ). Моментално за мене е најдобар избор за депилација на препони/интима во домашни услови.
Здраво. Дали знаете во Скопје каде има да се купи готова шеќерна паста? Барав во дм и во Зегин нема, а сама многу тешко ми е да ја погодам.
Баш вчера прашував во мојов дм во Сп Планет ми рекоа нема такво нешто ама ќе видам во другиве дм во сити мол или ГТЦ. Фала ти многу
Ја гледав шеќернава паста од Балеа на фб страницата на ДМ. Секогаш кога одам во ДМ заборавам да ја побарам.
Ја најдов оваа на балеа во Дм, 230 беше мислам и треба се загрее шеќерот и да се вади со ленти. Одлично вади ама со толку ленти колку што има само потколеници успеав едвај да издепилирам. Пишува дека лентите се за повеќекратна употреба ама стварно не знам како е возможно тоа. Пробав со искористеноста уште еднаш и цела се улепив. Така што дефинитивно сакам да си најдам таква паста што може да се направи топче и да се користи со рака. Еднаш дома успеав да ја погодам таква и предобро се издепилирав ама после никако пак да ја погодам...
Не сум сигурна за цената ама ми беше исто како во Скопје што плаќам - мислам околу 1000 мкд нозе и интима Презадоволна сум од работата- девојчето брзо и ефикасно и најважно си ја знае работата, депилацијата сама по себе е мн квалитеттна
Да, се перат, накисни ги во вода и ќе излезе пастата. Иначе да, најубаво е да си ја погодиш сама, и јас еднаш ја погодив, се издепилирав ко човек и веќе не успеав да ја погодам. Сега комбинирам или пастата на Балеа или ленти на Вит.