Видов beauty_studio_noraа, имаат во услуги. Јас пред неколку години во Victory се депилирав, дали има уште не знам.
Дали сте користеле Cyperus Rotundus масло? После депилација се користело за разретчување на влакната, сакав да знам искуства.
Како ја користиш? Мачкаш па вадиш со лента или чекаш да се исуши па вадиш со рака? А некои од рецептиве домашни мислам беа малку погусти па можеше да се меси како топче смесата и да се вади со него. Не знам што да очекувам од купечкиве, која конзистенција.
Како топче ја користам исто, е сега некаде каде што е потопла средината може со лента да се повлече, инаку мене шеќерната конкретно за интима ми е далеку подобра како топче отколку со ленти. На тоа пишува да се затопли, ама никако, одма е мека, нема размесување по 5 мин како домашната одма, се топи, затоа крајното веќе ептен растопено се лепи и со лента може да се потегне
Ја однесов ќерка ми на шеќерна како подобра алтернатива дека има осетлива кожа и се исфрли премногу.Веќе 24 часа како се поминати и црвенилото никако да помине,се жалеше дека ја жешти. Совет дали некој имал слично искуство,освен ладни облози што да става?
Можно е да има фоликулитис. И мене тоа ми се случуваше порано после депилација, мачкав крем со кортико на засегнатите места
@IJAE ужасно изгледа ама кортико нема шанси да мачкам. Знам дека алое помага ама чисто со висок процент незнам дали воопшто има на нашиов пазар.Се мислам дали да ја поминам со Пантенол или бетер ќе направам
Пантенолот нема да помогне, алое чисто има на forever living или тој first спрејот. Јас одев на дерматолози, најбрзо ми помина така како што пишав погоре и со миробакт се мачкав. Нека не се депилира, најдете друго решение, јас си земав лумеа и направив пауза од депилации и кожата сега ми е топ, ретки бебешки влакна, мазна
Чудно од шеќерна да се исфрли бидејќи е најбезбедната депилација за кожа, но за црвенилото алое има на ЕСИ во аптека.