^ Не е до тебе, тоа Вит сакати се. Првиот (и последен пат) кога земав со нив да се депилирам за две нозе цело пакување одвај ми стигна и не се вадеа убаво влакната. Не знам што толку извикани се ама квалитет 0. Па и најскапи од сите се...
Девојчиња, а ги греевте претходно лентите ? И мене Вит ми се тотална катастрофа во однос на сите други, ама имав неколку останато и ми беше жал да ги фрлам. Ги загреав со запалка (од далеку, мислам ме разбирате) , се подрастопи восокот и супер ми вадеа, дури и подобро од претходно кога онака само ги триев меѓу рацете. Ама сепак не би ги купила повторно. Засега им останувам верна на Силк.
Јас веќе со ленти ЈОК. до сега никогаш сум немала проблем со поткожни влакна. Сега кога никнаа, сите сите до една поткожни беа.
По глупави ленти од Силк, нема ни да постојат. Како може да ги споредите Вит и Силк? Прво, Вит ненормално ги вадат влакната додека Силк, пола на кожа ти останува и тоа грд восок кој едвај се вади и грдо мириса. Мене со Вит ми се изретчија и тоа доста влакната, а притоа излегуваат од корен, а со Силк, само рани си направив.
^ Па ќе си осетиш на рацете, кога ќе ја триеш лентата, ќе се затопли и ќе почувствуваш дека восокот е опуштен. Ако ги правиш со запалка, ќе се стопли ептен и ќе се свитка самата лента. Лесно се приметува. Сепак со додатна топлина е уште поубаво. Барем за мене. И многу полесно ми излегуваат влакненцата, а така кога ги тријам меѓу рацете скоро ич не вадат. Епа Ричи, секој со своето искуство. И не знам зошто да не ги споредувам - ленти се, какви - такви. Да споредував брич со ленти, или шеќерна со восок ајде, ама вака. А Вит ако ненормално ги вади влакнава, да си каснам од умот мој. И нема врска лентите на крај краева, битна е тактиката на вадење на лентата, сум го приметила и тоа, ама сепак не го менам мислењето дека на Вит името повеќе им вреди отколку квалитетот - преценети се, тоа е факт.
^ па тоа ти е како да споредуваш nike патики со обични кинески патики Мишела, барем според мене! Не знам зошто превртувате очи веднаш, ако ти се допаѓаат користи ги ама за квалитет не се мерат. И Вит лентите нема потреба да ги загревате само протријте со рака, со дланките може да се стоплат, а Силк ако не ја постигнеш саканата температура, со среќа со вадењето после. П.С Прво велиш секој со своето искуство, а со вторава реченица се побиваш самата себе. Јас од ИСКУСТВО кажав дека ми ги вади влакната ненормално. Зошто сакате да паметувате и со доза на иронија да се обраќате секогаш? Зарем ве гуши нешто да се обраќате помалку саркастично и по благо кога одговарате или овде на форумов тоа е шема? Немам зборови.
Лесно се вади со бадемово/чичково, било какво масло од оние кои ги користам за коса, па и со вата натопена во млеко за тело. Јас кажав дека овие без да ги загреам не можам да замислам да ги користам, затоа и имам многу негативно мислење за истиве, а со другиве немам потреба од загревање, само внимавам при тегнењето за да не остане восок, како што спомна и ти претходно. И ретко останува ако правилно се потегне. И не, не бев ниту иронична, ниту саркастична, до душа - не ни имав намера, а ти ако тоа така си го сфатила, ондак нека ти е - jас сепак си стојам зад тоа што го напишав во врска со моето искуство. А кој/а какви сака, такви нека користи - мене овие ми се поквалитетни и тие ќе си ги користам.
Јас имам топлка за восок за патрони. Страшно добра работа. Сама си одржува температура. Си земам и патрони, и харитијата си ја сечам. Таман. Многу поефтино ми излегува од силк, а да не зборувам за вит. Плус восокот е како за професионални, плус и хартијата, така да, нема промашување.
Малку глупо е,ама да прашам.... Денес зедов ваква лента од Зегин за надусните,ама е големо.Треба да сечам еден дел или? И дали кожата треба да биде сува или влажна?
Мене лично овие ми се многу јаки, посебно зад надусници. Ама ако си решила, сецни еден дел, протриј го меѓу раце и на работа на труд. Кожата треба да ти биде сува, без креми или слични работи.
^Епа пробај уште еднаш и уште два пати ако треба После стави бебешка пудра за да не ти излегуваат мозолчиња.
Восокот што ви останува на телото, ако немате доволно мрсни марамчиња што се наоѓаат во лентите, тогаш ставете си бебешка пудра и ќе се отстрани.
Овие ја лани ги купив,ужасни ми се,НАЈУЖАСНИ,скоро ништо не вадат и мн восок останува.Иначе што си купив пред некој месец едни за повеќекратна употерба,негде 200денари беа и можат и по 20 може и повеќе пати да се употребуваат и све вадат без проблем
Дали знае некој дали ова првово Numb-er го има кај нас во продавници? Вика дека ја отрпнува кожата кога се депилираш и нема болка...Ако кај нас се продава спас е...http://www.cosmopolitan.com/hairstyles-beauty/skin-care-makeup/hair-removal-options#slide-1
Планирам да ги купам, не планирам туку сигурно ке ги купам ама не ми е јасна постапката бе, никогаш се немам депилирано со ленти. Како ке влечам во спротивен правец на надусници? Од лево на десно, од десно на лево, од горе надоле и обратно? Како? Извинете ама ова за мене е шпанско село, па ако може некој да ме просветли
Во последно време не можам да ги најдам лентиве.Нема каде не ги барав. По сите аптеки,Веро,Тинекс,Космо,Дм и никаде ги нема. Знае некој што е работата и дали воопшто ќе ги донесат? ^Ја поставуваш лентата и влечеш во правец обратен од растот на влакната.Ако има потреба повтори ја постапката. На крај помини го местото со кремче или тие марамиците што одат во пакет со лентите,за да се исчисти восокот што останал на кожата.
Баш ги видов пред некој ден и се мислев дали да ги земам оти си користам Вит. Така еднаш тие Силк ги земав и се заебав. Ама штом викате дека се добри ќе ги испробам.