Јас се имам депилирано и со Веет и со Силк,ама мислам дека Веет се подобри сега малку се поскапи ама па подобри се.
Се имам депилирано неколку пати со ленти, со Вит повеќе пати, и еднашка со Силк. Мене Вит ми се каде, каде подобри, 20 - 25 денари е парче, мене 5 ми се доста за пола нозе, еднаш ставам кога ќе извадам едно влакно нема, и повеќе пати може една лента да се користи, а и кога ќе ја раздвоиш ко 2 ленти ти доаѓаат фактички. Со Силк се изнамучив, ко мајмун останав кај депилирана, кај не, затоа депилирање со ленти - само Вит (според мене).Башка ти даваат и такво марамче мрсничко за после да не се лепиш. И надусници само со Вит депилирам, а и немам пробано со други.
Спојлер Мислам дека сум пишала на темава, ама ајј... За нозе-со ленти порано со Вит, сега не знам, некако не се како што беа порано, не лепат, восокот само на едната страна го имаше, не знам.. Сум пробала и едни ленти на орифлем, не знам како се викаа, ама доста беа ефективни, како што пишуваше на кутијата-повеќе пати ако ја користиш, пак ќе лепи. Само што беа скапи, само 8 ленти, некаде... речиси 300 денари беа мислам.. Еј да, пробав интимата со тие лентите, ќе полудев од болка, само малку ја повлеков лентата и ... незаборавна болка, ја отстранив полека и се обидував со топла вода да го измијам восокот, не се вадеше, маки... кога само ќе се сетам.. Но затоа за надусници, со вит ми е најдобро.
Ленти за депилација користам само за надусниците и не гледам некоја разлика кај лентите од СИЛК и од ВЕТ. Се знае кад-тад бркови ќе нема Мојата прва депилација ми беше со ленти на нозете и доста ми беше болна тогаш дека тазе Битно е сега гајле си немам
Каде можам да најдам, ако воопшто има, мрсни марамчиња како во пакувањата на Veet? Не ми стигнуваат само пет.
Вит лентите најмногу ми се погодени, барем мене. Само треба добро да се стоплат и протријат со дланките пред употреба за восокот да биде еднаков и на двете лентички (кога се подели на 2 нели) и за да не останува на кожатa туку да си остане на хартијата. Мора топло и нема утка. После депилација ако немам мрсни марамчиња, ако ми се веќе потрошени, го вадам останатиот восок со павловичева маст.
Да прашам нешто.. Од немајшто пробав Депилирање со ленти.. Не болеше толку..ама сега ми излезе едно како виолетово пликче(не е надигнато) од тегнење....незнам како да објаснам.. Што да му правам ?? ?? ?? Ќе помине ли ?
Не подолги од сантиметар, ама не ни многу кратки. Треба да се доволно израснати за да можат да се извадат со лентата.
Мислиш дека до 2-3 недели ќе се задржи ?? Кој знае нека ми пише..што можам да ставам па да се ублажи малку..или пак побрзо да помине.
Јас еднаш си ги правев веѓите со ленти и исто ми излезе нешто како модрица, ама ептен минијатурно зошто потегнав малце повеќе па уз влакната отиде и малце кожа. hock: А ти не знам кај си се депилирала, другарка моја се депилираше на нозете и не ја извадила правилно лентата, исто и излезе модрица на подколеницата. Изгледа ти е од што ти биле позастарени лентите, друго не знам зашто. Стави бебешка пудра на местото, или од тие мастите за изгореници и повреди и не би требало да имаш компликации.
Добро тогаш.Ти благодарам.Еднаш ставив бебешка пудра.Ама не помина. веќе 3 ден е тука. Паа..не е толку големо а не е ни мало.На средина има нешто како белко (ама не е надигнато) Ај ќе почекам уште 5-6 дена.Инаку за 1 недела сум на одмор незнам што ќе правам..
Мене некако не ми се баш исплатливи лентите низ каталозите како Орифлејм, Авон итн. Дури и Вит лентите ми се скапички, па се преценуваат, небаре златни се ! Од сите досегашни користени, Силк ми се убедливо најдобри.
Што мислите за веет лентите за под пазуви и за бикини зоната?Какви се ? До колку време не растат влакната