Не сакам апла депилирано машко, на кое не се гледа ниедно влакно. Тоа е претеризам.. Сакам да ја средува интимата, пазувите, грбот доколку е многу влакнест но тоа е тоа..7 Инаку, морам да напоменам дека мразам влакна но овде станува збор за машко, мора малку да се разликуваме нели?
Не сакам влакнести мажи ама не можам да ги поднесам ни оние што повеќе од мене се опседнати со депилирање. Се ежам од влакна на грб, а пожелно би било да ги потсредува градите и интимата (може и со ножички) Влакна на нозе не ми сметаат
Машко депилирано на раце нозе не фала,се знае одредени делови од телото ама на грб не поднесувам не не не.Фала богу дечко ми е тип топ како што сакам јас
Интима - обавезно! Раце,нозе - не сакам да депилира. На грб доколку има потреба,а љубовен тепих - ЗАДОЛЖИТЕЛНО !!!
Задолжително средување на интима, пазуви. Toa oд лична хигиена. Раце и нозе несакам. Нема да ми личи на мaж
Ооооо сон ! Обожавам депилирано машко ! Ама сегде депилирано и гради и раце и нозе посебно ! Многу ми е убаво
Ај тоа што се мора да се депилирани поради лична хигиена е во ред, и го подржувам но депилирање на раце, нозе, грб, стомак е тоа не ми се допаѓа. Мислам ми се свиѓа кога е баш мазно, но што се случува кога ќе подпорасне?? Јас моите нозе си ги мразам во периодот кога чекам да ми израснат доволно за да можат да се депилираат, камо ли него да го гледам таков целиот подраснат, не благодарам. Подобро ми е да е влакнест( останатото и така мора да го средува често) .