Јас користам Like Me ленти. Задоволна сум од нив. Во цела кутија има 20 ленти големи и 20 мали за лице. Користев Veet ама кожата си ја лупев од нив и ми се појавуваа бубулици. Од другиве немам мака. Црвенилото ми поминува за кратко време.
Кои ленти би ги препорачале за депилирање на надусници на чуствителна кожа? Сум ги пробала вит, силк, лалин и сите се исти премногу црвенило ми се јавува. Дури и кожата ми е пречуствителна неколку дена.
Не знам да ти препорачам ленти за чуствителна кожа, но имам еден совет. Штом од сите ленти ти се јавува јако црвенило, пробај да ја затегнеш добро кожата пред да ја повлечеш лентата и да влечеш ( раката да ти биде) што поблиску до лентата, односно да влечеш во правец на лентата, а не нагоре. ( се надевам добро објаснив).
Сум пробала восочни ленти, делумно се вадат влакната, обавезно нешто останува, така да не е идеален начин за депилација.
Има ли Veet ленти за депилација во аптека? И колку пари се? Споделете некаков совет како за прв пат да ги издепилирам надусниците, бидејќи ми се огромен проблем, почнаа да ми растат многу густи влакна кои многу се приметуваат..
Здраво девојки,се одлучив утре да купам ленти за депилација,па прво да се распрашам што како се..Дали се продаваат една по една и по колку пари се така и што како треба да се одвива депилирањето во домашни услови,прв пат ке се депилирам и тоа на рацете,па ако може да ми објаснете.И според вас кои се најдобри ленти??
Најдобри мене ми се weet, се продаваат посебно и една е околу 20тина ден, не ми текнува баш колку беше точно.
Вака, значи за една недела треба да се сликам за полуматура, но веѓите досега никогаш не сум ги чупала така да сега секако дека ќе мора. Ќе одам кај мојата козметичарка да ми ги среди, она со восок ги вади. Е сега моиве веѓи се никакви, значи немаат никаква форма и ми е страв на крај да не испаднат убаво. Козметичарката ќе ми ги среди секако ама штознам, некако страв ми е. Дали многу боли? Пошто досега не сум се депилирала со восок.
Нема зошто да ти е страв, козметичарка е сигурно знае како треба. Ќе ти ги среди и ќе ти даде форма. Минлива и мала болка е, ништо страшно.
Здраво на сите! Јас веќе 5 месеци одам на депилација со ленти, многу сум задоволна како почнаа да ми се проретчуваат влакната, само имам еден проблем. Од колената надолу, влакната ми растат 50-50. Правам пилинг 3 пати во неделата. Едни растат нормално, другите воопшто и не излегуваат, а нозете гребат исто како втор ден бричење. Дали некој може да ми препорача нешто да користам, како би можела да ги изедначам. Ви благодарам
Девојки надусници депилирам веке може 10 год со вит ленти и немав проблем Пред некој ден земав од дм ленти но внатре се бели не како што земав розеви Восокот е бел, уште на потеглувањето на лентата осетив печење Знам што да очекувам но не до толку, цела сум црвена и флеки како изгорена Дали јас згрешив незнам но не ми е прв пат Што да ставам да ми помине премногу ме пече,како ке излезам од дома незнам
За тело лентите од Кам на Лалин се нереални. Ептен пристапна цена имаат дали 200 денари се, а вадат се од корен. Јас поготово имам меки влакна и проблем имам со лентите, слаб е восокот или не може добро да се ивади, ама овие се одлични. Поготово за тие пари.
И јас истото ќе ти го кажам за да одиш во салон. Јас се мачев дома и после отидов во салон и сфатив дека не вреди дома. Засега немам фатено болест хахахаха. А нема некој со поголема гадливост од мене