Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дерматолог

Дискусија во 'Лице' започната од narcis2011, 22 септември 2011.

  1. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Барем ти помогна ли таа микродермобразија?
     
  2. nearMe

    nearMe Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    38
    Па со оглед на тоа што отидов еднаш не можам да кажам дали имаше ефекти.
    Ме стискаа од црнки и го осеќав лицето мазно ама нишо посебно не видов ефект..
     
  3. IvanovaAnce

    IvanovaAnce Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2017
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Дали може да ми препорачате некој добар дерматолог во Скопје,макар и приватен да биде.
    Потребен ми е одговор итно бидејќи целата се исипав со некакви мали ситни акни.
    Било каква информација ќе ми биде добредојдена.
    Поздрав.:)
     
  4. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.515
    Епа нормално на сите ќе им дава бензоил пероксид и сона за да им го пресуши лицето до максимум, да се лачи себум неконтролирано, тој да ти препише роакутан и со тоа 100% ти се прави лицето гланц, и после офкорс е едини доктор у скопје што нема утка дека ќе те излечи...овај, др. Агрон Старова... Побарав пред извесно мислење за него затоа што на фб прочитав доста пофалби за него, што значи од луѓе со лично искуство, така да...
     
  5. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    А каде точно се наоѓа овој доктор?
     
  6. Тумба

    Тумба Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој има искуство со Др Силвана Дума во државна болница ( дерматолог) или дајте предлог што работат на било која клиника
    ( не приватно ):?:
     
  7. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Осум месеци се мачам, пари фрлам, никако да ми го најдат лекот. Дали до толку се неспособни дерматолозите кај нас или пак јас не одам на правото место...Доколку имате препорака за искусен лекар ве молам споделете.
     
    На PreciousDiamond му/ѝ се допаѓа ова.
  8. PreciousDiamond

    PreciousDiamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Разочарана ептен од д-р Коста, лицето мрсно и дехидрирано а акните стојат. Ќе идам уште кај тој д-р Старова, некој ако има позитивно искуство од приватните Ремедика, Систина нека сподели..
     
  9. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Немој никако во Систина, јас дадов повеќе од 200 евра за прегледи, креми и гелови кои воопшто не ми помогнаа, а докторката никогаш не ми даде точна дијагноза. Останав изреволтирана заради залудно потрошените пари и незаинтересираноста на докторката.
     
    На PreciousDiamond му/ѝ се допаѓа ова.
  10. alena19

    alena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Леле истото и мене , и гелот
    Истото го добив и јас , скроз иста терапија + таблети Мака и само ми го сушеа лицето прогрес никаков .
     
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Проверки на хормони обавезно, ехо на јајници да се види дали се полицистични.
     
  12. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Добредојде во клубот :(
    Истото го преживеав и јас, колку не козметичари, дерматолози поминав.. 7 години мака мачам со акните, какви не третмани сум направила, пилинзи, маски за кои само ми ветуваа дека лицето ќе ми биди стакло, во почетокот ќе се подобреше состојбата но после некое време пак ми се враќаа, ниту едно трајно решение значи само за пари да земаат нели излечен пациент е изгубен пациент па нема повеќе ќар..

    За козметика и препарати ни да не почнувам, цела фиока ми е полна ништо не ми помогна. Испитав хормони и јајници испаднаа во ред, јајниците ми биле малку фиброцистични но не толку значително да ми создаваат акни па сума сумарум изворот сеуште не е откриен од каде се појавуваат. Гинекологот ми препиша Диане 35 само заради лицето, откако почнав да ги примам веќе 1 месец гледам некоја разлика но сеуште е рано да кажам.

    Инаку акните ми се појавуваа на цело лице најповеќе на образите и брадата големи цистични и болни на допир. Решив да сменам исхрана, исфрлив грицки благи кафе, јадам овошје, зеленчук, јаткасти плодови и зелен чај.. Се што не содржи шеќери па еве веќе некое време немам нови акни, лицето ми е посмирено, исто така што се однесува до козметика користам производи без парабени бидејќи заприметвам дека и од нив ми се излегуваат. Го мијам наутро и навечер само со вода па го чистам со мицеларна вода и ставам масло од чајно дрво - го користам веќе неколку недели и е стварно божјо чудо што и прави на кожата, природно е и нема шанси да направи полошо а забележав дека почна да ми ги избледува и лузните.

    Јас дефинитивно кренав раце од било какви доктори затоа што денес се е за пари и никој не гледа да ти помогне, никој не те сфаќа сериозно.. Мој совет ти е да почнеш да го решаваш проблемот одвнатре, и гледај да не го мачиш лицето со секакви препарати и пудра, ставај само кога мораш и тоа некоја лесна јас ја користам на Буржуа Хелти Микс преубава е и нема штетни состојки.

