Вака девојкии гледам дека зборуватее за важетоо лицеее и јас имам големм проблем имам 13 години но имам на челото ситниии бубулици, некогаш и големии бубулици, веќе една година имам бубулици и никако не поминуваттт секакви препаратиии сум пробала, кажете ми дали е до годините мисалм ПУБЕРТЕТ ЛИ Е или не е за да знам што да правам ве молам помогнетее мии неможамм да гии трпаммм
Јас Самоникова не би ја препорачала, првите пати уште во пубертетот одев кај неа и бев крајно нездоволна. Стискање, парење, сите непотребни глупости и бам климицинче само. Со години сум кај др. Светлана и немам зборови колку ми помогна, а ниеднаш немам црвена излезено, секоја пофалба и за работата и за односот. Скапа е, тој со овошни киселини третманот особено, ама одвојувам еднаш месечно зашто за лице се работи. Редовно одење е долготрајна инвестиција, имав испуштено неколку пати да одам и пак џам лицето беше. Инаку работи со француска линија козметика и е врв, за мене.
Одел некој кај Др. Марика (Мери) Николовска, ординацијата се вика МЕА МЕДИКА се наоѓа во Опшина Центар. Јас почнав да одам па да ми каже некој искуство
Девојки, има некој кој има позитивно искуство од Дермамедика, Куманово? Ако некој има одено може да ми кажете колку е цената за преглед, за чистење на лицето? Инаку до сега немам одено, а лицето ми ужассс!
Гледам дека разговарате за дерматолози, сега вака .... Јас имам проблем со акни, веќе 3-4 години.Одев на дерматолози, пилинзи, третмани, користев француска линија на козметички производи, бев на диета...ии ништо од тоа не ми помогна. Мој совет и од мое искуство пред да одите на дерматолог направете си тест на хормони и испитајте тиреоидна жлезда. Јас си чекам резултати од хормони и тиреоидна ... Одев на приватни дерматолози, не сум задоволна многу многу...Сега почнав да одам на клиника, пе ќе видиме. Таму е поефтино и мислам дека се подобри.
tikvi4ka992 не сите проблеми со акни се на хормонска основа, и јас најпрво мислев дека ми е до хормони, кога ме виде дерматологот ми рече не е до хормони, ама сепак имав некој страв и си проверив се ми беше во ред со хормони а лицето ми беше лом, така да искусен дерматолог уште од прво гледање знае да оцени дали е до кожата или на хормонска база.
Devojki i jas imav golem problem so liceto (akni) koi ne se resavaa podolgo vreme. Po neuspesnoto lekuvanje vo kozmeticki saloni resev da se obratam na dermatolog. Mi ja preporacaa ordinacijata Derma plus. So pomos na terapijata i tretmanite na dr.Bitoljanu problemot se resi za prilicno brzo vreme. Toplo vi preporacuvam da se obratite tamu. [mod-kirilica:1hggg37j][/mod-kirilica:1hggg37j]
Има некој одено кај Др.Горица Мислам дека може и со упут, а приватно е 600 денари , и ти дава совети што како да правиш,мачкаш,а после тоа контролите ти се безплатни. Некој искуство ? Имам закажано за сабота,па ако знае некој нека ме извести
Општи прашања Да си прашам ... Да ми препорачате некој добар кожен доктор и да ме информирате дали за прегледи се плаќа или не ?
Јас одам кај Др.Горица и ординацијата и се вика исто. Може и приватно а може и со плави картони. Приватно е 600 денари преглед,и после секои контроли е бесплатно.Јас бев со плави картони,зедов упут и само 100 денари платив за прегледот. Жената убаво седна разговараше со мене,здравствени проблеми , редовен циклус-нередовен. И ми рече дека неможе ништо да ми направи додека не испитам хормони.Вика џабе ке правиме третмани кога утре пак ке ти излезат акните,и што само залудно фрлени пари.Мора рече одвнатре да се среди се па потоа ке направиме третман само за флеки ако сакаш и ако има потреба,друго ништо не чепкаме.Ја има најсовремената технологија,другарка ми ми ја препорача и она е стварно задоволна од неа.Така да сигурно ако појдете на консултација нема да погрешите
Најпријателски ви ја препорачувам др. Николина, ќе се зачудите најпрво од односот а потоа и од ефикасноста на третманите. Не е докторка која гледа само да ти ги земе парите, туку најпрво сака да помогне и го прави тоа. Преглед е 300 ден, секоја наредна контрола не се наплаќа, мене прво ми препорача креми со кои се лекував дома и по брзо време осетив подобрувањето а потоа почнав со третмани. Сега за сега сум била на 3 третмани(еден е 600ден.) и ПРЕЗАДОВОЛНА СУМ. Одете и ќе се уверите, жената е феноменална. И не е скапа, еве ќе ви цитирам нешто што кажа додека ме третираше и ме воодушеви: ‘‘Јас сум учела и за тие што имаат и за тие што немаат пари.‘‘ Поздрав феминки
Јас ја препорачувам др.Самоникова и никоја друга! Жената е прав професионалец, целосно се посветува и ве надгледува за време на сите третмани иако контролите не се наплаќаат. Јас одам таму веќе 8 години и сум презадоволна, лицето ми е џам
Јас одев во дерма бела и сум многу задоволна од начинот, пристапот и негата која ја добивав, а за Д-р Весна имам само пофални зборови...Сега од оправдани причини (финансии) ја немам посетено но доколку сакате навистина може многу да ви помогне, кај неа правев хемиски пилинзи и навистина сум задоволна од резултатите кои заеднички ги постигнавме
Како до чисто лице? Здраво, што мислите за новите апарати кај дерматолозите каде што нема стискање, туку се чисти кожата само со вакуум? Дали се корисни ?