Терапија со апчиња roaccutane Индивидуално е сепак, може тебе нема да ти одговара таа, па ќе ти даде друга. Најпрво се прави крвна слика, па потоа се пристапува со терапијата. Лоша вест е што апчињата се фотосензитивни и со нив не се започнува во лето. Исто важно е дека се даваат во краен случај, кога другите методи немаат ефект, кај мене никакви креми, антибиотици, ни форези не помогнаа. Сепак отиди кај него ако си заинтересирана, ќе ти каже што како. Можеби твојата состојба не е сериозна како што беше мојата, па ќе си најдеш чаре побрзо.
Zdravo devojki, malku mi e nezgodno sto forumov e za zeni teoretski, a jas se obrakam.. no guglajki naletov na ovaa diskusija.. Bi sakal samo da prasam, dokolku moze nekoj da mi odgovori odnosno posovetuva vo vrska so problem koj go imam so liceto. Imam 28g i sakam da otidam nekade, dali dermatolog, dali kozmeticki salon ili nekade na treto mesto, za da go resam problemot pred se so celoto.. Znaci na nos normalno imam mitiseri, ali ne e strasno, ednas u dve nedeli sam gi istiskam i ok e.. no na celoto mi se pojavuvaat kako mnogu sitni takvi belki (ne znam kako da gi narecam) i nekoi so stiskanje ne se otstranuvaat.. Znaci podkozni se nekako i bukvalno mora da ja izgrebam kozata za da go istiskam. Posle toa mi stanuva crven delot, pa posle beleg odnosno damka koja moze da trae i mesec dva.. i se vikam ke pomine ke pomine, no nikako da pomine.. si izleguvaat novi i me nervira uzasno.. e sega ne obrakam vnimanie i ne se zamaram mnogu, ali sakam da otidam nekade i da go resam toa ednas za sekogas.. ne mi e bitno ni cena ni nisto, samo sakam da go resam toa.. Zatoa bi Ve zamolil, da mi preporacate resenie za mojot problem, sekako dokolku mozete.. Dokolku Vi trebaat poveke prasanja i informacii, slobodno pisete. Blagodaram
Стефан, не треба воопшто да ти биде незгодно да не прашаш сите што имаме кожни проблеми знаеме какво е чувството. Секоја втора девојка има проблем со акни, митесерии па и вие машките не сте поштедени. Како прво би ти препорачала, да не го чепкаш лицето сам, знам дека не можеш да издржиш но најдобро би било да посетиш дерматолог. Најверојатно прво ќе ти направи некои испитувања, а потоа ќе следат и третмани на лицето, како чистење, хемиски пилинг, дермапен...а може и терапија да ти даде да пиеш, некои таблети. Ако не си ги прочитал препораките за дерматолог тука, најспоменувани ти се др.Коста Цветковиќ ординацијата му се наога во Аеродром се вика Дерма Плус, др.Горица мислам дека се наога во Карпош. Секако можеш и да одиш на клиника, со упат изборот е твој. Се надевам дека ти помогнав, и дека чекор по чекор ќе си ја подобриш состојбата на твоето лице.
hey, da gi procitav mislenjata, no ete deka sum masko pa sakav da prasam slucajno nesto da ne e porazlicno Za mesto bi otisol, ete kade sto e najdobro.. Vidov deka Ancevski ordinacija se spomnuva, doktor Svetlana, Kosta, pretpostavuvam site se bavat so isti problemi, taka kaj sto mi e najblisku ke otidam Fala mnogu.
Анчевски колку што разбрав јас, се изгор скапи и повеќето девојки не беа задоволни од третманите, нека ме поправи некој ако грешам, ама јас не би одела кај нив на твое место.
