Кај Старова колку чини контрола? На преглед 1300 ми наплатија, па сега ме интересира контрола колку би чинело
Во моментов не ми се при рака извештаите, не знам дали беше иста дијагноза.. @ludamaja10 секако планирав да му земам некаква козметика, ќе пробам и со тој сапун. Иначе од друга страна е многу демотивиран и избегнува секаков муабет веќе на таа тема. Ќе земам нешто на своја рака. И многу се радувам девојки што терапијата ви е успешна ❤️ како и да е до крај сигурно ќе бидете супер
Јас би ти препорачала повторно да оди на преглед. Таа терапија сигурно не е доволно добра. Можеби ќе му ја смени. И јас земав на своја рака, сапуни, креми домашно направени и уште триста чуда, само ми се влоши состојбата. Бидејќи најчесто проблемите со акни потекнуваат од внатрешен фактор отколку надворешен. Дури и терапијата од првиот дерматолог се испостави дека е многу слаба за мене. Долг е процесот на лечење ама се надевам дека ќе се среди се.
И јас имам слушано многу позитивни работи за Горица, колку наплаќа преглед дали знаеш? Во зграда се наоѓа сеуште е на исто место?
Имам проблем со црвенило на лицето. Препорачајте ми дерматолог што би ми дал соодветна терапија. Искуства со Др.Бачевски во Охрид и Старова во Скопје? Колку наплаќаат за преглед, колку време се чека за закажување на преглед?
Јас се решив за Старова бидејќи е доста фален и се јавив минатата недела да видам за термин и ми рекоа тек од 9ти Јули дека има термини. А за преглед мислам дека е 800 или 1000 денари.
Здраво девојки, Секогаш сум имала чисто лице, немам посетено ниту дерматолог ниту козметичар, пред 2 месеци ми се исфрли лицето, поточно челото ( другите делови се океј) , имам како некој бели НЕШТА, поизразени се кога имам пудра , мислам дека се внатрешно, ама не сум сигурна... не е нешто страшно, но мн ме нервира, и еден ден бев кај матичната од др причини и ја потпрашав за лицево, ми вика абе земи си сена крема одма ќе ти помине. И јас почнав да ја користам, ама не сум задоволна дури мислам дека ми ја влоши ситуацијата.. Сакам да одам на козметичар, ми ја препорачуваат Катица Најков, Карпош....Мислење?
Никогаш сум немала акни во животов, ниту во пубертет. Пред циклус може да ми излезе мозолче, но за два дена го снемува. Имам црвенило што навидум личи на розацеа, во пределот на образите е само. Само овој период во годината. Може и да е на алергиска база. Сакам соодветна терапија, затоа барам искусен дерматолог, затоа што сите кај што сум била различно ми кажуваат.
јас бев предходната недела кај него 1300 ми наплатија Dali ima nekoj problem so kuperoza ( rosacea ) ?
@Anna-Banana По твоето кажување имам иста дијагноза како тебе и бев на дерматолог ми ја препиша ( т.е ми кажа да си јакупам од аптека) истата крема Bioderma Sensibo AR и само едно ќе кажам-џабе фрлени 1000 денари ни 1% ефект немаше.
^Дефинитивно мислам дека дерматолозите земаат опасен процент од Биодерма. Јас бев кај др. Николина, и истото па истото, Далацин и Биодерма, никаква промена немав ни после неколку месеци, и се откажав. И во аптека кога одев и кога кажував што ми треба, ааа Др. Николина ве прати, што значи на 95% од пациентите таа комбинација ја давала. Не може на сите да им е тој проблем и на сите тоа да им помага.
После толку прочитани мислења на темата очигледно е тоа што @MacaLove го кажа, односно дека Биодерма им даваат процент на дерматолозите за да им ги препишуваат производите на пациентите. Сега ми текнува дека и кога мене ми ја даваше кремата ми даде флаер од Биодерма и ми заокружи која да ја земам со нејзин печат, и ливчето ми го задржаа во аптека (Зборувам за дерматолог што работи во 8 Септември). Инаку колку што истражував составот и не е баш најдобар, односно во декларацијата се среќаваат и штетни состојки. Ако чува некој опаковка нека сликне.