Ве молам нека ме просветли некој. Сакав за прв пат да издепилирам надусници со Вит лента, ја исеков, загреав, ја залепив, и кога тргнав да ја извадам цел восок ми остана на лицето. Јас ли правам нешто погрешно или? Да не треба да ја оставам лентата на лице додека се стврдне восокот пак? Се изнамачив, си ја изиритирав кожата за џабе. Ве молам за одговор.
Тие наа Вит се такви. Тешки останува восок на лице. Подобро земи на балеа. Или пак пробај притисни ја лентата малку кога ја лепиш и повлечи нагло. Меѓутоа пак ќе кажам на Балеа се подобри.
Ее ти благодарам. Да земам посебни за лице или можам и тие за тело да ги користам од Балеа, за надусници?
Нема разлика помеѓу тие за лице и тело, ги имам користено и двата типа на ленти. Поисплатлива варијанта е да си земеш пакување со ленти за тело и да си ги исечеш на мали парчиња, па да ги користиш за надусници. Јас така правам и многу подолго ми траат од овие другиве.
Мене па никогаш не ми останува восок на лице, а Вит користам цело време. Загревам, лепам, протривам горе на лентата откако ќе ја залепам , оставам нецела минутка, ја затегнувам кожата и влечам од вилица према горе.
Јас мислам дека не си ја држела кожата убаво. Мене ми останува восок ако не ми е убаво „растегната“ кожата што ја депилирам, без разлика на лентите. А, и како ја грееше лентата? Ако си ја прегреала, можно е восокот да бил претопол, тогаш се лепи не кожата и не ги вади влакната убаво. Доволно е само да ја протриеш лентата меѓу раце пред да ја ставиш, лепиш, минеш со прсти 5-6 пати, тегнеш со една рака на образот надоле, со другата лентата нагоре.
Само со раце така ја згреав. Ама не дека малку восок ми остана, туку цел восок од лентите ми се префрли на кожата, после со истата лентичка со другата страна пробував да го соберам, се испошлапав со восок цела Ќе пробам и со други ленти па се надевам дека ќе ми се погодат. Ви благодарам на мислењата девојки. А и уште ова, како го третирате лицето после тоа за да се намали црвенилото?
https://kupinapopust.mk/deal/index/...pilaciјa-gratis-depilaciјa-na-nadusnici-13280 Nekoj slusnal za vakva depilacija, bil?
Се депилирам со Veet на надусници и ми искачаат како бубулици како да не се деси ова.Порано немав ваква мака сега втор пат по ред се случува и се нервирам.
Феминке имав и ја таков проблем со Вит изгледа премногу се лепи восокот одошто треба. Смени ги, земи си на Балеа и мирна глава.
Мене од сите ленти и од секаков восок ми излегуваат бубулици на надусниците, без разлика дали се депилирам сама или на козметичар. Чаре - не знам. Ставам бебешка пудра и алое вера гел за да се смири црвенилото, ама бубулиците ретко кога ме одминале. Поминуваат за ден-два, ама многу се досадни.
Bas zatoa sto mackas toa tibse pravat. Moj recept da se odbegnat e, samo brisenje so maslenite maramici da se izvadi gelot i 24h nisto na lice mackanje. Ni krem, ni pudra ni bilo sto drugo
Не верувам дека е така кај мене, зашто ако останам само на марамиците, црвенилото ми останува неколку денови и знае ептен да се воспали местото. Шминка секако не ставам, се прилагодувам, ама бубулици не ме одминуваат повторно, макар била една, секако испаѓаат. Општо восок не ми прија воопшто никаде на телово, само шеќерна депилација, а да ја "кувам" толку време само за надусници би било ужас.
Моментално имам Силк, најдобри ми се покажаа, најмалку бубулици ми прават. Вит, Балеа, Викторија, сите ми беа за никаде.
Совет. Гледам ги препорачувате на балеа меѓутоа исто така зборувате за тие за тело да ги користите на надусници. Прашањето ми е дали да одам на тие за интимна зона или надусници или па скроз генералните за тело? Прв пат сама ќе депилирам надусници и не сакам да зезнам нешто.
Ако се депилираш прв пат, земи од оние што се баш за надусници. Ќе си фатиш рутина, па после земи си какви сакаш. На почеток битно е да го „извежбаш“ вадењето само.