Јас пак воопшто не сум задоволна од Вит. Скоро е безболно, тоа да, ама не ги вади убаво од корен, за помалку од две недели пак почнуваат да растат и не се ни ретчат. Тоа што не стигнува за една употреба и покрај цената е друг проблем Овие мислам дека се попогодни едино за лице (само тука јас немам некоја потреба) Мене Силк ми се сто пати подобри. Вистина, малку повеќе боли, ама месец и пол сум раат со нив. Башка тоа што се ефтини. И ретчат... За раце и нозе поготово, во споредба со Вит, овие се идеални. Барем за мене.
Лентите ги користам за депилирање на надусните. Воопшто не сум задоволна од Силк лентите, од причина што пред употреба ги загревав со фен и секогаш восокот ми остануваше на едната страна од лентата што значи морав да земам нова па ако имав среќа ќе ми се поделеше подеднакво од двете страни Моментално ги користам Вит лентите, каде каде поквалитетно се од Силк, но жа жал цената им е премногу голема, а малку ленти имаат. Останатиот дел за депилириње (рацете, нозете) го поминувам со депилатор.
лентите ги користам само за веѓите,за друго баш и не се нешто ,користам само на вит ,ама само на веѓи,затоа што ми излегваат подкожни влакна
SILK лентите загревај ги над тока од шпорет многу лесно и брзо и едноставно, фенот секако не ти брка работа. Над шпорет одма омекнува лентата и исправи ја вертикално пред да ја одлепуваш, топлината ќе мава врз неа и полека одлепувај . Рамномерно останува восокот на двете страни и веднаш лепи на нога или каде се депилираш додека восокот е топол. После си знаеш! Јас сум многу задоволна за Силк за нозете! За на лице мене ми се јаки и ми излегуваат мозолчиња. А за нозе се ТОП! Поздравче!
Не знам, можеби кај секоја е различно, ама јас си го најдов лекот и спасот. Си купив од восокот во рол-он, оној Силк, ма да мене повеќе ми личи на шеќерна паста по мирисот. Како и да е, презадоволна сум, затоа што верувајте, не ме ни боли кога ја тегнам лентата (оние од тој чудниот материјал што ги има внатре во пакувањето), а ми вадат се' од корен и еве две недели мазно џоа поледица. А друга работа е тоа пак што начинот на нанесување ми е ептен интересен, па и не го сфаќам толку трауматично депилирањето, како што беше случајот со Вит лентите, кои буквално ми ја корнеа кожата и молев Бога да не си ја најдам некогаш на самата лента.
Последен пат се издепилирав пред нова година со силк лентите на галафарм,и тек сега почнуваат да ми растат влакненца. Цел еден месец си поминав раат без влакна и корнење.Ептен сум задоволна од нив
Да прашам...Пред околу 2 часа ги депилирав надусниците со силк лента,ама сега многу ме боли тој дел каде што сум депилирана и уште ми се знае како бледо црвено.Обично ми поминува за саат време,сега многу се задржа.Можно ли е да сум претерала со тегнење на кожата?Што да ставам да помине?
Веројатно ти се иритирала кожата. Ако имаш кантарионово масло стави малку на памукче и мачкај, ќе се повлече црвенилото. Бебешка пудра исто помага, ама најефективно ти е со масло некое, или пак со чај од камилица (оладен) мислам дека ќе ја смири иритацијата.
Јас се депилирам со ленти на мустаките само и секој пат ми црвенее,ме пецка и по малку крв ми потекува но си ставам после крем така не измачкан да ми постои малце и престанува да ме пецка..
Јас стално се депилирам со ленти на интимниот дел, нозете си ги депелирам со електричен депилатор и задоволна сум, немам многу поткожни влакна ни од едното ни од другото, тука таму некое но нормално е. Болки не чувствувам којзнае какви, може дека сум навикната веќе пошто со години се депелирам и влакната ми се ем многу изретчени ем многу меки. Поднослива, нормална болка ми е.
девоки имам едно прашање ... дали боло депилацијата на интимните делови премногу.. земајќи го во обзир тоа што предходно тоа го правев во брич но веќе не сакам така сакам да сменам ..
Јас сум многу против депилација со брич , на интимните делови. Како прво, влакненцата стануваат поцврсти и ги има повеќе одколку со ленти. Не е толку болно, но сепак се чувствува болка првите неколку пати. Има по аптеките ленти, само за интимна депилација па ти ги препорачувам
Издржлива е болката, јас порано користев брич а сега исклучиво ленти или топол восок за интимните делови. Нормално е малку повеќе да боли првите неколку пати, но после тоа ќе се навикнеш и ќе ти стане рутина. Ништо страшно. Многу подобра варијанта ти е да одиш на козметичар и таму да те средат.
Девојки, да ве прашам, мене многу ми пречи кога ќе видам дека ми подраснуваат влакненца на надусницата и многу почесто со пинцета си ги вадам, затоа што ретко имам нерви да ги чекам да пораснат за да ги депилирам со ленти..да не знае некоја да има некое помало апаратче за депилација специјално за лице?
Извинете за оф топик, ама да не сака некој целосна депилација со ленти (цели нозе, раце, интимна, надусници, веѓи, стомак и грб) за 600 денари? По грешка земав 2 ваучери од колектива, па не знам што да му правам на другиот, понудата трае до 5 април. Ако има некој заинтересиран ЛП.
Откако шеќерната депилација не ми успеа и покрај преубавото објаснување на Дивајнбатерфлај во лп , се мислам за ленти ..поточно за бикини зоната гледав некои на веет (145 денари беа) дали некој ги има користено или би можеле да ми препорачате некои други ленти за интимата. друго прашање е дали многу боли? не сум користела до сега