Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дерматолог

Дискусија во 'Лице' започната од narcis2011, 22 септември 2011.

  1. nearMe

    nearMe Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    38
    Здраво,
    дали ќе може да ми кажете како оди процедурата кај доктор Коста од Дермаплус?
    прво се закажува преглед и веднаш започнува со третманот или закажува дополнителен термин?
    кај мене станува збор за лице со црнки и проширени пори, и по некоја акна повремено :)
    После колку време успеавте да ги воочите резултатите?
    поздрав голем
     
  2. buttercup5

    buttercup5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    1.240
    Пол:
    Женски
    Некој правел третмани во Дерма Бела? Јас сакав да почнам таму, но докторката е општ лекар и мислам дека не дава терапии туку прави само третмани. Ми кажа дека прво ќе правиме хемиски пилинг (два пати), па дермаролер, па дермапен. Отидов и во Дермаплус и Коста одма ми направи дермапен без да ми направи било какво чистење на лицето, со оглед на тоа што никогаш не сум била на никаков третман, само креми сум користела. Во меѓувреме лицето ми збесна, ненормално многу ми се исфрли и направив ехо на јајници и проверив хормони и све беше океј. Буквално од никаде лицето ми стана како пченка, бев на лексилиуми и не излегував од дома. Кожната докторка ми препиша Аирол и криотерапија. Последици од тоа има, скоро три месеци го средувам лицето личам на далматинец со лузни. Но веќе не ми се исфрла лицето за разлика од пред 4-5 месеци. Не знам дали да одам пак кај Коста или да пробам на некое друго место. Бев кај Нина (пред 3 години) и малце ми се потсмири лицето ама не правев третмани бидејќи ептен немав кога и едноставно прекинав да одам кај неа. Моментално користам гел и крема на Логона, се мачкам со масло од диво оригано и арган и го користам и Аиролот. Имам многу лузни и дамки и сакам да се решам од нив. Имам 20 години, проблеми со акни имам уште од 12 години а моите не сакаа да чујат да ме однесат на лекар и мораше да ми се деси ова зимово за да сфатат дека стварно имам проблем. Прочитав позитивни коментари и за Дерма естетика дека работат со ласери и чуда, па би била благодарна да споделите искуства вие што имате проблем како мојов.

    Се извинувам на долгиов пост, секој со својата мака :?:
     
  3. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    @buttercup5 Баш сега во друга тема пишуав. Сега прв пат почнав пред месец дена да одам во дерма бела. А извини ама што е тоа дермапен?

    Инаку досега имам направено еден хемиски пилинг и еден класичен третман. Среда ќе одам на втор. Засега сум задоволна на тоа како реагираше лицето. А една од козметичарките ми кажа дека средувале и полоши лица од моето и дека треба трпение. А верувај моето е прилично лошо, цело лице ми е со дупчиња и лузни од акните. И докторката ми рече дека за време на третманите може да се појават акни, но тоа е нормално затоа што се чисти лицето и исфрла се надвор. Почнав со резерва некако, се исплашив за тоа како изгледаше кожата во периодот дур ми се излупи, но сега е се во ред и гледам позитивно дека конечно ќе си го средам лицето.
     
  4. buttercup5

    buttercup5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    1.240
    Пол:
    Женски
    @M.laDy дермапен е слично на пенкало со иглички наредени во круг и одат напред-назад со тоа што ја боцкаат кожата (не баш боцкање, малку поболно е) и ја стимулираат да создава ново ткиво. Мило ми е што читам дека си задоволна и дека конечно ќе го средиш лицето. Треба многу трпение и упорност, ама сите сакаме екпресно опоравување на кожата :)
     
    На M.laDy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ketrin86

    Ketrin86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
     
  6. Ketrin86

    Ketrin86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    [QUOTE= Го прочитав твојот пост и мислам дека за твојот проблем најдобро е да правиш дерма пен.Ласерот ти е многу агресивен и имаш долг период на опоравок. Јас лично го имам правено дерма пенот во комбинација со ПРП -третман со сопствена крв пред околу година и пол и сум многу задоволна,затоа што е најдобар за твојот проблем -лузни и флеки од акни.Ти го препорачувам Др.Коста,мене многу ми помогна,целосно ми е средено лицето,сега одам два пати годишно на третмани за чистење и сум топ. поздрав
     
    На buttercup5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    148
    Си закажуваш третман за чистење на лице и докторот ке те види и ке ти даде терапија што да користиш по дома.Добар е третманот со парење,чистење, дермоабразија и хемиски пилинг. Пошто не ти е страшно лицето треба за брзо време да видиш резултати.поздрав ;)
     
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Да ве прашам конкретно за Горица Дачевска, прегледот е 600 приватно знам , а контролите се наплаќаат после ли?
     
  9. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Девојки само што се вратив, правев дермапен. Лицето ми е цело црвено е сега заборавив да прашам каква крема да нанесам додека не помине црвенилото.
    Некоја хидратантна? Невен може да се мачкам?
    Ме пецка цело лице.
     
  10. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    Jas ne stavav nisto taka mi pominuva za 2 do 3 casa crveniloto...
     
    На xxAngelxx му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anonymousgirl03

    anonymousgirl03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Некој да сподели искуство кај Др. Анчевски
     
  12. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    6.633
    sto podetalno te interesira
     
  13. anonymousgirl03

    anonymousgirl03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Па какви третмани користеше и како си задоволна.. јас сум била на повеќе места но немало голем ефект
     
  14. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    6.633
    posleden pat bev pred 4g.ne znam veke kakvi tretmani ne probav.liceto mi bese katastrofa.nekoe osobeno podobruvanje ne vidov.dali od sto imam problem so hormonite,dali od drugo nesto,ne znam.edinstveno sum zadovolna od kremite na dr.hauschka i avene sto mi gi preporacaa.
    moja drugarka odese na epilacija i e prezadovolna.
     
  15. shyguy69

    shyguy69 Нов член

    Се зачлени на:
    19 април 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Добар ден сакам да прашам каде да се обратам за овој мој проблем. Значи моево не е болно нешто. Пред 3-4 години кога бевме на одмор си ставив тетоважа од оние за лепење знаете од мастики ама поголема беше и знаете капење сунчање и тетоважата ми се исунчала на раката ми падна тетоважата ништо нема од неа и сега имам како пеги пеги како кафеави дамки пробав разни креми не се отрсрани да прашам дали има лек затоа што ми е на левата рака одма кај зглобот тука неможам да се соблечам на куси ракави лошо изгледа неможам саат да ставам одма паѓа тоа во поглед кога ке погледне некој и не се чувствувам добро. Ви благодарам однапред.
     
  16. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    148
    Најверојатно се работи за некоја хиперпигментација и можеби би ти помогнале ласерски третмани,хемиски пилинзи.Треба да се консултираш со дерматолог и да ти одреди терапија,можеби и со креми ке можеш да ја решиш.поздрав ;)
     
  17. confussed :(

    confussed :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Кои креми на Др. Хаушка и Авене ги користиш за спас :)
     
  18. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    6.633
    dnevna krema od hauschka i tonik za cistenje na lice a od avene cleanance expert i gelot za mienje lice.
     
  19. confussed :(

    confussed :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Preporaka za dobar, najdobar dermatolog za reshavanje na problemot na prosireni pori i 3 mali dupcenca od akni :(
     
  20. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја има посетено Др. Николина Лазаревска во Пикасо дерма и медикал? И дали некој воопшто има користено било какви услуги од Пикасо дентал и медикал да ми објасне каде е поточно Пишува некаде пред т.ц. Бисер ама не можам да се снајдам на мапа. Благодарам!