Кога ќе замислам маж да е опседнат со депилирање. Да закажува третмани или да се средува дома пред мене. Па маж ли е, жена ли е?
Па скоро сите јавни личности на кои вие жените се палите се тасма депилирани и закажуваат третмани, ама за нив не важи дека се славни и богати.
На тв убаво изгледа депилирани стомачни, мазни, сјајни ама у реалност, кога стварно сакаш човек, ќе ти биде убаво и прстите низ љубовниот тепих да си ги моткаш
Кои вредности? Мислиш за морал се прави муабет. Работава дали некој отстранува влакна или не. На чија благосостојба влијае тоа па да оценуваме дали е морално добро или не. Не ми е мене јасно зошто воопшто имате некакво мислење за оваа тема. Како јас да викам дека ,,сум против" зелени шапки кај луѓето, иако не ме тангира тоа 2%.
Па не е само за влакната, општо за се. А инаку нормално дека ќе имам мислење, си кажувам што сакам и што ми смета. Како да не ме тангира дали дечко ми/маж ми се депилира или не? Едноставно за мене тоа не е убаво.
Пред да кажеш дека нешто насочува кон погрешни вредности, во превод е неморално, запрашај се две работи: Дали е свесна одлука на човекот, и дали влијае на нечија туѓа добросостојба. Ако одговорот на некое од овие две прашање е не, нема простор за муабетење за морал. Вредности бе... Ако се сеќавам убаво на етиката од шесто одделение, тука спаѓаа дарежливост, солидарност, учтивост, не се сеќавам да пишуваше влакна на нозе. Па за маж ти да, ама претпоставувам дека штом ти е маж не спаѓа во депилирани машки. Зборев за останатите.
Па и за останатите мажи имам мислење дека не ми се допаѓа. Тоа го ставив како пример, немора да е конкретно за мојот маж.
Во ред е тоа што не ви се допаѓа што некои се депилираат и да се изјасните, ама лепење етикети како геј не е убаво.
A kakва врска има депилирањето со нечија сексуална определба? Ти било геј рече. Сите гееви се депилирани и сите стрејт мажи се со вуна ?
Па кој рекол дека ми се допаѓаат сите мажи? Не ми ги извртувај зборовите. Реков дека кај мажите не ми се допаѓа тоа.
Воопшто не сакам влакна, а среќа па и немам многу. Се бричам скоро секој трет ден, а и низ телото немам влакна за сега (гради, стомак, грб), онака малце на нозете. А и да имам во иднина сигурно би се депилирал. Зарем стварно се замарате со ова прашње ? Really ? Не ги читав мислењата погоре, ама претпоставувам има некои што не сакаат мажи да се депилираат. What DU heck ? Ако тенденцијата за мажите да останат "мажи" е дека не треба да се депилирааат и да бидат со влакна, дали исто така од историски аспект ги сакате мажите со плускавци на раце пошо се нели, "мажи" ? И мене не ми се допаѓаат девојки што се шминкаат многу па .. фуцк ит, Ќе си ги гледам тие што ми се допаѓаат. Ај па ја се залетав да навлегувам, трошам време. -.- RUN
Депилацијата нема врска ни со (морални) вредности, ни со сексуална ориентација. Престанете да ги етикетирате луѓето поради разни безвезни нешта без никаква длабочина. Тоа е само избор околу надворешниот изглед, и за мажите и за жените - и толку. И да, личните преференции како такви ви се валидни, ама сите луѓе не прават сè само за да ви се допаднат вас.
Има некои така мазни, мерак да ти е да го гледаш. Може не да го грабнеш дома да си го носиш, ама за гледање петка. Некогаш помислувам дека некој би бил попривлечен доколку се средел, некогаш доколку помалку се средел...но во глобала интимниот дел и под пазувите ми се нешто што е задолжително да се отстрани кај мојот партнер. Доколку запнал раце и нозе да депилира не дека би ми се сменило мислењето за него, само би прашала од кои причини(естетски да биде поубав, хигиенски поради потење, психолошки поради неудобност со влакна на телото...). За кај други не би го поставула прашањето секако, не би ми ме интересирало бидејќи не сум лично засегната , но визуелно немам чуства на одбивност или привлечност. Едноставно неутрално, како нешто што е личен избор и е нормално.
Некои се депилираатбод професионални причини, пливачи, бициклисти... Не ми смета воопшто, ако така се чувствува подобро, полесно, попријатно зошто да не. Било геј , кажете не ми се свиѓа и толку, може со џемпер на плажа да оди и па да е геј
Значи колку повеќе влакна имаш толку повеќе си машко, она машкоста ја покажуваш. Апропо темата, им завидувам на оние мажи кои немаат влакна на гради и стомак. Дупла работа имам.