Еве да почнам од глава Веѓи: ако му се мн густи да си ги потсреди Брада: малце подникната Пазуви: да Раце: НЕ! Интима:да Нозе: не баш ( Зависи...пред да си гатам дечко не сакав си велев ЕЈ ДА БЕ ЈАС МАЗНА И ТОЈ МАЗЕН! И сега еве си фатив и овој мојов спортист и му сметеле и ги депилирал.. и гледам дека не е лошо да е мазен )
Па убаво ми е кога ќе видам дека машко се замара за тоа како изглеа.. И шо само ние да трпиме таква болка, нека видат како е
Некако неможам да ги поднесам депилираните мажи(велам за веѓите) особено ако ги има тенки аww а ако ги има само малк така здола згора во ред а од тенките ми се гади едноставно.
Тотално ми е неприродно а со тоа и несескси Спортистите нека си се депилираат, но секојдневен маж нема потреба да биде мазен како жена. Единствено можам да преминам преку депилирана мишка.
Зависи, некои се премногу влакнести како горила. Таквите подобро да се издепилираат од врат, од нос море и уши, па до пети.
^ Така некако. Ај признајте дека не е баш секси машко со две овци под мишка... а она со чупани веѓи... не сум приметил досега некој онака нормален а веѓите да му се чупани.. иииииииии влакна од нос и уши мислам се поразбира...
Колку помазен толку поарно. Во денешно време не е смешно ако некој маж се депилира и одржува хигиена. Инаку мразам влакнести мажи, посебно влакна на гради на врат .
1) Интимна зона- да 2) Пазуви- да 3) Гради- и така и така 4) Стомак- и така и така 5) Грб- и така и така 6) Раце- не 7) Нозе- не Веѓи- не Зошто кажав за гради и стомак така? Па, некое машко кое нормална густина на влакна на тој дел од телото, а има убаво дефинирано тело може да изгледа ултра мажествено. Сега знам дека премногу идеализирам со топ модели тука, но секој има различен став што за него е атрактивно. Полно девојки сакаат и меше на стомакот. Ако некој има многу влакнест грб и раменици и тука може депилација до поднослива граница.
Обожабам дипилирани машки морам да признаам,по sexy се,дечко ми издипилиран го обожавам,све мазно хуху
Освен на гради/грб во екстремни случаи не сум за. Посебно нозе/рацеее.. Ми го тепа филмот некако. Дечко ми се депилира на гради, е влакнест и црн има влакна ама мене лично ми е посекси не депилиран.. Ама ете тој така си сака, поубаво се чувствува и океј.
Не. Прифаќам само депилирани пазуви и интима друго не фала си земав маж кој што не е вунтраст таквите богами ни депилација не ги спасува
Имав еден таков, цел издепилиран, и искрено добро е што не бевме многу заедно бидејќи сфатив колку всушност мразам еден маж да има издепилирани раце и нозе Тешко дека би поднела моментално нешто такво. Веѓи, пазуви, интима, да и би требало да бидат средени, грбот и градите е океј со некоја нормална густина на влакна. Потполно се сложувам со Прличко погоре
Немам против. Подобро цел да е мазен, отколку орангутан Кога ќе видам влакна на грбот пак коса ми се крева! А тоа „патчето“ (што го викаат "happy trail") вертикално над и под папокот ми е прилично привлечно кога е оставено неиздепилирано.
Депилирани машки ми се, искрено, грозни. Попедерчени. Ќе речете хигиена е, чистота, се грижи за изглед. Депилација НЕ Е за машко. Отстранување на влакната јас го сметам како нешто женствено, а додека влакната се нешто мажествено. Така да, машкото треба да си остане машко, а не да изведува
Не сакам депилирани машки. Мора да има обавезно влакна на подлактиците и на нозете. На стомак и гради умерено. Единствено не сакам влакна на грбот и под пазуви. Никако депилирани веѓи и обавезно брада,не сакам баш мажи без брада.