Најважно од се е да ја знаеш причината за појава на акните. Дали се хормонални или пак поврзани со исхраната. Кај мене проблем беше исхрата поточно не конзумирам веќе 2 години: -млечни производи -грицки(особено сончоглед) -газирани сокови... Моја препорака би било да отидеш кај Др.Старова - во Мавровка
Имам проблем со лузни од акни,црнки,црвенило на лицето,нерамномерен тен,проширени пори,често избивање на акни околу брадата, не ретко и болни поткожни акни.. Катастрофа ми е лицето, без пудра ни во двор не излегувам Спојлер Сакам да ми препорачате добар ама стварно добар дерматолог, не сум од Скопје, ама барам препорака за доктор од Скопје! * За Дерма плус- искуства? И за Агрон Старова исто?
Истиот проблем го имам и јас. Откако затруднив и после породување ми останаа акните околу брадата. Ужас ми е лицево, без пудра никаде не излегувам Инаку за дерматолог за друг проблем што го имав одев кај Бисеркоска во Ремедика и ок беше. Сега сакам пак да закажам за акниве.
Имам предходно пишувано за искуството на дечко ми со акните на грб и третманот од кај др. Старова. После антибиотска терапија и мачкање со повеќе креми кожата се очисти од акните. Е арно ама .. После два три месеци, иста песна. Излегоа пак па дури и бетер, и како пукаат остануваат флеки. Не знам што да правиме више. Се мислам да земам некои препарати од еуцерин или биодерма, гледам имаат некои линии против акни, дали имсте коридтено нешто да споделите искуства?
@ginger ,Јас ќе го препорачам сапунот на Еуцерин околу 200 ден е. Со него обавезно да се бања. Доста помага. Друго немам користено, за да кажам позитивна или негативна критика.
Има ли пробано со апстиненција на одреден вид храна ? Млеко,грицки итд. Исто така сокови никако само вода од 2-3л дневно.
Да, храната му е прилично избалансирана, нема ефект. Пиеше и многу природни чаеви, билки, исто ништо. Ќе го земеме обавезно Немаше терапија на одржување, докторот рече дека е доволно, демек ако се повтори да се оди пак да се продолжат антибиотици. Но, од друга страна антибиотиците му создаваа проблеми, и покрај секојдневното примање на пробиотик. На лицето нема, само на грб.
Дали се консултираше со дерматолог околу акните, дали ти препорача нешто? Според сликите гледам дека буквално со иста мака се мачиме.
Па не еве уште не можам да најдам добар доктор. Се шлапам со пени и гелови за миење, ништо не помага, само полошо си праам..
@Chanell* Сега гледам дека си барала предлог за добар дерматолог. Јас имам проблеми со иритации и сувост на кожата и сум отишла кај доста дерматолози. Најзадоволна сум од Др.Горица. Има приватна ординација на аголот на Партизанска со Рузвелтова
Само Старова.. Кој сака кје му пратам слики да види разлика неколку месеци.. @ginger, bi sakala da ti pomoggnma no neznam kako.. A da probas kaj drug dermatolog?
Пробано е. Отиде кај Старова заради толку позитивни препораки оф луѓе кои средиле долгогодишни проблеми. Искрено да ти кажам бевме пресреќни кога после толку време си ја виде кожата нормална. Не очекувавме враќање на акните Кажи миКаква терапија за одржување имаше ти?
Не ама ми се смачи од секакви креми,лосиони,таблети.. Читав на нет дека постојат повеќе причини за појава на акни: хормонално , креми кои не одговараат на лицето, гени , храна...На крај остана само храна па така престанав да конзумирам млечни производи,грицки,газирани сокови,сончоглед,кикирики,чипс,смоки.. Лицето ми е фала Богу добро .. од време на време кога ке пробам нешто од овие работи ке искочат пак мали ама ништо страшно. Најбитно е да се знае причината за појава на акните за да можеш соодведно да ги третираш.
Кога го прекина антибиотикот претпоставувам се вратија? Што користеше како локална терапија освен антибиотикот?
Клиндамицин антибиотик, Еосин црвена течност, крема мислам миорел беше, и уште една крема која беше микс од неколку креми. Антибиотикот еден месец, кремите два. После два три месеци од користењето се појавија пак.
Јас имав сосем друга терапија. 2 ипол месеци антибиотик minocin заедно со локална терапија (aknefug, sona, леа лосион и уште едена крема која ја правеа во аптека на база на сулфур мислам). Потоа прекин на антибиотикот па уште 2 месеци само со препаратите за надворешно третирање. После тие два месеци, ми остави само една крема за навечер и една нова за наутро (за црвелила и флеки). Се на се 6 месеци беа потребни за да стигнам до крајната фаза со 2 креми и сеуште ги користам. Ми напомена дека кај некои се враќале акните, имало различни случаи. Која беше дијагнозата? Кај мене acne vulgaris.
Истоо!! Но сеуште не дтигнав до терапијата за одржување На неколку луѓе многу им помогнсл сапунот од Алверде , па зошто не пробаш тоа @ginger ем ништо нема да ти штети