Ако некој сака да се депилира, нека се депилира, а ако некој не сака, нека не се депилира, без разлика на пол. Ако некој си сака депилирани мажи/жени, нека си бара такви, а ако не сака да се депилирани, и недепилирани може да најде. Ова е право на избор, ДЕМОКРАТИЈА
Како што кажав и на тема фарбани, не ми е привлечно но ако сака, слободно. Единствено не ми е јасно зошто непотребно би трпел таква болка.
О дааа!! Скроз сум за! Ама знам дека нема да има одзив. Премногу ни ги испраа мозоците, па сите мислиме дека прописна жена е жена без влакна.
Оти сме научени така да размислуваме. Секоја жена што ќе ја видиме по медиуми е тасмосана. Од раѓање го гледаме тоа, истренирани сме. Не се депилирам, ама се бричам, скоро секаде. Што значи, ни јас не сум отпорна на влијанието на пропагандата.
Нема врска пропаганди со лична хигиена. Има еден куп пропаганди за совршен изглед и не знам што таму,што не ги почитувам.
Не е лична хигиена корнење влакна. Тие треба да си се кај што се, затоа растат. Лична хигиена е вода и сапун.
Јас ќе ви кажам искрено дека не се депилирам. Инаку додека тренирав фудбал сите останати играчи доаѓаа депилирани од глава до петици. Според мене кој како сака така нека прави. Тоа се однесува и за машкиот и за женскиот пол.
Под мишка и таму доле потсреден да целосно никако,а за веѓи ич не сакам мажи со исчупана тенка веѓа како на жена освен средината ако има спојка друго не.
Недипилиран маж за мене не е маж. Или заедно ќе се бричиме или нема ич, мора компромис. Се шалам, со брич сум секој ебен ден.
За ова потполно си во право, сеуште живееме во време на многу стереотипи и заостаати свакања. Жена која не се депилира е валкана или како што обично се вели не води лична хигиена, а маж кој се бричи-депилира ај мишки ама недај воже нозе и останато е хомосексуалец. Нормално дека нема никаква врска едното со другото ама тоа ти е. Јас лично останатиот дел од телото го бричам одпоодамна а од скоро почнав и нозете, но тоа сеуште е онака срамежливо и само за мои очи, се надевам ме разбравте што сакам да кажам Инаку не вервам дека лугето се толку неинформирани туку ете полесно им е да се пидржуваат до некои непишани правила како полесно би се вклопиле во околината.
Ако му е ќеф да се бричи/депилира ми е океј.Не сакам машки со тепих на себе на градите, гајтан веѓи (барем расцеп да има) и несредени доле.За раце,нозе и пазуви сами си знаат.
Леле кога ќе видам маж да депилира раце/нозе се згрозувам искрено. Да одржува хигиена, да се бричи под пазуви, доле да. Или ако има екстремно многу влакна по грбот тоа е друго. А другото е претеризам. Дури да се засрамиш кога ќе видиш помазен и од тебе дури