Пробав различни. Вит ми беа ужас. Се нафрлав, црвенила цела недела имав. А пробав различни. Ама никако не ми годеа. Стреп розевите ми беа совршениии, и нормално ги повлекоа од продажба. Новите црните со арганово масло се добри, но не исто како розевите. Ни црвенило ни ништо немав. Ги користев и на Афродита и не ми ги вадеа сите влакна, преслаби беа некако. И силк ги користев, океј, најверојатно ќе продолжев нив да ги користам ако не ги пробав Балеа. Моментално ми се супер, имам црвенило, но брзо ми поминува, но најбитно ги вади супер влакната и не останува восок.
Здраво девојки, овде сум да ви укажам на еден проблем кој настанува при депилирање со ленти или депилатор. Станува збор за поткожните влакна, почнав да се соочувам со овој проблем одкако користам ленти и депилатор. Точно е тоа дека кожата е помазна и неколку недели сте ослободени од влакната, меѓутоа во споредба со поткожните влакна не вреди да се ризикува. Одкако согледав дека поткожните влакна се многу сериозен проблем, почнав секој ден да правам по еден третман (еден ден пилинг со шеќер, друг ден содабикарбона, секој ден бекутан масло, хидроциклин итн.) Инаку и предходно правев третмани но секој ден. Повеќе од две недели нема резултати па затоа ги вадам со игла, претходно исчистена со алкохол, за да не дојде до инфекција. Знам дека е ризичен потег, меѓутоа не сум ниту да го оставам тоа +1цм влакно во кожата, ниту да носам рана или црвенило од игла. Можеби сите го немаат овој проблем, но сакам да укажам пред некој друг да се соочи со овој проблем. Како што сум информирана, единствено со шеќерната депилација не настануваат поткожни влакна бидејќи таа се нанесува спротивно на растот на влакната, а се отстрануваат во правец на растот на влакната, при што влакната се вадат од корен. Додека кај останатите депилации е обратно и влакнто се кине, станува потенко и неможе да ја продупчи кожата. Се надевам дека ова ќе му помогне на некого, поздрав ))
Дали ги имате користено лентите на афродита или елеа и дали сте задоволни од нив ? Сакам да сменам малку цело време ги користам вит и се океј не се нешто посебни за таа цена. Инаку ми се за надусници, веѓи и нозе. Се мислам и помеѓу црните на стреп.
Ako mene licno me prasas za depilacija so lenti jas ke ti kazam ne i ke ti preporacam da si kupis rolon vosok zolt go se prodava vo kozmeticki saloni jas sum od stip i ovde go kupuvam 80 den... Lenti isto taka kupuvam 200 lenti za 180 den a so dve lenti si ja depiliram cela edna noga.. Voskot e prekrasen se stava samo vo topla voda 5-10 min i toa e toa do sea ne se mi izlegle nitu potkozni vlakna nitu nisto , mnogu e korisen i dobar ( barem na mene mi e ) ...
Zdravo zenski Gi ima li nekoja od vas negde videno strep rozevite lenti za depiliranje,ili mozebi znae nekoj od kade moze da se poracaat. Ocajna sum po niv,podobri lenti za depiliranje od niv za mene nema,ovie novive so aroganovo maslo za nigde mi se nisto ne vadi od koren samo potkinuva pozz
Јас порано се депилирав со ленти, сега се депилирам со депилатор и можам да кажам дека барем мене лично со депилатор ми е поболно, отколку со ленти. Со ленти може да те боли првиот пат ама после кожата се навикнува и болката е се помала и помала, ем се истенчуваат влакната.
Со какви ленти се депилираш? Јас си земам од вит, ги има на парче по аптеките. Со нив си го депилирам и лицето и сум немала никакви проблеми. Првите неколку пати осеќав некоја минимална болка, сега скоро никаква. Додека депилаторот многу ме штипе посебно на помеките места на рацете тоест од вените нагоре, не знам може има разлика од депилатор до депилатор.
Сакам да го депилирам телото(целосно нозете)со ленти бидејќи како ги бричам се повеќе се згуснуваат доколку со корнење се ретчат и многу е поубаво.Правев шеќерна паста ми успеа да ја погодам се и да се издепилирам по нозе,но верувајте голем гарамет е лом се напраив цела се излепив и два дена се мачев Во потрага сум по ленти.Да ми препорачавте некои што се добри?
Veet се дoбри aмa скaпo кoштaaт зa целo телo. Пoдoбрo земи си вoсoк плус ленти. Имa вo дм ефтини и убaви се, сум кoристелa.
Здраво. Дали би можело ленти од веет за тело што се големите да се исечат и да се користат за надусници може или не?