Da skroz ista prikazna i kaj mene, Jas imam odeno kaj doktorkata nekoi 3 4 meseci, beshe vo Debar Maalo sega e premestena.Liceto mi se iscisti na eden period no potoa aknite pak se vratija. Kaj nea odev letoto 2014, prvo mi dade Dalacin C , go zemav od Grcijaznam deka stavav nekoi 4 nedeli , pa posle toa mi gi napravi prvite tretmani, t.e. forezite koi sto ona gi pravi. Mi prepisha od AVEN kremata so ovoshni kiselini sho e , gelot za mienje isto od AVEN (mnogu suushi) , i posle tretmanite, luznite se pregolemi, bidejki tretmanot veruvajte mi ne e nezen i bolkata e pregolema. Kremot od AVEN ne pomogna, pa preminavme na BIODERMA krema (zelena linija za akni) i micelarna voda(go cisti liceto ama cuda ne pravi). Na mnogu luge ima pomognato, za zal kaj mene pak se vratija. Taka da otvorena sum za sugestii i za drugi preporaki. Pozdrav
Др Коста и само Др Коста....Јас не можам да се препознам и не сум се надевала дека некогаш толку ќе го исчистам лицето. Мака мачев можеби 10 год...Имам отидено на 5 третмани (2 х дермоабразија со хем.пилинг, 3 х дермапен) в рок од 9 месеци и има уште некои ситни флеки кои се надевам за кратко време ќе ги исчистам, а претходно бев за никаде - од црвени големи гнојни, од дупчиња, од флеки... Најпрво ми даде „Сона“ да ставам на вечер (а и сеуште ја користам), за преку ден „Ефеклар дуо +“, а потоа ми ја даде „Акне аут“ кремата и гелот за миење на Биотрејд (ги порачав од Бугарија и сеуште ги користам)...Тоа е за домашната нега... Не правам реклама, но на сите кои имаат проблеми Ви го препорачувам најискрено...
Девојки, некој дали има искуство со Споменка која е и козметичар и дерматолог во козм. студио Моника?
Преглед е 800 ден...Но јас уште од првиот пат направив преглед и веднаш почнав со третман и ми наплати само 400 ден, а доколку одиш само на преглед-консултација вероватно е 800ден ..Потоа мене секој нареден пат не ми земаше пари за прегедот
Минатата недела бев кај него на првиот третман и има видливи резултати очигледно. Со господ напред се надевам на усште подобри . Лицето се смири за само недела дена .. ПОздрав
Molam za sovet i preporaka na strucen dermatolog. Imam mesana svetla koza na lice , nekogas suva nekogas mrsna, nekolku godini mi izleguvaat po 2-3 mozolcinja na nekolku meseci i tesko mi zazdravuvaat , stojat po 1 do 2 meseci i potoa fleka i na kraj luzna, imam i crnki na nos i toa dosta i na celo nekolku i tie mi ostanuvaat dupcinja osobeno na celo. Isto imam i na grb osobeno letno vreme i toa ne malku. Na racete ima dermatitis ili egzema - suva koza so malo crvenilo i ne mi pominuva eve 6-ta godina. Imam na lice luzni i dupcinja i pori ne se mnogu dlaboki no nekoi se od pred 10 god dali ima resenie za luznive i dupcinjava od mozolcinja? Blagodaram od napred !
Незнам дали е за тука прашањето, ако не е, ве молам кажете каде да видам Првпат во мојот живот ми се појавија мозолчиња сега на челото, и милам дека се од повишениот пролактин ( така ми кажа и гинекологот). Па незнам дали да одам на дерматолог, или да ја почекам терапијата од ендокринолог, па може со тоа ќе ми помине. Доколку имал некој вакви проблеми нека ми каже како ги решил, бидејки челото и е цело ситно како со точки исфрлено
Веќе еден месец ја посетувам др.Николина во Пикассо медикал и дентал, се наоѓа позади Веро кај т.ц. Бисер. Првиот преглед се наплаќа 300 денари, а потоа контролите не се наплаќаат. По прегледот ќе ви даде рецепта со продуктите што ќе треба да ги купите. Ги користите и одите на контрола. Доколку има потреба од некој особен третман ќе ви каже. Јас се уште не сум имала потреба од третман, знам дека се наплаќаат ама не можам да кажам колку пари затоа што не знам. Единствен проблем ако може така да се каже е што продуктите што ги препишува се од линијата на Биодерма и се малку поскапи. Јас земав мицеларен раствор и го платив околу 800 денари и тоа на попуст, а истиот раствор го видов од други марки и поевтин. Исто така и уште една крема што ми ја препиша беше 900 денари од Биодерма, единствено антибиотикот што го препиша беше околу 400 денари и е поприфатливо. Ама решена сум дека ќе го исчистам лицево и навистина има резултати. Не седвоумете да ја посетите, навистина ја фалат и има за што, само бидете подготвени за трошоците што следат. Поздрав и убав ден!
И јас сум презадоволна од ДР. ГОРИЦА, кај симпо се наоѓа. работи и со плави картони. меѓутоа третманите за лице си се наплаќаат приватно. Јас Хидродермија правам најчесто.
Девојки имам еден проблем , значи вака имам прилично мрсна кожа на лицето и многу ми е осетливо . Имам црвени флеки со страшно ме нервираат не е како акни или како мозолчиња туку внатрешни незнам ни како да ги дефинирам и ги имам само на образите , меѓу другото имам и црки на ност и брадата со бб крем или коректор не се познава ама неможам цело време така ... Ве молам препорака за добрар дерматолог дали некој имал некој ваков сличен проблем и што мислите за Др Анчевски ?
Јас одам кај Споменка веќе пола година. Дојдов со прелошо лице и премногу ми помогна. Ми ја отфрли цела козметика што ја користев и ми ја замени со нова, многу подобра и поевтина. Одам одвреме навреме да ми го исчисти лицето и тоа е тоа. Знае малку да е лошичка и да вика, као у стил што си направила со лицето и сл, ама ја научив па веќе не ми смета толку Секако ја препорачувам.
Здраво феминки, Ве молам за помош. Малата има 6 месеци а од третиот мска мачиме со дерматитот и се полошо и полошо станува. Веќе 80%од кожата и е зафатена со дерматитот,ве молам дс ми препорачете добар дерматолог во скопје, веќе страв ме фаќа ,не дај боже овие бурни алергидки реакции може да прераснат во нешто полошо... Ве молам ако знаете специјалист доктор за дерматит пишете