Девојки ми треба совет...имам ситни како брунчиња црвени по телото.Мислев дека е некаква алергија и ништо по некое време отидов кај матичната ми рече дека е можеби од промена на прашак,некоја храна или животно ако чуваме дома.Се мачкав со пудра течна и ми гинеа ама пак излегуваа .Пред неколку дена отидов на дерматолог и таа само на рака ме виде и ѓи вика шуга имаш чупе....Јас прашалници цела.....Се уплашив и добро.Истиот ден свелрвата ми кажува дека дома имаме болви.иначе имавме мали кучиња и ги чистевме со прашак протов болви кој знае како се нашле и дома јас сум повеќе нафрлана да речам о ми е страв одма умот секаде ме однесе да не ми се случи ова она што ти не.совет ако може дали е нешто страшно не дај боже ќе помине ли со ова масло за мачкање.Позз девојки
Кај нас најверојатно не ни постојат повеќе дерматолози. Јас бев пред недела дена кај Горица ( карпош ) претпоставувам она е козметолог ( а сама си се нарекува доктор ) жената е ужас , си глеа само џебот да си го наполни , ниту ме прегледа како што треба ниту ништо , прегледот траеше 5 мин и она после отиде некаде со едни гуски кај нејзе што работат и ми направи некакви креми едната беше 800 ден а другата 600 плус прегледот 1200 и фактички те силуваат да ги купиш , и јас со цел памет ги купив , катастрофа услуга , катастрофа козметолог . На никого не ја препорачувам Горица од карпош таа е далеку од дерматолог. И кога прашав кога на контрола ми вика кога сакаш денес се јавив ми вика полно е све , ептен лаже , лично ги слушнав и вработените дека рекоа за Горица дека е зафатена а таа си пиеше кафе пред мене. На никого не ја препорачувам , немојте да си изгорите како мене.
my two cents... главен профит на сите дерматолози е да ви продатат креми и третмани, не да го откријат проблемот и да ви најдат трајно решение. Затоа, мора сами да се едуцирате, од нив нема да добиете "информација". Конкретно за акните, добар почеток е следново видео:
Од скоро ми се појави црвенило на лицето поточно на челото и многу чеша. Пробав секакви масти ама ништо не ми го смири само почна да се проширува покрај носот. Да ми препорачате некој добар дерматолог на државно?
Не. Прво почна на прстите и ми кажаа дека е алергиско од сапун/прашок и почнав да мијам садови со ракавици и ми се повлече, од време на време пак покажува нешто ама не е страшно. И после почна на чело, околу очите, на образи и околу устата црвенило ама ужасно чеша. Незнам веќе што не пробав и од која маст не ставив не ми помогна.
Може да се работи за атопичен дерматитис, но може и да е алергиска реакција. Кое и да е, имаат различен начин на лекување/третман па затоа те советувам да не пробуваш средства на своја рака туку да отидеш на алерголог. Ти ја препорачувам д-р Ежова во Јане Сандански.
Здраво девојки ! После испробани секакви препарати конечно дојдов до решението за моите акни ! Веќе една недела значи сабајле и вечер го мијам лицето со гелот на Микса кој не содржи сапуни , содржи цинк и е за проблематична кожа и НАЈБИТНО КОЖАТА НЕ ЈА СУШИ . После тоа (јас на сабајле практикувам, но може и на вечер БАРЕМ ЕДНАШ ДНЕВНО ) сода бикарбона ставам малку и со кружни движења со јагодиците на прстите масирам , доаѓа како пилинг , околу 5 минути и плавам со ладна вода така и порите се чистат и затварат. После содата одкако ке се измие ставате салицилна киселина , ќе си истурите мала количина во дланка и со прст ке ставате додека лицето е мокро на секоја акна или на делот каде што имате црвенило од акна или лузна. Тоа малку ке предизвика печење и црвенило но нормално е , оставате 5-10 минути и плавите со вода. Потоа никако со крпа , јас користам тоалетна хартија во бела боја и без оние додатни мириси , нежно бришете со тапкање. Не користам никакви креми ! Резултати имам за една недела повеќе од одлични ! Еве и слики од миксата и салицилната киселина
Верувам дека има ефект но на долг рок третманов ќе ти ја исуши кожата, сепак ставај хидратантна крема.
Не користев средства на своја рака туку препорачани од кожен лекар. Ама не најдов решение и затоа сакав да го сменам. Фала за препораката.
Здраво, нова сум на форумот па сакам да прашам нешто во врска со оваа тема.Дали е препорачливо ласерско чистење акни и потоа ласерско чистење на лузни од акни? Имам 17 години па се прашувам дали ласерското чистење има лоши последици или е сосема нормално?
1. Доколку правиш директна апликација на средства за чистење на лицето (сапун, гел за тело, комерцијални козметички препарати)... ПРЕСТАНИ! Кожата на лицето има свој систем за чистење, доволно е само топла вода... под услов да нема други позадински проблеми. Тогаш треба подлабоки испитувања, а не креми, масти и третмани со случаен избор. Освен бактериски инфекции на кожата, сите останати проблеми трајно се решаваат од "внатре", дури и генетски предиспозирани проблеми во поголем број на случаи. Треба само-едукација, за да се има знаење во комуникација со дерматолозите. 1.1 Доколку директно не го чистиш лицето, смени го средтсвото за миење на коса.
Проблемите со кожата се решаваат од внатре (бара знаење, испитување, истрајност).... се друго е апликација на шамари директно на своето лице и севкупно ендокринолошко здравје (hint: влијание на компонентите во составот na комерцијалните препарати и "средства за нега на кожата").
Секако бев на детално испитување и кај гинеколог , немам ниту цисти ниту хормонски дисбаланс . Сите испитувања кои се поврзани со акните ги направив но излезе дека е од храна или надворешно влијание . Па сега повеќе вода , овошје и зеленчук и без благо и газирано За нас не сум сигурна , јас го земав од ДМ Бугарија околу 270 денари таму е поевтино Провери во дм Салицилната киселина е силен кератолитик и доколку ја ставаш директно на кожа не само што ќе се пресуши кожата, туку остануваат лузни. Не случајно во козметичките производи е дозволена салицилна киселина во максимална концентрација од 2%.
Ставам на врвот на прстот и веќе повеќе од една недела немам никакво исушување на кожата ниту пак други иритации освен штп акните значително се намалија , секако се консултирав и со фармацевт Сепак фала ти на споделеното мислење
Здраво, сакам да прашам сите вие што имате одено кај др.Николина Лазаревска во Аеродром во врска со третирање на акни ,лузни од акни, прпширени пори , како сте задоволни од третманите , дали имате значително подобрување на лицето, и дали има некој што завршил со третманите и го има конечно средено лицето.
Не си го троши времето, а ни парите Такви третмани, сама дома ќе си правиш, плус истата терапија на сите ја кажува Воопшто не сум задоволна
Да јас пред некој ден бев само на преглед и ми даде гел Далацин и биодерм крема, па се мислам дали и воопшто да ги земам, некој ја фали некој не .....