Девојки, некој искуство со др. Агрон Старова? Никогаш до сега не сум сретнала некој да го спомне по форумиве, а од страна еден куп пофалби
Јас, само пофални зборови. Отидов со оние огромни акни што се болни и внатршни и за 3 месеци лицето ми беше стакло. После поминати сите можни дерматолози и креми и шо уше не само он успеа да ми го среди лицето. Ако те интересира повеќе пиши дм слободно
Здраво на сите,само би сакал да ви кажам и да ве предупредам за Роакутан,за некои многу помагаат и ги сопират акните засекогаш,ете кај мене беше привремено 6 месеци ги пиев немав ништо,бев чист скроз ама тие 6 месеци како низ пекол да поминав.Бев како зомби,како на тешка дрога,ми се менуваше расположението еден ден среќен еден ден нервозен,да знаете дечки,Роакутан прочитајте поубаво има многу странични ефекти и се многу опасни апчиња,има некои странични ефекти што не ги пишува,читав и на други амерички форуми има луѓе што се справуват со нив.Јас на пример,го земав ризикот иако многу се двоумев ама што да правам,неможев веќе после 7 години борба со акните,ме исчисти 6 месеци и сега ете имам големи последици и плаќам за тоа што ги земав.Едноставно не сум истиот човек што бев пред да ги земам.Многу работи заборавам,не слушам убаво т.е пливам не сум сконцентриран убаво немам фокус,малце се упоравив ама додека ги пиев не знаев каде се наоѓам што се вика,сега до ден денеска од декември кога ги оставив уште имам проблем со некои работи да запамтам,и тоа од многу скоро.Исто така и многу брзо се нервирам често и тропам глупости неповрзани работи,и сега работам на тоа гледам да бидам посмирен и пофокусиран и полека полека се средувам.Сакав само да ве предупредам дечки,за да не мините низ тоа шо јас минев.Ете пак ми излегуват,не сопират не како предтоа ама пак имам на лицето и на градите и стомакот,и главата.Да знаете многу голема улога има се дали се храните здраво,дали држите хигиена,дали спиете доволно.Да ви кажам од искуство,јас сум веќе 2 години веган,најпрво отидов заради тоа да видам дали ќе помогне а и за други големи причини за животните,и тоа многу ми помогна за акните,оти оваа исхрана е најдобра за нас и не содржи холестерол и хормони ,ако конзумираш храна(месо и млечни производи)уште полошо и правиш на кожата со тоа што ја воспалуваш со секакви хормони и холестерол,и секој дерматолог значи сите кај шо сум отишол ми кажале дека тоа е најдобар начин за исхрана.Иначе јас бев скоро секаде,бев кај Анчевски,ме упропасти глупости ми даваше Сумамед,некои третмани со пареа и стискање и неколку хемиски пилинзи и приметив дека имат нови некои кај нив што се учат на тебе како експеримент.Бев кај Др.Светлана,кај неа направив некои хемиски пилинзи,пиев Миноцин и Роакутан на крајот(руски рулет).За 6 месеци се исчистив скроз и после пак се вратија назад,значи привремено сето беше.(Инаку Роакутан уште одамна ми ги препиша др.Пешиќ ама неможев тогаш да ги пијам имав проблем со црниот дроб тогаш,мораш нонстоп да правиш крвна слика,кај него ми отстранија две цисти многу големи значи бев за никаде.Од образот ми извадија циста голема како капсула,цврсто месо,многу гадно.)И кога и кажав на докторката дека пак ми испаднаа на градите акни,ми вика одвај средивме лице сега и гради,ајде ќе работиме,и тогаш многу ме изнервира значи незаинтересирана и демек не и се работе и не отидов пак кај неа,пред два три месеци беше ова.И сега дечки барам некој друг дерматолог,читав за Др.Коста многу го фалите,ама сеуште не сум сигурен дали тој ќе може да ми помогне бидејќи читам на сите ви дава Роакутан и тој освен ако нема некои други третмани што ќе можат да ми помогнат.Моментално не ми е толку лоша ситуацијата,имам многу лузни од акните и сеуште некои ми излегуваат,ама ги контролирам со исхрана,со вежбање и со медицински бебешки сапун против акни од Докторс.Пишете ми нешто друго ако ве интересира,јас само сакав да ви ја кажам мојата приказна и да ве предупредам за Роакутан,оти најопасни апчиња се на светот,многу деца имаат извршено самоубиство од страничните ефекти како што се депресија,и јас бев у таа ситуација ама оти размислувам и наоѓав начин да се смирам иако имав и јас такви лоши мисли,со вежбање и со други работи можам да не се замарам многу.
Некој да има искуство со лечење на акни со биоенергија или пронаоѓање на проблем кој доведува до акни преку биоенергија?
Јас правев Дермапен кај д-р Коста ама мене не ми помогна ни за пори ни за лузнички од акни. После тоа разбрав дека имале и Дермаролер ,а него го користеле за потешки случаи пошто наводно има поголеми игли и подлабоко продира во кожата. Пошто гледам прашањето ти е од пред два месеци, да те прашам дали правеше Дермаролер и дали има резултати?
