Да, јас сум презадоволна од неа. Не знам дали нешто може да се направи во врска со прошерени пори, ама третман на акни, комедони и митисери - препорачувам. Во зависност од тоа дали имаш акни или одиш само на третман за митисери, ти прави фореза со антибиотик или витамин Ц (соодветно). По период од 6 месеци - една година, лицето ми се среди, ама не само од третманите кај др. Николина, туку и соодветна нега на лицето и здрава исхрана. Е сега, третманите се многу важни бидејќи темелно ти го чисти лицето, некогаш еден третман ми е доволен, а кога лицето ми е во лоша состојба одам на две недели (2-4 третмани).
Не знам дали ми е за тука прашањето, ама не најдов друга соодветна тема Сакав да ми препорачате некој добар козметичар (доктор) да одам за чистење на лицето?
На сите најтопло ви го препорачувам др. Старова. Јас веќе 7 години се мачев со акни, пробав буквално СЕ’, од диети, до разни креми и гелови, до “немиење” на лицето, до разни третмани кај 3 различни дерматолошки ординации, тестови за PCOS и на хормони... значи се што можете да замислите. Се беше неуспешно или моментално решение. Пред скоро година лицето многу ми се влоши како никогаш до сега, бев на работ на депресија и не сакав од дома да излегувам повеќе, се дури не отидов кај др. Старова. Човекот е навистина стручњак во своето поле, ми има и порано дијагностицирано други кожни проблеми кои одма биле решени. На почетокот, лицето ми се влоши и немав веќе никаква надеж, но после некое време почна се’ повеќе да се чисти и после 4 месеци јас веќе имав чиста кожа. Цело време се сомневав дека ова е моментално и дека ќе се вратат акните, но да чукнам во дрво еве веќе после 8 месеци јас буквално немам ниту една акна на лицето, само некоја мала ќе искочи во ПМС на брадата и толку. Кожата ми изгледа прекрасно и свежо сега, и конечно стекнав самодоверба. Секоја чест на докторот, сеуште не ми се верува дека дојде денот кога и јас можам слободно да излегувам без шминка, и се надевам дека вака ќе остане за цел живот. Поздрав Спојлер
Дечко ми мака мачи со огромни акни, и не бевме задоволни од другите лекари се додека не отиде кај Старова. Две недели е на терапија и кожата е скоро очистена. И предходно бил на други терапии без никаков ефект. Инаку, од пристапот, ислушувањето, и советите на докторот е задоволен. Се надевам дека овој пат навистина ќе се среди. Гледам и @zhu има одлично искуство. Ќе може ли да ми кажеш дали цели 8 месеци ја третираше кожата?
Каква терапија има? Орално прима некои таблети или само надворешно ги третира акните? И ме интересира дали некои испитувања му направи? Фала
Има таблети, надворешно се мачка со по две креми наутро и попладне, а навечер има комбинација од други три креми. Испитувања не се направија, бидејќи имаше од скоро резултати кои се беа во ред, и рече нема потреба од други испитувања.
Еве го мојот проблем девојки, лицето ми изгледа вака. Нема црвенила (некогаш сосема малку кога ќе расчепкам нешто), ама цело лице ми е исфрлано вака веќе подолго период. Користам тоник и помада на Young Derm, демек за лице склоно кон мрсење и акни што е, сум користела Сона, Еуцерин, Леа, ништо не ми помогнало. Прашањето ми е, дали сум за на козметичар или за на дерматолог? Порано одев на козметичар бидејќи истиов проблем го имав само на челото (од пред некој месец почнав да се исфрлам на образите) и освен што ми се правеше цело чело крвови од стискање, ништо посебно не се случуваше, па за една недела ми се правеа досадниве поткожни... Имам фобии од нивните предлози со цени до небо, бидејќи знам дека поголемиот дел од нив соработуваат со одредени брендови и ќе ми препорачаат се можно од истите или некои третмани само за да фрлам пари, па затоа ако може да ми препорачате некој кој ви решил ваков сличен проблем би ви била многу благодарна
Здраво, Дали можеби си помислила на некое јадење, чоколадо, грицки, газирано да ги исфрлиш од исхраната, или пак си имала стресни ситуации? Пред да посетиш лекар пробај со исхраната дали ке има некакво подобрување, би ти препорачала да ги исфрлиш исто така млечните производи особено сирење кашкавал кои се со поголема масленост. Искрено јас осетив на моја кожа дека исхраната има големо влијание за кожата. За крај најдобро е да се посоветуваш со дерматолог да ти одреди каков тип на кожа имаш а не на своја рака да користиш кремови ем ке фрлаш пари ем нема да има ефект. P.S од мое искуство никогаш не би отишла повторно на козметичар кога се работи за проблеми на лицето. Поздрав и убав ден
и, заборавив околу цените, најскапиот третман кој сум го платила кај дерматолог е 1500ден и нема дополнителни брендови кои мора да се купат да се користат, едноставно во аптека има се што ти треба дали тоник, гел, крем и сл. Искрено кога ке размислам 3 пати повеќе сум платила додека да си го најдам чарето и не се каам за парите затоа што како велат -ликот го продава човекот само позитино за се има лек .
Речиси воопшто не јадам млечни производи, освен павлака чат-пат... инаку претежно здраво се храна, само што воопшто не пијам вода, едвај по пола литар дневно Дефинитивно ќе одам на дерматолог, се мислам за д-р Старова бидејќи слушам многу пофалби, па ќе видам што ќе ми каже. Фала ти на советите
Нема проблем , исто така ти препорачивам витамин Ц да пиеш секој ден истото ќе ти го препорача и дерматологот. Искрено незнам за Д-р Старова, јас сум од БТ и одам кај Д-р Тасевска, резултатот се познава уште при првите третмани. Оди на преглед ништо не губиш барем да ти дајдијагноза тоа е најбитно. Поздрав
Мене овие ми личат на fungal акни, не знам превод на македонски. Личат како тие на чело што се прават од пот и мрсна кожа. Разбарај на интернет, прочитај што пишува. Не ми изгледаат баш како вообичаени акни. Ако отидеш кај д-р Старова, кажи ми ги импресиите и мислењето за него. И јас сакам да одам.
Денес бев, првиот слободен термин е на 26ти септември инаку да, баш се такви како што се прават на чело... јас имам природно мрсно лице, меѓутоа делот кај образите секогаш ми бил посув.
Мал апдејт. Како е сега состојбата? Бев и јас кај докторот, според описов твој и мене така ми рече да ги употребувам препаратите, можеби за истите се работи. Плус антибиотик ми даде. Дали дечко ти пие антибиотик и колку време му рече да го пие?
Јaс личнo не сум зaдoвoлнa oд стaрoвa. Амa јaс немaв прoблем сo aкни туку имaв a и уште имaм црвенилo oкoлу усни и кaкo испукaни се. Агрoн ми кaжa декa тoa е oд пaднaт метaбoлизaм. Терaпијaтa штo ми јa дaде јa кoристев 4 месеци дo пред 2недели aмa не пoминa сaмo пукнaтините се нaмaлијa. Сегa oтидoв кaј Анчевски aмa зa еднa неделa сум нa кoнтрoлa нo ете пaк е пoднaмaленo нo не пoминувa. Акo и oд тукa немa ефек ке oдaм кaј некoј друг. А вo мoјoт грaд ги пoминaв сите и џaбе. Нaјтрaгичнo е штo врскa си немaaт штo ми е.