Девојки бил некој кај Др. Сузана од државна? Кај неа имам закажано во четврток па ако може некој да ми каже мислење и да ме упати каде точно се наоѓа дерматологија во државна болница. И уште нешто колку би ме коштало доколку отидам кај Др. Анчевски за преглед, крв проверување и ако ми рече за некои дополнителни анализи?
Вака еден најискрен совет од мене, имам долгогодишно искуство со дерматолози, козметичари, препарати...што се вика само што ќе отвори уста докторот знам дали ме мафта или стварно знае како да лекува лице.....затоа само ќе ви кажам ако сакате да си го доупропастите лицето и да имате само нови и нови дупки и лузни и да фрлате пари на бескорисни креми одете и уште фалете ја Нина...
јас тоа го зборувам цело време откако 3 год одев кај нина..значи слушајте паталец ....да не пишувам пак има понагоре постови од мене....
искрено ми се повраќа ко ќе прочитам дека некој ја фали хахаха...тој со сака да оди кај неа нека не се мачи јас ќе му кажам се од предвреме со ќе му препорача Нина хахаха
Оваа Нина уствари е Николина така? Не ми е јасно како некои ја фалат а некои се жалат? Ама како што читам повеќето ја фалите. Не сум била на дерматоло.. ама сакам да закажам кај неа. Има подобар или баш таму да одам?
Девојки на мое инсистирање дека ситуацијата со лицето ми е многу влошена и дека не може да нема решение, дерматологот ме испрати кај ендокринолог, конкретно кај Др. Богоев. Дали некоја од вас има искуство со него и како сте задоволни, или ова е само за да ме распраќаат меѓусебно за повеќе пари а лицето пак ќе ми биде катастрофа?
Zdravo,vo letoto mi se napravi na liceto izgorenica od sonce probav razni masti od nishto ne mi pominuva ve molam dajte mi nekoj sovet shto da pravam kazete mi nekoja krema ili nekoj dobar dermatolog shto otstranuva laserski..blagodaram odnapred
Изгледа пишуваат за две различни докторки. Има д-р Нина и на дерматологија во државна, колку што се сеќавам, а за Николина не знам која е, ама гарант мислат на две различни личности, па луѓево се збунуваат.
Изгореница од сонце? На лице? Што правеше жити се’? Се извинувам за оф топик, ама ме интересира како настана. Па да научиме од туѓо искуство и да бидеме претпазливи.
Jas mislam devojkite mislat na Nikolina.Jas odam kaj nea i site ja vikaat Nina i vrabotenite i pacientkite..Pogolemiot del od mislenjata se za nea,eve neka kazat i drugite feminki
bev na plaza na najzeskiot den..iako staviv krema za soncanje bev cela crvena vo teloto potoa toa mi pomina no na liceto mi se pojavi kako brunce i mnogu me cesase potoa se napravi kako udreno pa otkako mi se izlupi mi ostana kako luzna na liceto..bev na dermatolog i mi ukaza deka e izgorenica od sonce i mi dade nekoja krema no ne mi pomina i kaj drug doktor bev i od taja krema ne mi pomina sega sakam da probam laserski no dajte mi predlog kade e najdobro da odam
Девојки јас имав проблеми со лицето и мака мачев години уназад,незнам веќе што се не ставив на лице..од бабини лекови до триста креми и џабе.Во фебруари закажав кај Анчевски и отидов. Мене др.Анета ме прегледа срце жена е,искрена е и многу убаво и детално ти објаснува букавло се. Е сега вака првиот преглед е бесплатен. Третман е 2300,додека хемиски е 2600 Јас еднаш правев хемиски,зашто тој летно време не се прави,а од обичниов правам скоро секој месец. Е сега сите викаа скапо,вакво онакво. искрено секој дерматолог на секој месец ти ги мења кремите.мене др.Анета од кога отидов до сега ми ги нема сменето.и за моето лице се покажаа како најдобри до сега. Друго третманот се состои од парење на лицето,после со еден апарат како иглички што има на него ти го поминува лицето,па следи стискање и ако има потреба некој и со струја ги гори и на крај ти става маска. Искрено јас не жалам воопшто за тие 50евра што ги давам месечно затоа што мене лицето ми се оправи 90% сеуште имам по некоја акна,но немам големи и гнојни. И искрено од кога одам кај анчевски јас пудра на лицево немам ставено..