Грозно ми е кога ќе видам некое машко со депилирани раце и нозе или пак чупани веѓи. Машко без влакна не е машко.
Имам премногу влакна на нозете,другарите ич ( се депилираат) и кога одиме заедно сите мазни само ја влакнес. Ми викаат да се издепилирам,ја викам не, и кога одам на тренинг сите ме гледат во фазон овој мн влакна.
Искрено немам ништо против депилирани мажи,ама со усул, а не измазнети. Мојот сопруг не е воопшто влакнест и се средува само онаму каде што мора. Кога го гледам му љубоморам помалку влакна има од мене. И убаво изгледа, средено. Брат ми е ептен крзнен и искрено мислам поубав би бил ако се потсреди, не мора да се депилира, може да си ги потскратува со машинка и да изгледа колку толку средено. Е сега кога ќе видам ептен мазни мажиња тоа не ми е убаво. Или пак со веѓи потенки и пооформени од жена. Ме потсетуваат на боки13 и гадно ми е. Сакам средено ама не мазно. Не личи маж искубен без влакна.
Во мое време во моето мало место во кое живеев беше неприфатливо мажи да се средуваат, ги нарекуваа со погрдни имиња и беа цел на презир и потрсме. Мене лично ми се допагаатт и може слободно да кажам дека ме возбудува кога ќе видам млад маж среден тип топ, Не гледам ништо лошо, се додека тоа не премине во феминизација.
Јас се средувам и не ми е срам да кажам.. Депилирам/бричам гради иако немам многу влакна, поубаво ми е така мазни гради. Исто така мишки средувам. Чупам веѓи не она да ги правам специјални, туку само како што си е мојот облик оние што отстапуваат ги отстранувам.. И секогаш добивам комплименти за веѓите. Брада исто така бричам скоро секое сабајле, кога носев брада исто ја средував секој ден да ми биде во форма сега кога немам секој ден ја поминувам цела со бикче, евентуално на два/три дена некогаш.. Нозе не депилирам смешно делува... И раце не депилирам, ама скоро и да не ми се познаваат на раце. Кога би имал многу многу рунтави раце сигурно би ги депилрал, како мајмун ми делува кога некој има претерано влакна на рацете.. Тоа ми е како дел од лична хигиена и мислам дека нема ништо лошо во тоа маж да води грижа за својот изглед и хигиена....