Што маж е тоа бе ако е издепилиран поише од мене? Веѓите сакам да му се средени, не тенки но не и пошумени, дебели ама средени да се. Нозе-никако, раце ? ни под разно!! И гради неќам депилирани, сеа не да е тепих ама нека си има, така повеќе ми се допаѓа.
Се знае машко шо е, а не мазен како мене, зошто е машко. Со сила се прават се само мажи не. Кога ќе видам машко со депилрани нозе и веѓи танки толку ми се смешни.
Несакам депилирани мажи бидејки веднаш ме потсетуваат на педерчиња Може веѓите да му се средени да не бидат ептен грмушка, пазуви и секако интима.
Нека си има, да се знае кој е маж. Не преговарам, не ми сметаат, ама мене ако ми преговори за малку запуштени влакна, јас неговите со чупалица има да му ги тргнам, буквално од секаде.
Дечко ми се депилира ( нозе раце ) Искрено јас сакам депилирани машки грозно ми е кога гледам влакна . МРАЗАМ ВЛАКНА
Повеќе ми пречи љубовен тепих на грбот и градите одколку депилиран. Ма да и многу мазен не сакам... Знам дека постов делува како да не знам што сакам... Точно е Можеби не знам што сакам но точно знам што Не сакам
Целиот мазен, премазен - јок. Грозно е вуна на гради, грб или под мишка, ама оние на нозете или на рацете не сметаат.
Леле луѓе, што видов еден во автобус, од далеку ми се виде убав, ама од блиску - далеку од убав. Средено типчето, кошула, џемпер, шал околу врат, се префрлам на лицето, веѓите поубави од моите, дури срам ме фати. Дебели, ама се гледа исчупани, форма дадено, дури мислам коректор ставал одоздола за да направи убава линија... Брадата малку што ја имаше ко цртана да му беше, како под конец бричена. Му беа подигнати ракавите малку, рацете мазни ко бебешко газе, му светеа. И го гледам така познат ми дојде, и стварно! Во исто основно одевме, една генерација поголем. Само што на времето беше убаво типче, па и знаеше да се покаже пред женско... Сега јок. Поголемо женско од мене. Значи, не сакам машки што се депилираат по раце/нозе, сега ептен ако има некој енормен проблем со влакнетост добро, ама вака не. А љубовен тепих и на грб и мене ми е гадно, ама ако нема и таму премногу влакна не мора ни таму да се депилира. Што се вика, јас знам да си ги запуштам рацете и нозете во зима, па и во пролет рацете зошто не ми се дотолку влакнести и го глеаш, он ми дојде издепилиран од главе до пете. Па, срам ќе ме фати.
Секoј кaкo сaкa тaкa некa си прaви. Вooпштo не ми сметa и ниту ги нaвредувaм oние мaшки кoи се депилирaaт нa рaцете и нoзете. Акo нa ним и нивните девoјки/жени тaкa им е пoубaвo - go ahead. Е, сегa oнa чупaњетo нa веѓи кaј некoи ми е ептен too much. Ептен се приметувa и не е бaш убaвo зa oкo. И мене еднaш ме прaшaле дaли се чупaм зaштo имaм уредни веѓи и не мнoгу густи. Веѓиве немa ни пoтребa дa ги чепкaм. Прирoднo си се убaви. Јaс личнo се средувaм сaмo нa грaди, стoмaк, пoд пaзуви и секaкo интимaтa. Мене личнo ми е гaднo кoгa ќе видaм мoмци сo пaлмa пoд мишки, a кaмoли вaс девoјки.
Се согласувам со @Mr. Right патем и nick name-от кажува дека е во право , никоја девојка несака машко многу влакнесто како од пештера излезен (Caveman) во пра-историско време.
Кога бев мала, си велев еден ден кога ќе имам дечко, ќе биде мазен. Влакна јок. Детски ум, шта чеш. Ако не е многу влакнест на гради/стомак не ми пречи ако не е депилиран. Веѓите да не се споени и многу тенки, интима, пазуви без влакна. Влакна на рака, машка дланка, па и ако се изразени малку вените баш ми е секси.
Има некои толку влакнести луѓе, со долги, па виткани влакна, подобро скроз мазни да се, отколку така. А влакна генерално не ми пречат, сеедно.
Средено интима,под пазуви,веѓи само ако има потреба! за другите делови од телото нека си останат какви што се,само да не е премногу целосна депилација ЈОК во никој случај!
Генерално сакам влакна. Само под мишка не Кога дечко ми си дојде од депилација со исдепилирани раце, два дена не можев да се помирам Козметичарката убаво му објаснила дека сите нејзини клиенти на кои им депилира на градите, им ги депилира и рацете целосно. Ми идеше да одам да ја истепам Не ми пречеше што е помазен од мене, туку ми пречеше што беше мазен. Некако не е тоа филмот на машкоста. Да сакав мазни, сигурно ќе бев хомосексуалец. Со редновна депилација, влакната се изретчија и сега веке кога ми е сопруг нема потреба од депилација
Мене ме мрзи да се избричам, не па да се чупам и депилирам и искрено ич не ми чуе за стандардите денес и кој век сме. Тоа што некои од припадниците на машката популација имаат проблеми со самодоверба и не се сигурни што пол се е друг проблем. Ја више би се фокусирал на основна лична хигиена, доста луѓе и тој дел го имаат занемарено, а стигнале да се депилираат и чупаат.
Целосно депилиран маж, некако ми звучи многу женствено, нешто што е својствено на една средена жена. Што не значи дека депилиран маж е геј. Сакам да сум, за мене зборам, убаво скратен во влакната секаде (гради, стомак, мишки, нозе, раце, веѓите да не бидат споени како мост) , а не издепилиран тасма. Барем денес постојат мини машинки кои можат да послужат да ги скратиме влакната, а не кога ќе се соблечеме да личиме на мајмуни, со 10 см. влакна по целото тело. Се разбира не само скратени влакна, туку и оддржување на хигиена на машкото тело. Нај одвратно нешто што ми паднало во очи, влегуваш во убаво средено WC во некој ресторант на пр., а на шољата останати влакна од интимните делови од по 10 см. Затоа постојат апаратчиња за убаво средување и на интимните делови и на др. делови каде имаме прашума од влакна-коса.
Се знае каде треба да е среден. Веѓи и таму доле (веѓите јас ми ги средувам оти му било срам да оди на козметичар) Многу ми е интересен како подскокнува на среде чупање