Јас одам кај Др.Ирина сега. Ми ја препорачаа дека била добра не само за акни туку и за секакви кожни болести. Прво ми испита хормони и ми даде да пијам Роакутане, цинк и спиролактон. Веќе три месеци ги пијам и искрено немам некое подобрување освен што кожата ми е посува. Она вика дека на база на стрес ми се акните (хормонот на стрес ми бил покачен) ама кога отидов на гинеколог со резултатите од хормоните (и ехо воедно праев) ми кажа дека хормоните ми се во ред и решението да си го барам кај ендокринолог. Претходно одев кај Николина и имав впечаток дека вртам во круг. После третман лицето ми беше прилично добро после пак ми се нафрлаше. И не знам за вас, ама јас недела дена после третманот бев со крв на лицето, со три слоја пудра се покривав. Три дена после третман не можев да излегувам од дома од толку што бев црвена и со засирена крв.
И јас го демантитам мислењето за Николина. Без никакви детални испитувања преоѓа на третмани и креми и се така во круг. Исто како и претходната членка после третманите крв и корузи ај што не е пријатно ама и нема ефект или има краткотрајно, после пак исто. И колку само пари фрлени на креми. Јас почнав со др Коста, бев денес и прво ми даде да направам некои основни испитувања па да прејдеме на нешто друго. Ми изгледа доста постручен. Сега е и поскап ама кога ќе помислам дека изгубив 2 години за џабе. Он ми ветува дека ќе се среди, ми кажа да обрнам внимание и на исхрана што е исправно. И така се надевам конечно ќе излезам од овој лавиринт и ќе најдам решение за мојот долгорочен проблем. Добар впечаток ми остави докторов, ќе ве известам дали има резултати.
Одма позади Бисер кај паркингот, нема шанса да утнеш пишува Дерма Плус. Ако сакаш и бројче ќе ти пишам и адреса во ЛП.
И јас исто како тебе пред да завршам кај др. Коста, година дена претходно се занимавав со третманите на Николина и никогаш нема да си простам што дозволив толку долго време некој да се изживува со моето лице. После секој третман модра во лицето како некој да ме тепал, не сум излегувала од дома по неколку дена. Денес после година дена откако за прв пат појдов кај др.Коста можам да кажам дека ми го среди лицето и проблемот со акните. Имав проблеми и со хормоните кои со соодветна терапија ги решив, на почетокот одев на третмани за лицето, меѓутоа денес немам потреба од нив. Единствено нешто што внимавам е соодветна козметика, и сметам дека тоа е најважно. Го најдов тоа што најдобро ми одговара на мојата кожа, користам и креми за миење лице за регулација на лачењето себум поради проблемите со акни и тоа е тоа.
Не чини толку. Докторката не работи со упат за преглед на лице, ниту третманите и се со упат или плав картон. Прегледот е 600 ден, класичен третман е 2.500 ден и секој нареден од 3.000 ден.
Според мене тоа е многу, прегледот е ок, ама затоа третманот е екстремно скап освен ако не те работат со некоја специфична и скапа козметика. Јас кога одам кај др.Коста и сум многу задоволна од постигнатото. Третман чини 1500 денари.Не е ефтино но е сомема Ок е и вреди за парите.
И јас одев кај Д-р Коста, ама ме препорачаа кај докторката па пробав. Искрено ќе се вратам кај д-р Коста, виситнски професионалец.
Zdravo feminki. Se iznacitav na forumov za Nikolina i Kosta Jas imam akni veke dve godini na vratot, najprvo odev na drzavna, pa potoa kaj Dr. Starova, pa citav mnogu za Dr.Nina i zakazav i kaj nea, megutoa kako i na sit drugi, mi dade dalacin c plus bioderma ( sto spored mene ne ja biduva za nisto), i sega saka da mi pravi foreza. Ne planiram da se vratam poveke kaj nea zatoa sto mi deluva mnogu nezaintersirano i na site istata terapija ja dava i pokraj toa sto samata vika deka sekoja koza e razlicna. Zatoa resiv da se prefrlam kaj dr, Kosta zatoa sto gledam site se mnogu zadovolni od kaj nego, se nadevam ke uspee da mi go najde lekot zatoa sto veke dve godini ne znam kaj ne bev i sto se ne staviv na liceto. Ako imate uste nekoja druga preporaka ili sovet, ve molam slobodno pisete
Плс некој да има искуство со Rosacea? Бев кај др. Николина тотално не ми ја препозна и ме лечеше од црнки, госпо да чува, кај друга докторка ми го кажа ова Росацеа и денес одам на второ т.е. трето мислење во трета ординација. Ова што читам на нет тоално се поклопува со моите симптоми на Росацеа ама вика лек нема ?! искуства?
истото за Николина да ко кажам и истите лекарства ми го даде. А тој Коста во која ординација е? Дали е тој што става хијалурон во уста? тоа ми е следна желба и план
Ne znam sto stava kako stava, megutoa jas zakazav da odam kaj nego da si ja probam srekata i tamu. Nina mi izgleda premnogu nezaintersirano, nema tocen termin sekogas vika koga mozis dojdi i se toa pa toa. Za kaj Kosta ke vidam kako ke bide, pa ke pisam feedback ovde.
И друг пат мислам имам пишано во темава, од лично искуство и на моја блиска ја препорачувам само др. Светлана. Претходно си ги трошев парите и годините кај други дерматолози.