Здраво, имам итна ситуација, би сакала да ве прашам за мислење за доктор Николина, поточно за третман со фореза. Веќе подолг период имам проблем со акнеична кожа, не беше многу сериозно, но веќе година дена ми излегуваат акни и на образите, страничниот дел, којшто предтоа ми беше многу чист, како и на брадата,понекогаш на челото. Со оглед на тоа што имам 19 години и пубертетскиот период може да се каже дека е поминат, се одлучив да одам кај доктор Николина во Скопје откако прочитав доста позитивни мислења за неа. Првиот пат кога бев ми препиша Далацин Ц, го користам и има некој резултат, но далеку од задоволувачки. Ми препорача и производи од Биодерма, мицеларна вода, крем со СПФ, крем за акнеична кожа, кои имаат доста висока цена,а не гледам некој резултат, плус кожата ми стана премногу мрсна. Првиот пат рече дека не е сериозно, а вториот пат кога отидов ми препорача третман со фореза. Ме интересира многу за мислење од некој кој го правел третманот кај неа какви резултати се добиваат и дали еден третман е доволен, како што ми рече докторката? Исто така многу важно прашање, за колку време точно се опоравува кожата од модринки, црвенило и сл. или пак дали е можно да се направи поголем проблем? Не сум правела ништо вакво пред тоа и многу ми е страв, не од болката, туку од можните последици како лузни или нешто слично.
Лузни нема да имаш, ама рачунај една недела ке бидеш како некој да те претепал, ке треба да седиш дома. Имам одено кај неа не ја препорачувам никако. На сите иста терапија дава далацин ц и биодерма без разлика од состојба на кожата.
Земи масло од Дива Роза од Алверде и на влажна кожа секоја вечер нанесувај го и плус на усните и околу усни. Го имав истиот проблем и само ова ми помага. Разни креми ми дадоа и ништо не ми помогна.
Колку пари е преглед кај Николина у Дебар Малоо, дали треба да земам упут од матичен лекар? И каде поточно се наоѓа Медикоз или како и да се вика?...
300 денари е , приватно е не ти треба упат. Веќе не е во дебар мало, во аеродром позади веро е. Искрено не ти ја препорачувам.
Мислам дека има премногу пациенти, па затоа квалитетот на работа и е опаднат од поодамна. Не дека тоа е оправдување, ама за жал го имам тој впечаток за неа како да не може да постигне или едноставно не се замара па на сите им ја дава истата дијагноза и истите продукти. Јас сум задоволна од доктор Верче во Дерма Медика. Одам таму редовно на дерматоскопија и последниве месеци и на третман против црнки. Океј е засега, нема толку гужва, па за понатаму ќе видиме.
Слични се цените како кај доктор Коста во Примадерма мислам дека беше. Првиот преглед за лице го платив само 500-600 денари, не се сеќавам точно. Дерматоскопија им е 1500 ден. Третманите варираат, зависи што ќе одбереш. Последниот пат ме фати околу 2000 денари, правев третман против црнки и плус нешто друго неповрзано со тоа. А ценовникот да бидам искрена го немам ни погледнато зашто одам првенствено за третирање друг дерматолошки проблем, па покрај тоа барам да ми ги среди и митесерите бар еднаш месечно. Океј е, ама си барам некој дерматолог со кој ќе "кликнам". Нина ми беше таква, ама ми се смачи од Далацин. Немам акни, нема поента да го користам.
Николина што има ординација позади Веро, Пикасо мислам се викаше. Јас одам кај нејзе изминатиов период. За гужва дека има сега и не би рекла. Колку пати сум дошла порано од терминот ми викаат одма влези си. Жената последно од досада судоку си решаваше. Друга работа е што на пациент повеќе од 15 мин. не се задржува, евентуално ако ти е прв преглед, па да објаснува што и како. Ми даде Фуцидин крем да го мачкам на акните и Биодерма крема стандард. Ми се среди лицево, океј е, ма да јас и немам некои посериозни акни да треба којзнае каков третман. Имам одено и претходно кога ми се исфрла цело чело од подлогата за шминка на Јангдерм. Ми кажа и самата тогаш дека ми е од лоша козметика што на крај се испостави навистина дека е така. Ми даде Хлорамфеникол маст за дермална употреба за на акните и Авене крема. Лицето стакло ми се направи. Секако и намалив со шминка, односно ставав само коректор на подочници. Е за третмани до сега немам правено и секое искуство би било добредојдено заедно со цената за истите.
Јас одев кај Николина на третмани за фореза и немам никакви лузни бидејќи после третманот ти дава крема за лузни да се мачкаш. Една недела ќе бидеш црвена во лицето, мене од дома не ми се излегуваше ама тоа е сега немам ништо на лицето. Прво отидов на преглед ми даде гел Далацин да се мачкам за црнките и мозолките да излезе гнојот на површина, па отидов на 5 третмани фореза и се мачкав со биодерма и многу сум задоволна, топло ти ја препорачувам. Исто и сестра ми одеше таму, а сестра ми беше со гоолеми гнојници на лицето и ја направи цакум пакум во 6 месеци, ни лузна и остана ни ништо.
Долго време мака мачев со акни и сменив доста дерматолози.Имам искуство со Анчевски, Нина Медикоз ми е потазе, но од неа јас не бев воопшто задоволна и како што прочитав тука и на мене истата терапија ми беше дадена а проблемот не ми се решаваше. Модра бев 2 недели после третманите кај неа.Пред 2 месеци отидов кај Др.Коста дермаплус мислам се викаше ординацијата и човекот навистина ме оправи. Кај него до сега направив 2 третмани во кои имаше чистење,дермоабразија и пилинг некаков.Ми даде и крема Аирол која ја користам навечер.Морам да кажам дека сум навистина задоволна и топло го препорачувам за проблем како мојот.
Здраво, имам проблем со кожата на рацете. Нон стоп ми излегуваат ситни брунчиња кои чешаат и пукаат, па од нив тече вода и потоа се засушува кожата и дури крв ми тече. Се мачкав со маст Бутевате кој многу ми помога но за два-три дена исто пак се појавуваат. Ве молам за препорака на доктор дерматолог во Скопје од кој сте задоволни.
Дали знае некој колку е цената на прегледот кај др.Коста Цветкович во Дерма Плус.Јас кога одев кај него 2014-2015г беше 600 ден.Сега сака другарка ми да оди па ме интересира некој што оди таму да ми каже повеке дали работи уште докоторот или има вработено други доктори .
Кога ќе закажува термин, нека потенцира дека сака кај доктор Коста. И да има други доктори, така и е најсигурно. Инаку за цената не знам, моја другарка одеше кај него, цената само на прегледот беше 600 денари пред околу осум месеци. Не знам дали има промени во ценовникот, може да си праша.
Пред недела дена го носев детето на преглед и чинеше 1000 денари.Мислам дека ако се оди таму на третмани за лице има некаков попуст на прегледот пошто пријателки мои одат кај него така ми кажале а јас порано одев за лицето кај него и навистина ме оправи тогаш.