Ваљда секој со свое искуство. Одам веќе месец-скоро два и не знам што да кажам После форезите ми изгледа како да имам подобрување, но сега некако како да се враќам на исто Малку „сомнително“ ми е што скоро на сите дава иста терапија, не е можно да имаме сите ист проблем Ќе почекам уште малку, бидејќи сметам дека за нешто што го имам толку време, месец е малку за некои огромни резултати
Despinaa и јас го приметив тоа. Еве веќе 4 пати одам кај неа и гледам во мегувреме сите што доаѓаат користат Далацин Ц, една крема таму на Биодерма и прават третмани со фореза. Али времето ке покаже..
епа затоа пишав 3 год одев кај неа ...одам овој пат една крема ..др пат др крема и се така незнам колку креми испорабав на моето лице ...и само форези права...а после шо ке ти го направи цело лузни оди барај чааре ако можеш...имам пишувано погоре за неа ..ама секој како сака ..немам ништо против женава ..кој како сака
Мене ми спомена нешто како посебни третмани за лузни ќе ми правела, а пред тоа да користам Келокот? Дали сте ја користеле? Ааааааа таман после 100 год се решив да одам на дерматолог и изгледа пак утнав
користев и кеклокут и епителиле и двата се за лузни...јас кога одев до пред една година нон стоп фореза ми правеше а не бев за фореза...а какви третамни за лузни ке ти прави ...ај прашај ја како се викат можеби е вовела нешто ново?
Слично искуство имама како пресиоса.Воопшто не сум задоволна од докторката, само форези ми правеше и ништо друго.Секој пат кога идев различна крема ме тераше да купувам.Изгубено време и пари,резултат минимален скоро никаков. Има многу подобри дерматолози од неа во Скопјево
И јас се приклучувам во групата на незадоволни од др.Нина. Одев цела година и секогаш исто Далацин, Триакнел и форези, а резултати никакви. Од третманите лицето цело флеки, ми се направија и неколку мали дупчиња, па ајде Келокоут, Епителиал и форези со витамин С (демек за лузните и флеките). Парите што ги потрошив пак се друга работа. За жал само изгубено време и залудна надеж.
Престанав да одам негде од почетокот на ноември, тогаш ми правеше пак фореза. Оттогаш не сум била нигде, искрено не знам веќе што да правам, дали да земам да се откажам или да одам кај некој друг дерматолог.
Феминки и јас го имав истиот случај со др.Нина, мислев дека сум задоволна а всушност година и пол само пари за форези давав и триста креми, а ефектот беше краткотраен. Недела дена после форезата бев океј, после тоа повторно се влошуваше, а јас никогаш не бев задоволна од состојбата во која беше лицето мое. И мислам дека во моменти кога бев најразочарна се решив да појдам кај др.Коста, на препорака од феминки кои имаа позитивно искуство со него, и можам само да кажам дека човекот ми ја врати самодовербата. Со терапијата што ми ја препиша требаше да помини извесен период за да почне да има ефект, а докторот бараше од мене само трпение и навистина после неполни 2 месеца лицето ми се исчисти целосно. Сега одам само за да ги средам лузните кои ги имам од форезите, и мислам дека за некој месец и со тоа ќе завршам и конечно ќе можам да излезам надвор без пудра на лицето.
@presiosaP Имаше некаде спомнато дека сега идеш на третман за лузни со дермапен кај Д-р Коста. Како си задоволна, резултати видливи има?
да наде задовлна сум направи 3 еве сега следната недела уште 1 ....супер ми е сега лицето ....не е 100% мазно но 80% секако и задоволна сум...и ке ти кажам да не те разочарувам ама кај секој различно делува третманот ...зависи од длабочината на лузните што ги имаш..кај мене позитиво кај една моја другарка и не баш...зошто нејзните се подлабоки
Да ми препорачате асален дерматолог у Скопјево,бев кај др.Нина ама биодермата и далацин ц не ми беа баш од помош,немам проблем со хормонски акни,туку доста исфрлено ми е со ситни брунчиња и неверојатно ми е мрсна кожата.
да не излезе дека го рекламирам др коста -дерма плус ...ако саксш оди кај него јас сум задоволна ....
Истото и мене ми даде да користам, после дермоабразија и фореза. Кремава ја купив 900 денари ми се чини, и не бев задоволна од неа, немаше никаков ефект, користев други креми што се покажале многу подобри од оваа...а далацинот го користам и понатаму кога ке ми притреба.