Женски знаете ли некој проверен рецепт за шеќерна паста која се користи само со рака (топче)? Неколку различни пробувам и или е премека или претврда, а некако најпрактично ми изгледа со едно две топчиња да ги поминам нозете.
Почнав да се исипувам по рацете од шеќерна депилација, што би ми препорачале да сменам, да пробам да се депилирам со восок, и со топол или ладен?
Koe mesto bi mi go preporacale vo Skopje kaj shto depiliraat so sekerna pasta, ama da e cisto deka mnogu mi e vazna higienata?
Девојки успевате ли дома да направите шеќерна паста? Пред малку пробав по рецептите од интернет и десет тенџериња уништив, ништо друго. Ја оставам да се олади малку, веднаш се скаменува
Јас ја правам во комбинација од овие видеа, секогаш ми успева. Не ја месам, само кога ќе биде готова си ја претурам во некое кутивче и ја користам со месеци потоа. Садот полн со вода и мраз е доста битен за да знаеш дали е готова или не. Некоја членка мислам ги имаше објавено кога почна пандемијата, сите правевме шеќерна паста по овие видеа.
Zdravo feminki dali znaete vo skopje kade depiliraat so sekerna depilacija kade e higienski.Bev vo afrodita katastrofa ne sum zadovolna
Jas ednas do sega samo sum bila na depilacija i toa vo edno Aleksandria vo Kapistec i bas bev zadovolna
Influence во Аеродром е супер. Жената која работи е љубезна и професионална, чистотата е на зависно ниво, резултатот на крај е исто топ. Alexandria во Капиштец исто се добри, фини се и професионални, така да види си каде ќе најдеш термин според твоите потреби.
Интима е 400 на двете места. Во Александрија само за интима сум била. Во Инфлуенс за интима, пола нозе и раце 1000 денари. Може да им се јавите и да ги прашате, верувам ќе Ви кажат конкретна цена за услугите што Ви се потребни.
Дали некому му се случило после депилација да му се појават како испукани капилари на нозе надколеници внатрешна страна. Претходно се бричев и немав ваков проблем, мислам дека ми е од шеќерната. Мислење?
Најверојатно лошо ја повлекуваш пастата, ми се случило и мене кога се депилирам сама целата сум била со модрици, а на козметичар никогаш, ама знаат на кое место на која страна да повлечат. И со шеќерна и со восок истото може да ти се случи.
Ќе се повлечат. Следниот пат ибаво оптегни ја кожата кај што депилираш за да не ти се повтори. Ако ти смета сега мачкај се со маст за модрици.