Сакам да ве прашам дали третманот на лице се праве само зимно време или не зависи кое Годишно време е , имам слушнато дека не е добро летно време па реков да прашам ...
Зависи каков третман, ако е некој со овошни киселини, не се препорачува да се прави во лето затоа што кожата по третманот станува фотосензитивна. Не сум баш најинформирана за сите типови на третмани, но воглавно најчестата причина зошто се одбегнуваат третманите во лето е токму тоа.
Во темава има толку многу пофалби за Др.Коста, што се запрашувам дали воопшто се работи за еден ист доктор. Мене човекот толку одбивност ми створи, непрофесионален, незаинтересиран... Катастрофа. Не барам никој да се однесува со мене како со кралица, ниту пак ја ставам во прашалник неговата стручност. Меѓутоа штом сум дошла за преглед барам да ми се посвети внимание повеќе од 40 секунди. Воопшто не ме ни праша од кога започнал проблемот, не се ни потруди воопшто да изгледа заинтересиран. Буквално само влезе, ме погледна, не ми постави апсолутно ниту едно прашање, ниту пак ми дозволи јас него нешто да го прашам, ќе користиш таа крема, тој гел, тогаш и тогаш, така и така. Стана и си излезе без збор. Јас цела во прашалници, не знам дали да станам да си одам или не. Се врати после една минута, а јас го прашувам дали ќе може уште еднаш да ми објасни по кој редослед да ги користам кремите зашто не сфатив баш најдобро, па да не направам некоја грешка, ме погледна како да сум му убила некој близок и замислете како што почнува да ми објаснува, станува ја отвора вратата и чека да станам за да си одам. Толку непријатно се почувствував. Катастрофа. Зошто се случи тоа, не знам. Дали беше премногу зафатен, немаше време, не знам ама искрено и не ме интересира, јас плаќам за тој преглед и барам да ми се посвети внимание. Не знам колку е стручен, не дозволив да видам, ама неговата незаинтересираност спрема мене како пациент ми беше доволно да воопшто не се вратам кај него.
Види вака, да ти кажам право, и јас имав голема надеж во човекот ама... Смешно ми доаѓа затоа што неколку пати по ред одам на преглед и спрема мене така чудно се однесуваше, истово што го напиша ти и мајка ми ми го збореше ама јас упорно го бранев со пуста надеж дека ќе ми помогне околу лицето. Изледа дека парите му удриле во глава и малку е арогантен. И знаеш што приметив? Приметив дека скоро на секој пациент му ја дава истата терапија: Бензоил пероксид, некоја си крема сона и од биодерма некоја крема или нешто слично. Од толку што се изнервирав од таа крема Сона, кога ми ја препиша биодермата не се ни обидов да ја купам. Еден месец откако ми ја препиша Биодермата и требаше да одам на преглед го излажав дека ја користев и дека не помага и дека човеков треба малку да се ангажира сепак му плаќам да ми помогне. Малку отидов офф.. let me continue. Секогаш кога ќе отидам на преглед повеќе збори на телефон отколку со мене, најбитното е што го фаќа телефонот и после ме фаќа ЗА ЛИЦЕ, значи не можам да поднесам некој кога ме фаќа за лице особено со нечисти раце. Ми изнакажува 300 работи за рок од 10 секунди и оп ајде на каса да платиш. Ми вика да си закажеш ваков третман онаков третман.. чекај бе човек, а малку да ми објасниш како идат тие третмани и како функционираат? Требаше во јули да отидам на преглед ама не отидов, ми стана сеедно. И сега пак по други доктори ли да одам и пак отпочеток? All in all my dear friend, I feel you.
Ако си го вратам сеќавањето, одев кај Коста-Дермаплус пред година дена, и со мене така се однесуваше. Не му придадов значење, ама ме удри по џебот по 2 минути консултација и препишување на истите креми кои вие погоре сте ги добиле како терапија, а кои што воопшто не ми помогнаа, односно не видов никаква разлика со нивно користење. 800 денари си платив прв пат, а потоа следна средба беше микродермобразија. МОрам да бидам искрена, дека дојде само ме погледна и искочи. Иако микродермобразијата беше закажана за кај него, ме правеше некоја од неговите вработени. Не придадов значење и тогаш, ама сега вака ако си подразмислам, не би отишла повторно кај него. Дали некој друг може да сподели позитивно искуство за добар дерматолог? Не бараме посебен третман, ама барем малку заинтересираност што ќе покаже.