Хмм..и јас сега сакам да пробам со лентите на Veet. Најлошо од се е што сама треба да се издепилирам. Страв ми е да не ме боли па да останам со полудепилирани нозе
Мене лентите на Вит ич не ми се погодија. Кај не вадат се убаво, треба 100 пати да поминеш, па и малку ги има бре. 10 парчиња ама на мала површина има восок. А да не збориме колку им е набиена цената, мислиш прав од дијаманти има во тоа восокот За со ленти мене ми се погодија на времето, повеќе оние од Галафарм, ем се посефтини, ем поубаво вадат и се поголеми
Јас случајно си купив едни бугарски и се погодија . Лесно се издепилирав, а што е најважно, долго ми траеше депилираното. Се викаа некако на Е мислам, ако знае некој, нека ме надополни.
Се сложувам со тебе! Ја правев со истите ленти една моја другарка и на некои места несакаа влакната да се извадат Се зезнав што ги купив! Во паковката има ленти за едно депилирање(ако сакаш убаво да се издепилираш) и цената е 250 ден. исто колку што чини депилирање со топол восок на козметичар.
Гледам воглавно сите си имаме трауми од Вит XD Еднаш имам пробано нозе да депилирам со ленти...фијаско живо. Сите нерви ги искинав и џабе дадов 250 денари за цело паковање ленти - ни до пола нозете не ги средив. Лентите на Силк ги користам понегогаш за лице и во споредба со Вит топ се Последно со нив го фатив цело лице, ни брунче ми излезе, ни влакно ми промакна
Jaс ги користа лентите на веет и навистина не се добри а посебн за на лице кога се депилирам над усните мора секогаш да ми остани по некоја лузна со која потоа тешко се справувам,за ова и кажав на козметичарката моја и таа ми рече дека веет не се добри за на лице бидеќи биле многу силни....
Имам земено и си фрлив парите до пола средена Veet имав земено,а ги користам Силк лентите за надусници има доволно и подолго траат
Мене силк ми с е подобри од веет лентите...веет користам само за надусници...инаку никогаш неможам сама да се средам со лентите,ќе се испомачкам цела со восокот и ќе ги потрошам само за пола нозе сите ленти а за нагоре-нема со депилатор мене ич не ме боли,а и многу повеќе се изретчуваат со него...сепак со депилатор ни недела не ми траат одма ми раснат,ама барем не се остри како со бричење....депилација во салон е најдобро-ама не секогаш имам пари,зашто кога се депилирам сакам да средам се-и нозе,раце,стомак,интима....
Нозете само со ленти на Силк ги депилирам и супер е секогаш. Прво лентата ќе ја држам над тока малку да се стопли а не восокот да остане само на едната страна од лентата, тоа трае неколку секунди, и откако лентата ќе се стопли ја одделувам и додека восокот на неа е сеуште топол веднаш ја лепам на ногата , убаво стискам да фати на нога и тргам секако во спротивен правец од растот на влакната. Се средувам за 10 минути и помалку! Пробајте, а можда ми успева зошто јас немам многу влакна на нозете (наследно хаха) и ги депилирам само од колена надолу, нагоре немам што да депилирам... а и никогаш не сум ставила брич на нога зошто ми беше страв дека ќе почнат да ми растат и кај што немам, па така сега ми се уште повеќе изретчени.
А да не претеруваат со цените на Вит лентите !? Мене искрено, не ми стигаат сите ленти од целото кутивче за да се средам целосно, a не сум некоја ептен влакнеста. Убави се, убаво мирисаат, не ме боли депилацијата бидејќи се навикнав, ама малку се бре. А и восокот нит со греење нит со ништо, секогаш ми останува само на едната лента. И баш секогаш си останувам со една нога или рака неиздепилирана. Само миризливите крпчиња им вредат. Се откажувам од нив, дефинитивно. Сега во план сум да пробам со Силк. Восокот беше спакуван во ролонче, или грешка сум? И вадат се' или да си барам друго чаре, пошто некои ми се жалеа дека демек не им ваделе се'.
Мишела јас кај што одам на депилација со тој Рол-он депилираат. Искрено не ме боли многу а и ептен ми се изретчени влакната а и се се вади
Го депилирате ли вашето лице? Не знам каде да го поставам прашањево пошто ми беше избришано од општи прашања ( нешто потоа прочитав дека се бришат прашањата ако не се поставени на соодветно место, извинете нова сум). Дечки што користите за да го остраните восокот што останува на телото после депилација со ленти ( ако немате влажно марамче кое го даваат со лентите ). Некоја девојка имаше напишано со влажно марамче, ама не ми излегува. Што да ставам?
Го депилирате ли вашето лице? Масло за тело или маслено марамче, оние во вит пакувањаа што ги даваат.
Го депилирате ли вашето лице? Фала. А може да се употреби маслиново масло? Затоа што масло за тело и не купувам, мала сум...
Јас од Силк не сум воопшто задоволна. Последниот пат се измачив со нив и пак не ми извадија се. Вит се каде-каде подобри, поскапи се ама вреди. А за тоа што восокот ти останува само на едната лента-јас ги тријам меѓу дланките и така восокот ми останува и на двете ленти.