Не се депилирам со ленти. Еднаш пробав да се депилирам со ленти Силк и не можев да издржам. Многу ме болеше. Искористив само една лента. Другите и ги дадов на сестра ми.
Ја дојдов да ги пофалам лентите на Strep Значи пре пре предобри се, баш вчера се депилирав и ни црвенило ми се појави после то, ни ништо Јас го депилирав мустакот и тоа со големите ленти за тело што се, само си секов колку што ми требаше. Ги имате во Кам маркет, за 180 ден и каде каде се подобри од катастрофата наречена Veet
И јас си купив ленити на Strep и утре планирам да се депилирам па да видиме како ќе биде, дали ќе се исплати Инаку јас ги купив од Гр.од аптека 7 евра, 20 ленти
Девојки, ве замолувам некоја од вас ако може да ми каже некое место и цена за целосна депилација? Имам проблем затоа што многу се срамам, имам многу влакна.. па ме интересира дали има некој проблем како мојот?
Не ти препорачувам, подобро со восок депилирај се.Со ленти мислам дека нема да успееш (нема да ти ги вади), особено ако претходно имаш користено брич.
Јас интима и надусници депилирам со вит ленти, и сум презадоволна. Со едно тегнење излегуваат сите влакна. Сум пробала и со силк меѓутоа воопшто не бев задоволна мораше да ги загревам прво со фен па потоа да ги одлепувам. И тие силк воопшто не ми се допаѓаат тоа што се пластични . Се на се никогаш не би ги сменала вит лентите.
Користам силк ленти буквално за секаде, нозе, надусни, интима, за обликување на веѓи, стомак и сум презадоволна
Мене позитивно ме изненадија Стреп. Ги користев прв пат пред 2-3 месеци и ми беа солидни и поекономични од преценетите Вит. Од тогаш немам купено повторно зашто се средувам со рол-он, но секако би ги купила пак ако некогаш се депилирам со ленти.
А после колку време не растат ако се издепилирам со лентите на вит или стреп? си викам да почнам со ленти бидејќи неможам повеќе со кремот на вит за секои 3 дена мора да се депилирам а и грдо мириса така да си викам со ленти на нозе,или има нешто друго што би ми го препорачале а долго време да не пораснат еве да речиме на секои 2 недели да се депилирам или на една недела хм....?
Епа толку трае ефектот на мазни нозе на пример, со било кои ленти, па и со рол-он или восок, што и да е. Зависи кога како, ако си го поткинала влакното тегнејќи ја лентата, нормално дека ќе порасне побрзо, а ако си го извадила од корен, ќе немаш мака неколку недели. Мене ми се случувало да ми потрае и до 3-4 недели - навидум мазни се, а всушност веќе почнале да боцкаат влакненцата. Во секој случај со ленти е подолготраен ефектот.
Ти благодарам значи сега ќе си почнам со ленти сега за сега за да немора на секои 3 дена да се депилирам оти ќе имаме многу за учење а и досадно е на секои 3 дена
^ Лентите се од специфичен материјал, како пластифицирани и не се за подгревање зашто би се истуткале и би станале неупотребливи. Протриј ги низ раце колку да примат малку топлина и тоа е тоа. Мене ми се идеални за нозе, за препони или раце не би ги препорачала зашто мене на пример ништо не ми извадија колку што очекував. А инаку може да се користат за целото тело, секако.
Според мене е најдобро да си купиш шеќерна паста Клеопатра. Дефинитивно нема црвенила и не боли ништо. Смесата е како мастика , со едно парче се депилира цела рака.Само има обратна тактика од лентите. Шекерната паста се нанесува во спротивен смер на растот на влакненцата а се повлекува во СМЕРОТ НА НИВНИОТ РАСТ. Значи овде нема ленти и нема топлење ...вадиш смеса од кутија и се депилираш.