1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депресија заради неможност да се најде работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од lasthope, 28 август 2020.

  1. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темава за да поразговараме за проблем што некое време ме измачува.Студент сум сеуште, но многу мои познаници и колеги успеаа да најдат работа по струка, додека имам и пријатели што сеуште се дома. Инаку уште пред короната секојдневно испраќав cv за работа,гуглав, дури и на неколку интервјуа бев, каде што секогаш ми викаа-Ќе ти се јавиме, и ништо.
    Како минува времето сум се подепресивна, дури мислев да се откажам од факултетот и да запишам нешто друго.Стручно средно и факултет завршив, но не е економско или правно каде што одма се наоѓа работа, и постојано сум разочарана, а се запишав да учам со неизмерна љубов.
    Сте имале ли вакви периоди?
    Знаете ли тактики, совети,било што за како полесно да се најде работа?
    Многу сакав да работам и за себе, но е невозможно, немам ни врски, ни пари ни простор.
    Доколку сте минале низ ова секој коментар и совет ќе ми значи премногу.
     
  2. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Реалити чек - дали си од Скопје? Ако одговорот е да, имаш предност пред остатокот од младите во мк. Со магистерска имам работено и кенлерка, со педагошки факултет моментално работи една познаничка како продавачка во пекара. Работиш што ќе најдеш и ќе работиш за минималец во периферијата на мк, или како и да го викате во Скопје. Уште немаш завршено, не паничи. Ако си слободен стрелец, и си од периферијата, слободно да те нема во Скопје....или во странство. Додека можеш, снаоѓај се
     
    На mira.mira, темјанушка и GirlLove им се допаѓа ова.