    Горе долу тоа е, па се надевам ќе се спасиме еден ден од оваа мака.;(
     
    На Malinka1$, x.Daisy.x и sorbet им се допаѓа ова.
  13. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Ги испитав сите хормони, нормални ми беа. Цисти немам до тој степен за да би се направил проблем :(

    @MayDiamonds Јас па обратно, имам мали и плитки пустули околу устата кои се губат за 2 дена но повторно, упорно воскреснуваат. Бев до лани на контрацепција и никогаш повеќе, мило ми е што Диане ти се погодиле. Исто и јас се откажав од дерматолози, пробувам сама да ја решам загатката. Инаку се хранам здраво и вежбам со години, но некогаш проблемот има тајна замка па решението и не е сосема во твои раце.
     
    На x.Daisy.x и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  14. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Да се согласувам, истиот проблем го имаме значи еве и јас од сите можни страни решив да ги нападнам засега е рано да констатирам но не знам од што би можеле да се појавуваат.
    Планирам да направам брис тест од акна, не знам колку тоа ќе даде резултат но уште тоа и остана да го пробам..

    Инаку можно е и да е наследно, еве на пример мајка ми имала ненормално многу акни на моја возраст кои и започнале од тинејџерство а немала што не пробала за на крајот кога се породи со мене да и престанат.. Една другарка исто се мачи со акните долго време и и рекоа на гинеколог дека нема лек и единствено ќе и се исчисти лицето откако ќе роди што јас го сметам за абсурдно |(
    Инаку мислам дека храната и козметиката играат клучна улога и тие ги пореметуваат хормоните, нешто што ни на крај памет не би помислила дека те исфрла на крајот ќе излезе дека било тоа. Ете таква среќа си имаме :D некој ќе заспива со шминка, ќе гнети чоколади и хамбургери и ќе има лице како на манекенка а ние со цел арсенал производи и максимална нега и диети ќе водиме борби, се е до кожата :(
     
  15. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Не е ни тоа, моите немале проблеми со лицето. Како Шерлок Холмс се чувствувам на моменти, сам свој лекар, а случајов мој не е баш едноставен. Инаку пробај да не размислуваш на тој начин, и јас размислував така порано но многу ме депримираше таа перспектива на жртва. Сите имаме различни слабости и на сите телото различно ни реагира. Некој има на пример хронични главоболки кои се активираат при најмал стрес.
    Верувам дека ќе се средиме доколку сме упорни, мора да има лек кој не вклучува потомство. Ако ништо друго опцијата да се трујам своеволно со витамин А секогаш ми е на расолагање:D
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  16. PissedOff

    PissedOff Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Доколку размислувате да одите на дерматолог, апсолутно во никој случај нека не ве одведе патот во Меа Медика (спроти градски парк). Докторката(или козметолог што се нарекува докторка) е УЖАСНА. Ништо не ја интересира за твојата состојба, само гледа да ти препорача што е можно производи од производител со кој има направено договор да зема процент од продажбите. (јас кога бев ми препорача дури 3 креми од ла рош посеј и ме убедуваше дека пудрата од дермабленд треба да ја користам секојдневно за убава кожа што ми беше првиот знак дека нешто не е во ред. Досега немам чуено дерматолог да препорача користење на пудра за поубава кожа. Не знам дали и изгледав наивно ама тоа е).Инаку отидов со проблем за акни и лузни од акни. После два месеци користење на производите што ништо не ми помогнаа а се изнададов пари повеќе одошто имав сфатив дека никогаш повеќе не треба да и стапнам во ординација.
     
  17. nearMe

    nearMe Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    38


    Дали ја купи Ла рош посај?
    бидејќи добри рецензии имА
    ако си ја купила како си задпвплна?
    читав само позотовни коментари
    не е баш ефтина ама може ако пробаш ќе помогне.
     
  18. PissedOff

    PissedOff Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Освен тоа што ти ја прави кожата помека, ништо друго. Не користев една 3 креми користев и тоа 2 месеци значи 2 паковчиња од секоја. Ја користев ефаклар дуо, цикапластот и една крема за сончање.
     
  19. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    La Roche производите содржат силикони и тоа прави илузија дека кожата ви е мазна и мека. Ги користев долго време со надеж дека ќе ми помогнат бидејќи се едни од најфалените но немаа никаков ефект, акните си стоеа дури некои и се зголемуваа, ми се правеа многу поткожни а и лицето ми беше многу црвено и инфламирано..
    Откако престанав да ги користам црвенилото се смири. Не вредат!
     
    На PissedOff му/ѝ се допаѓа ова.
  20. saraaaa123

    saraaaa123 Нов член

    Се зачлени на:
    14 септември 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Бегај од таму додек можеш. Само пари ќе се изнадаваш проблемите ќе ти останат.
     
    На HeyHailie му/ѝ се допаѓа ова.