1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дерматиломанија

Дискусија во 'Лице' започната од sofija014, 17 септември 2018.

  1. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    3.799
    Што е дерматиломанија?
    Дерматиломанија е состојба при која личноста чувствува потреба да ја дразни својата кожа до стадиумот на предизвикување видливи рани.

    Личноста која страда од дерматиломанија создава навика на ексесивно дразнење, чешање, копање или стискање на инаку здрава кожа. Обично ја дразнат кожата на лицето и усните, но може да биде било кој дел од телото како дланки, скалпот или рацете. Можно е да дразнат и бенки и младежи или замислени кожни проблеми кои никој друг не ги гледа. Овие дразнења на кожата може да ги прават со нокти или чупкалки. Најчесто води до ризик од инфекции и лузни.

    -Сфатив дека со години страдам од дерматиломанија. Многу е тешко да се одвикнам и не знам како да си помогнам. Најмногу го правам ова кога сум под стрес. Дали некој/а го правела истово? Како сте го надминале?

     
    На mazikeen, Briar Rose и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Во врска со усните и јас така постојано си ја лупам и си ја правам крвава, некако несвесно, обично на предавања кога ми е досадно. А опседната сум и ако видам некое делче црнка или нешто, перфекционист сум, на лице не сакам ни бубуличка да дозволам, одма стискам, тргам, а некогаш стварно нема ништо, it's all in my head. Ова ли е тоа? Не знаев дека е некаква болест или проблем. :D
     
    На buba4e89, Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @sofija014 навистина интересна тема :)

    Мислам дека овој поим има есенцијална психолошка позадина, бидејќи истиот се смета за ментално нарушување, карактеризирано со обсесивно и абнормално однесување.

    Мислам дека одредени егзогени и ендогени фактори се пресудни за да влијаат на поединецот да си нанесува штета на сопствената кожа, и најчесто лицето.

    Сум забележала доста луѓе кои ако се соочуваат со определено чувство од кое не им е пријатно, како срам, несигурност, стрес, возбуда и слично, да манифестираат одредени физички движења врз сопственото тело и лице, и на индиректен начин се поврзува со body language и facial expressions.

    Некои од овие реакции се чешање на окото, движењето на главата и очите, фаќање на косата, вртење на прстите, допирање на вратот и слично. Но одредени подрастични реакции и дразби резултираат токму со дејствијата карактеристични за дерматиломанијата, и со ова би рекла дека личноста има развиено оштетен и неправилен одговор на вакви емоции.

    Моја друга претпоставка е дека ова нарушување е поврзано со перфекционизмот, односно поединецот кој е перфекционист, од аспект на неговиот личен изглед, умствено има поставено одредени стандарди за убавина кои треба да ги има исполнето, а еден од нив е чиста, беспрекорна кожа.

    Меѓутоа, лошото настанува кога ќе се појават акни на лицето и поединецот ќе се обиде самиот нетрпеливо да ги отстрани, притоа во состојба на нерационалност бидејќи во тој момент не може да разбере дека со неговите постапки само предизвикува поголема, па дури и долготрајна штета на лицето.

    Едноставно во таа ситуација поединецот го перцепира поштетното а брзото "решение" како подобро отколку не правење ништо бидејќи кога и да се погледне во огледало чувствува незадоволство од изгледот и мисли дека не ги исполнува неговите стандарди за убавина и перфекција, та решава да ги преземе работите во свои раце, само за побрзо да го елиминира тоа чувство на незадоволство.
     
    На piglet1, lovestoneddd, sorbet и 3 други им се допаѓа ова.
  4. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @Briar Rose , многу убаво образложено (y)
    Ми се случува да се чачкам и “невидливи“ акни/црнки да си стискам, но никогаш до степен да си нанесам рани/лузни од копање по тело :shake:
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Има ли некој што се ослободил од ова? Ако воопшто има решение.
    Го имам со години веќе и навистина не знам како да си помогнам.
    Грда навика е и некогаш тонам од срам кога некој ќе ме праша зошто ми се разранети прстите.
    А ако ме праша некој зошто правам така, буквално како да ме смирува такво нешто, да се разранувам до крварење.. Чудно е знам, ама тешко е и да се објасни.
    Кој го има истиот проблем, знае.
    Ако има некој било каков совет, нека пише:hug:
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Дури сега видов дека ова нешто постоело. Не се ни сеќавам од кога имам почнато да се „копам“ по прстите, целата страна кај ноктите ми е рани. И упорно ги копам, ме боли, доаѓа и до крварење, ама не пак и пак.
    Не знаев дека имало име состојбава.