За под пазуви не би ти препорачала да си играш со ленти. За бикини зоната, па и за интима се супер, ма да мене лично ми се прејаки овие ленти, ама тоа си влече друга тема.
Пред малку се издепелирав со ленти, се средив. AMA, дел од лепилото ми остана на кожата и НЕ СЕ ВАДИ!!! Пробав со топла вода и купка, крем.... но не излегува! помош? ве молам!!! итно е!! утре одам на плажа а цела лепам!
Нелим со лентите одат едни како мрсни марамчина па со нив се остранува тоа што ти останало од лентите.
Мене ми се супер Силк лентите, ми ги вадат сите влакненца комплет, иако често останува восок по кожата, ама го вадам со чичково, ореово или какво било масло што ми се наоѓа по дома. Малку ме нервира тоа што самата лента е поширока, ама ја сечам на половина по должина и добивам 40 ленти.
Утре ќе си купам, а бадемово масло имам дома така да нема да ми биде проблем да го извадам восокот. Кога се правев со Вит лентите не ми стигнаа, се надевам со овие таков проблем нема да имам
Се кладам дека не постојат подобри ленти за депилирање надусници од Strep. Значи ни Вит, ни Силк, ни цера ди купра ништо, само сум се мачела, сум ги кинела влакненцата, сум си ја потфаќала и кожата, сум трошела по 2 лентички за надусници зашто не ваделе, сум се правела лом со восокот, па одвај сум го вадела. Сум се тешела дека Силк се најдобри, а и те како сум грешела. Стреп со пола лента за надусници си цаком паком, со само едно поминување. Воодушевена сум најсериозно од лентиве!
^ Роси, каде можат да се најдат овие ленти и колку чинат отприлика? ЕДИТ: Ги правам надуснициве со ленти од Вит, и секогаш ми се прават црнки околу устава. Да не знае некоја некое чаре за да не ми се прават? Ги стегам ама тука ми е осетлива кожата многу, одма ми се прават линии.
^ Јас ги купувам во Веро, претпоставувам ги има и во аптека. Пакетче за лице(надусници) е 100 денари, за тело лентите околу 200 се мислам.
Девојчиња, овие лентиве што ги фалите, од калибарот на Veet се, мислам толкави се на широчина или пак како тие Силк се (поширочки) ? Онака ме интересира, јас обично со Силк се депилирам зашто Veet ми се малку (а искрено и скапи ми се), а тие Силк таман ми доаѓаат за двa пати само за нозе. Овие ми фатија око, ако ги најдам ќе ги земам. Во последно време само ленти за депилација купувам - де вакви, де такви, мислам ако дом'кнам од некаде уште некоја кутија и мајка ми ќе ме исели од дома.
Има и од тие за надусници и има големи како за нозе. Значи јас пробав од овие за надусници и сум презадоволна, вајда одлични се и тие за нозе. А моите се од Тинекс, а видов сеа дека и во Кам маркет ги има. Има и крема таа беше на промоција 115 денари во Кам. А лентиве не ги загледав за цена, ама вајда поефтини се во Кам него во Веро рецимо
Епа, батко Ѓорѓија мораше да провери и си ја купив кремата за депилација за 86 денари од Тинекс. Сега ќе депилирам раце, па ќе пишам дали чини или не.
Јас надуснициве ги депилирам со Veet,и некогаш ич не ми ги ваѓаат молкни тегни џабе ти е. Сега последно ги извадив со Силк,и еве гледам потрајни се.Малце ме пецкаше после ваѓање али добро е.А и ми мирисаа малку. Е сега се мислам нозеве со кој да ги издепилирам со Veet или Силк,или пак ако можам да најдам во гратчево наше од овие Strep? Што мислит кој се подобри Veet или Силк?
Не знам за други ама од лично искуство Силк се подобри. Со Вит се напраив еднаш и никогаш веќе. 3 дена нозете ми беа црвени и ме чешаа ненормално. Од Силкот досега не ми излегло црвенило
си земав ленти за депилирање Вит розеви и не успеав како што треба да се издепилирам до мене ли е, до лентите ли е, до влакната ли е не знам. Ја тегнев лентата во обратен правец од растот на влакната и не ми ги вадеше сите Голем дел од восокот остануваше на телото и едно место мораше да го поминам 2-3 пати. Дали можеби е така оти ми беа така кратки влакната или нема врска?