За Старова. Јас бев пред година ипол на контрола, ви ставив и слики before-after пред неколку месеци. Е сега, кожата уште ми е чиста ама на десниот образ во овулација знаат да ми излезат акни, и убедена сум дека се хормонални бидејќи покачен ми е малку андростендиом и сум на граница за PCOS на десниот јајник... СЕПАК проблемот не е до толку страшен и нема шанси да де нафатам да пијам birth-control, ќе пробам со здрава исхрана, здрав живот и медитација да ги регулирам хормоните колку толку. Инаку јас продолжив да се мијам со акнефуг, бидејќи пред некое време пробав да сменам со еуцерин пена за лице и одма почна лицево да ми се замрсува, а после акнефуг ми е таман суво и ми издржува цел ден. Колку е добро за долга употреба не знам, ама барем лицево ми е ем суво ем чисто, а со другиве пени и гелови не знам колку е возможно тоа (треба и на Clinique да ги пробам)
Здраво девојки ви ги прочитав сите мислења во врска со добар дерматолог и заклучив дека се доста фалени др Николина лазаревска, др Старова и др Коста цветковик. Па кој мислете дека е најдобар од нив бидејќи сакам да одам поради проблеми со акни на лицето. И ако има некоја број од наведените тројца.
За акни би ти ги препорачала Коста, на мој пријател лицето му е стакло иако имаше Acne Conglobata сега нема ниедна лузна. А со цените сите се скапи
Почнав да одам кај доктор Анета, во Битола. Денес го направив првиот третман на грбот и рамената. Не ми се прават многу акни (моментално имам само две) но имам многу темни флеки од некогашни акни што никако не поминуваат. Третманот вклучуваше некакво пенкало (претпоставувам дермапен) кое ми ја стругаше кожата (значи буквачно леташе прав од мене како нокти кога стругаш со турпија). Е сега јас пребарував на јутјуб третмани со дермапен, пенкалото изгледаше исто само што тие имаа на кожата некаков гел врз кој им го правеа дермапенот и немаше летање на прав. Мене ми ја исчисти кожата со некаков тоник и почна со тоа пенкалото. Потоа на одредени места ме боцкаше со игла и стискаше. Ме намачка со некој гел па врз него правеше ласер неколку пати. На крај пак ме намачка со нешто и тоа беше тоа. Кога си отидов дома немав никакви црвенила за разлика од девојките на јутјуб кои правеа дермапен. На крај само ми рече мнооогу да се пазам од сонце и никако да не се сончам затоа што ми го отстранила површинскиот слој на кожата. Знае некој што третман беше ова? Како сте задоволни?
Драга, пред сé, мислам дека пред да правиш некаков третман, треба да знаеш што ти прават, а најмалку да го знаеш името. Штом не ти ставале гел, а ти изгледало на пенкалце и имало летање прав а е всушност мртви клетки кожа, претпоставувам се работи за дермоабразија. Е сега имаш повеќе видови, микродермо, дијамантска итн. Друго, во принцип од ласер ти треба неколку дена да заздрави, така да не знам како може да не си имала црвенила, или не било ласер. Инаку третмани во лето не се прават ради сонцето. Сега негувај ја и хидрирај ја кожата. Секое добро
Дерматологот ми опиша што ќе прави и за што служи тоа што ми го прави, но не ми кажа како се вика тоа, а и мене во моментот не ми текна да прашам. И' се јавив денес и ја прашав и да, тоа што рече ти-дермоаброзија ми правела. Тоа беше нели на грбот и рамената. Нареден пат ќе ми направи и на лицето. Иначе како терапија помеѓу третманите ми препиша шампон Кетоконазол 2% и тоник од чајно дрво на Леа. Моите акни биле fungal acne (фоликуларни акни).
Фунгал акне се акни предизвикани од габи. Затоа и ти препишала Кетоконазол Во секој случај не се откажувај и лекувај ги
Zdravo devojki,do sega nemav nekoj seriozen problem so liceto, bubulici mi iskachaa na cheloto dodeka bev vo pubertet no toa pomina,lani letoto pochnaa da mi iskachaat na desnata strana od liceto pred da dobijam a levata strana i cheloto mi bea skroz chisti,no sega pochnaa da mi iskacaat i od dvete strani imam po dve golemi vnatresni bubulici,strav mi e da ne prerasne vo neshto polosho,dali mozhete da mi preporachate nekoj dobar dermatolog...chitav tuka za nekoj Kosta Cvetkovikj pa ako ima nekoj iskustvo so nego neka go spodeli ❤️
Сакам да одам и јас кај Анета скапо е ама на лицето имам мн акни и морам да одам ама нез дали вреди мислев да одам прво на преглед да видам што ќе ми речи и после ќе видам за третмани не се разбирам ниш за ласер за акни или такви работи
Јас сум на втор третман на 6ти август. Откако ќе го седиме грбот, ќе ми прави третмани на лицето за лузните, бидејќи мозолки на лице немам веќе со години. Ако сакаш почекај да видиме колку на мене ќе биде успешно, па после одлучи дали ќе одиш. Сега за сега на грбот не ми се направила нова мозолка, а има една недела од кога го правев третманот. Кожата ми е мноогу мазна, меѓутоа многу сува, а тоа е најверојатно од терапијата што ми ја препиша: лосион којшто е антибиотик (го правеле единствено во аптеката Хигија), го користам еднаш дневно, друг лосион-Хлорафеминкол-се нанесува два пати во денот и шампон Кетоконазол- еднаш денот после туширање на влажна кожа, да стои 20 минити, па да се исплакне. Бидејќи морам да седам гола и водена 20 минити, не знаеш како го светнувам вецето секој ден. Мислам дека нема почисто веце од моето Пред да почнам да одам кај неа, одеше брат ми, ама тој немаше мозоллки како моите, туку огромни гнојници. Него му правеше дренажа на гнојниците и ласер. За терапија му препиша бензол пероксид, една крема за гнојници што става само на мозолката и лосион за акни од Леа. Тој е задоволен од докторката.