Епа да си ја кажам маката.. челото ми е чисто ама прилично мрсно, додека пак пределот под очите порано имав таму многу црнки ама се изгубија, арно ама порите си останаа многу проширени и се познаваат. Сега последниве две недели на левиот образ ми се појавија 5-6 такви гнојни бубулички што досега такви сум немала. Болни се и чешаат. Мислам дека се работи за некоја инфекција предизвикана од некоја бактерија. Исто и во пределот околу устата. Постојано си го гледам лицето и често знам да си заплачам бидејќи не сакам (всушност кој сака) да ми биде вакво лицево. Па мислам дека е време да појдам на дерматолог. Дали некој може да ми сподели искуство од др. Коста Цветковиќ? Ве молам, очајна сум!
Da jas imam odeno primano terapija i se toa nemav nekoi epten dobri rezultati ama site se falat na nego.Najverovatno do moeto lice e treba podolgo vreme pouporno i taka
Дали имаше некои несакани дејства од Роакутанот? Доста се агресивни, а јас ги имам во план како последна опција...
Mnogu suva koza-potocno usnite mi raspukaa kosata mi stana premnogu suva inaku mene mnogu brzo mi se mrsi a dodeka gi piev i do edna nedela znaese da mi bide ubava i suva koza na liceto.Drugi raboti nemav..
Ги пиеше таблетите Роакутан? Од колку милиграми по колку на ден ти препишаа? За колку време ти го исчистија лицето?
Pa vaka najprvo pogolema doza.Prvite 2 meseci piev po 40 mg na den potoa se ti se namlauva jas ja piev 6 meseci terapijata.Potoa po 20mg na den zavisi od sosotojbata na liceto.Za 6 meseci staklo mi stana liceto.I mora sekoj mesec da pravis proverka na krvta.
Сакам да посетам дерматолог, и гледам доста фален е др. Коста и на многумина им помогнал, па сакам да закажам преглед. Проблемот ми се некои лузни од акни и проширени пори. Не ми е лошо лицето не знам колку, секој ден ама буквално секој ден сум без пудра меѓутоа сепак постои голем простор за подобрување. Инаку јас одам на козметичар од време на време, каде само ме чистат убаво (со стискање) и супер е тоа, баш ќе ме освежи и исчисти, али тоа ништо не ми помага нели во однос со лузните и порите, а и секако лицето пак се полни со многу црнки после недела дена. На кој начин лекува докторот проблем како мојот? Ако сака да ме чисти и стиска не би сакала, бидејќи сум многу навикната и ми годи местото каде што си одам веќе на козметичар.. Ми го препорачуваш ли?
Се и сешто сум пробала, различни креми, лосиони што уште не... И фактот дека сум преопседната со состојбата на моето лице го открив Акутанот т.е кај нас е познат како Роакутан. Со намера сум да го посетам д-р Коста, меѓутоа како да му кажам дека сум одлучена и дека сакам нив да ги примам бидејќи само тие ми се последна шанса? Он сигурно ќе ме праќа на некои третмани а јас искрено имам трауми од стискања и такви работи бидејќи како помала секогаш кога ќе ми излезеше некоја акна јас одма ќе ја стиснев и мислам дела и така се влоши ситуацијата. Инаку имам 16год. и дали се дозволени да ги примам на таа возраст?
Посети го докторот за да се консулираш за понатамошен третман.Лузни и проширени пори тешко со класичен третман би решила. Може ке ти предложи хемиски пилинг или дерма пен или некоја крема ке ти даде ако не е критично.Мој совет е да одиш на консултација кај него Дозволени се,меѓутоа треба да имаш сериозни акни па да ги пиеш,а за тоа треба да одлучи лекар дерматолог. Ке си го кажеш твоето мислење и понатаму лекарот проценува дали се за тебе и правиш крвна слика и ако се е ОК почнуваш со терапијата и за неколку месеци лицето стакло
Здраво девојки Дали некоја има одено кај Др. Анчевски на трајна депилација за лице? Ако има да ми кажи искуства, дали сте задоволни, по колку третмани се изгубија влакната, цена и такви работи. Се јавив таму, прашав за цена и третманите, ама ме интересира искуството ваше. Фала
Дали некој имал искуство со третман со дерма ролер кај д-р Коста? Дали со дерма ролерот се намалуваат порите?
Какво искуство имате со Роакутанот? Слушнав дека многу влијаел на црниот дроб и делувал тератогено на плодот кај трудни жени, искуство? Влијаел и на андрогените хормони
^Никому не препорачувам роакутан. Сигурна сум дека секогаш постои алтернативно решение. Исто како да играте руски рулет, никогаш не знаете која нус појава ќе ја добиете, а жртва секако давате. Убаво рече една феминка, прашајте ги тие доктори што ви препорачуваат роакутан, дали би го дале и на нивните ќерки. Акните се последица од некој проблем одвнатре, и затоа треба одвнатре да се лечи. Роакутанот само ги пресушува лојните жлезди. Не за роакутан
Дермални промени на вагина (рана која при воспаление преминува во плуска).. Некој со слично искуство? Би можеле ли да препорачате добар дерматолог зашо веќе ми скисна од терапии без исход .. :/
Ваша препорака за добар дерматолог (козметичко студио), за црнки првенствено ми е, начинот на работа и цена?!
После шест и пол месеци терапија лице стакло, како отсекогаш да било такво, иако реалноста беше катастфора. Задоволна од Д-р Коста и Дерма Плус
И јас би сакала да знам. Те молам кажи ми на што се должи успехот. Кои тераписки методи ги користеше?