Во месец јануари се нафрлв ненормално околу носот и устата, од тогаш по препорака на Коста се мачкам со бензоил пероксид и сона, испив три дози Церин капсули и реално намален интензитетот за разлика од првичната состојба ама уште ги има. Од далеку не се познаваат многу само црвенило ама јас кога ќе се видам во огледало толку црнки што ми создаваат огромни пори под очите, а околу устата често знаат да ми излезат и поткожни значи ужас и многу сум разочарана. И моментот е тоа што ми е препишано да пијам роакутан и некои нови капсули сабактазе. Само по некоја чудна шема: една недела да пијам роакутан, три недели не итн. А цело време да ги пијам овие сабактазе. Ќе се отрујам од апчиња. Знам дека роакутанот се пие шест или осум месецу непрестано. Уште ми вика да продолжам да се мачкам со гелов. Првата помисла ми беше-СУША, буквално повеќе сум информирана за роакутанот отколку самиот доктор. Колку што знам додека ги земам нив треба да го хидрирам лицето и секој можен дел од телото какп што се ноздрите, усните, очите и сл. а не уште толку да го сушам. Можеби грешам... Некој да ме советува? Дали да ги пијам само роакутанот или самп сабактазето? Споделете искуство, ве молам.
Кратка дерматолошка хорор приказна Отидов во дерматовенеролошката ординација Меа Медика(спроти градски парк) со проблем флеки и дупчиња по лицето и ми препорачаа дермаролер. Секако пред тоа прочитав се што можев на интернет, од познати дерматолози итн. во врска со третманот. Ме правеше со иглички од 1 мм. Кога започна третманот на челото имав болка но поднослива, но набрзо осетив како мазници крв ми се шират на челото и кога ги отворив очите видов дека ракавиците и беа потопени во крв. Се испаничив бидејќи секоја можна статија напишана за дермаролер вели дека со таа големина на иглички треба да се искуси во најлош случај точки крв по лицето. Проблемот беше што докторката беше премногу агресивена со влечењето на ролерот. Не побарав дозвола и станав да се погледнам во огледало кога видов дека таа мораше ракавиците да си ги фрли во канта сред третман бидејќи беа толку крвави. Ја замолив да престане и да ме пушти да и се јавам на мајка ми. Нагласив дека можеби проблемот не е во неа туку кожата ми е чувствителна и не може да поднесе ваков третман. Тогаш почна хоророт. Почна да ми се дере на цел глас како од почетокот приметила дека нешто не е во ред со мене, дека не требала да прифати да работи со мене, па можеби немам пари за третманот па затоа и правам сцена. Велеше уште од почетокот не сум имала доверба во неа кога јас само барав информации за тоа колку третмани извршила во минатото, дали има лиценца итн. што се прашања што секој ненаивен човек би ги поставил пред ваков третман. Кога се погледнав во огледалото покрај целото чело, веѓите ми беа потопени со крв а имав крв и во косата, а потоа приметив дека мазница крв ми протекла по десниот образ и цел ми беше портокалов. Ова беше откако ми го бришеше челото со памук некои 2-3 пати. Тогаш почнаа да ми се тресат и рацете и нозете. Ја молев да запреме со третманот но таа не сакаше да чуе и постојано велеше "Ќе ми платиш 6.000"..."Ќе ми платиш 6.000"(толку чинеше третманот за цело лице а ми го направи само челото, натаму не и дозволив да продолжи). И ги дадов тие 6.000 за кои беше толку очајна да ги добие и излегов без збор. Ме натера да размислам кои се границите, што се може еден човек очаен за пари да направи за да ги добие. Еве да речеме и дека абнормалното крварење било нормално за ваков третман(што не е во никој случај ама за целта на мислењето) дали тоа значеше дека требаше да продолжи да ми и влече иглите по лицето додека јас се тресев и плачев на столицата? Дали би го направила тоа на сопственото дете? Дали воопшто имаше некава сочуствителност за мене?
Најверојатно не ти е толку проблематично лицето и затоа е помала дозата на роакутанот. Јас кога ги пиев почнав од 60мг и секој нареден месец се намалуваше дозата за 10мг. Кремите и средствата кои те сушат користи ги во деновите кога не пиеш роакутан ако имаш потреба од истите.Дозата верувам дека не голема и мислам дека нема да биде толку суво лицето и останатите делови. Верувам дека ке бидеш задоволна и ке имаш успех.
Зошто си и ги дала парите кои не ги заслужила? Јас би си излегла без збор, за такво однесување треба да одговара. Доколку бараш добар дерматолог, оди кај Др. Николина во Медикуз, предобар однос со пациенти и професионалност
Ги разлистав последните скоро 10 страници, но најчест проблем беше во однос на акните. Јас имам друг проблем со кожата на лицето, поточно имам доста сува кожа и црвенило на образите, ушите и веѓите. Немам никакво перутење, меѓутоа веѓите целосно ги изгубив. Сум била на повеќе дерматолози и сум добивала различни дијагнози: дерматитис, псоријаза, па дури и лупус. Фрлив премногу пари на креми препишани без никакви испитувања и никоја од нив не ми даде резултат. Пребарував на нет за сите состојби но никоја не ми изгледа соодветна на мојата. Дали некој имал слично искуство и може да ми препорача искусен дерматолог од Скопје кој е добар во однос на вакви проблематики?
Ми требаат мислења за Старова. Во главно за чистење на лице од црнки и флеки од акни и по некоја акна)
Ми го препорачаа д-р Кирил Атанасов, се наоѓа во центар. Некој искуство да ми каже? Добро/лошо сеедно.
Не ги пијам бидејќи низ сите аптеки во Скопјево ги барав ама ги нема, повеќето од вработените не ни знаат дека постојат тие капсули.
Денес бев на дерматолог бидејќи имам многу акни на лицето и ми залепија лепенки на грбот и треба 48 часа да стојат залепени и во сабота ќе одам да ми ги тргнат. Има некој искуство со такви лепенки?
Немам слушнато до сега за вакво нешто. А што ти рекоа за што се лепенките? Знам за алергии дека така прават, ако не сум грешка.
Епа сега ако имаш реакција на некоја од лепенките ќе ти кажат на што си алергична. Ама не разбирам зошто за акни прават тоа?
Баш пиши што ќе ти кажат, ме интересира многу. А друго правеше ли, хормонални испитувања или полицистични јајници?
Пиши на гугл patch test и ќе видеш за што се работи. Не сум ништо друго правила. Прво дерматологот ова испитување да ми го направи, па по овие резултати ќе видеме натаму.