само дневен крем на хаушка што ми го препорача докторката и супер ми е. Само неколку пати имам ставено коректор на некое црвенило ако ми се појавило.зашто искрено немам потреба си го осеќам чисто лицето,а и не ми се познаваат акните до толку за да морам да ги прекривам. Е сега докторката искрено ми кажа дека лузни ке ми останат по стискањето,нормално меѓутоа кога ке ги излечиме целосно акните има третмани и за тие дупки. Меѓутоа тоа е долг процес од неколку години неможе да очекувате се за месец два да се реши. Искрено ако имате да одвоите пари одете. третманите јас ги правев на почеток секој месец..сега одам на секој два до три месеци зашто немам потреба од толку стискање со кремите и црнките ми се намалуваат.Јас сум премногу задоволна и немам намера да ја мењам докторкава,а и прв пат ако одите прегледот е бесплатен само закажете си. па немора да правите третмани одете чисто за консултации
Девојки ми треба ваш совет.. Сакам да одам кај др Анчевски..имам проблем со лицето и грбот имам акни...белези од акни и дупчиња...и сега незнам што да правам вејќе ми се смачи од нив сакам да се ослободам се сум пробала сум била и на кожен лекар ама ништо...и сега сакам да одам кај др анчевски..што мислите да одам колку од прилика би ме чинело...дали за неколку месеци би имало резултати??
Па правев пап тест...ехо...пред еден месец бев да ми ги кажат резултатите и ми рекоа дека се е во ред...иначе проблемов со акни го имам од 6 одд...а сега имам 19 години..
Пред да одиш кај дерматологот, провери и хормонален статус бидејќи најверојатно станува збор за дисбаланс, па врз база на резултатите докторот ќе знае која терапија да ти ја препише.
Драга 100% се согласувам со тебе, конечно некој да ја отвори темата (или јас сега гледам), буквално се е бизнис да незнаеш каде да одиш и што да правиш. Тие фирмите што држат презентации по аптеките никогаш нема да ти препорачаат крема или нешто друго од друга фирма колку и да знаат дека е подобра од нивната, Но најголемиот проблем во нашето здравство не е тоа, проблемот е тоа што 99% од лекарите работат на исти принцип кој им даде повеке пари тоа пишуваат - Е ТОА Е ЖАЛНОТО. Мое искуство: Сум била кај повеке дерматолози, сите различно ми рекоа, ама буквално сите, братучедка ми работи во аптека во Скопје еднаш бев кај неа на гости (бидејки јас не сум од Скопје) и ме убеди да одам на таква презентација каде со некој апарат ми го скенираа лицето, (Презентацијата беше на Avene), девојчето толку ми се допадна каков пристап имаше кон мене што ниеден од докторите претходно ми немаа објаснето се. Таа како што велиш ти ми препорача комплет од гелот за миење лице и една крема и излегуваше некаде околу 2000ден. Излегов оттаму и фала богу неземав ништо бидејки ми се виде многу пари, па вечерта кога братучедка ми си дојде и реков дека нема шанси да ги земам дека се е бизнис, дека девојчето мора да зборува така зима плата итн. Но некако ме разубеди со тоа дека се имам пробано зошто да не ги пробам и тие. Верувај дека само тие ми биле лекот , навистина лицето ми е непрепознатливо и сега некористам нисто друго, што и да ми треба од козметика користам само Авене. И за крај се извинувам за долгиот пост
Луге многу поделени мислења за др. Нина.(Позади веро аеродром) А пред месец дена ко се рспрашував ми ја препорачаа многу и отидов. Ми даде далацин,само тоа да мачкам и кожава ми е мнг сува. Денес треба да одам пак. Мене не ми е за проблематична кожа туку сакам соодветна крема да ми препорача. Дека веќе 30 и кусур и сакам да си се одржавам