1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дерматолог

Дискусија во 'Лице' започната од narcis2011, 22 септември 2011.

  1. NewProudMama

    NewProudMama Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Луѓе не си играјте со лице, одете на добар дерматолог ако си имате мака. За жал јас морав да ги поминам сите квази лекари во државава за на крај Др. Самоникова да ми даде вистинска дијагноза и да си го решам проблемот еднаш и засекогаш. Сум била речиси секаде, и по приватниве дерматолози (Анчевски, Николина, Светлана и други) и на клиника и можам да кажам најодговорно дека нашиве дерматолози незнаат да работат, они се повеќе козметичари отколку дерматолози. На клиника ми ја препорачаа Др. Самоникова и стварно за тоа сум им многу благодарна, затоа што обично нашиве лекари ако незнаат да го решат проблемот не те упатуваат кај некој подобар туку ќе ти одмогнат со незнаење. Женава си ја знае ептен работата и е единствен пријатен лекар за комуникација што влева сигурност и доверба.
     
    На BabyStyle и tinkerbell333 им се допаѓа ова.
  2. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Имал некој искуство со Марга од Прилеп?
     
  3. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    феминки а дали некоја од вас има искуство со дерма медика во Скопје ? За прв пат во животот лицето толку многу ми се нафрла што ни од дома не сакам да излезам. Им го разглердав профилот на фб, ама сепак лично искуство на некоја од вас, многу повеќе би ми завршило работа :)
     
  4. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    126.489
    Јас би ти ја препорачала Благица од студио Б :!:
     
  5. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Дали некој може да ми препорачи дерматолог во Струмица?
     
  6. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.756
    Допаѓања:
    23.954
    Пол:
    Женски
    Јас лично немам искуство, ама ми ја фалеа многу.
    Лично го видов девојчето, имаше мрсна кожа, акни и проширени пори.
    Лицето сега и е стакло.
     
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gaea

    Gaea Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Серена, веројатно се работи за пубертет, но секогаш има повеќе фактори.. Хормони (во контекст на пубертетот), исхрана која е апсолутно многу битна!!! и стрес. Ова се три клучни фактори. Бубуљиците и акните се појавуваат најчесто во пубертетот, но иако звучи зачудувачки кај некои луѓе се јавуваат околу дваесетата година. Јас на пример во пубертет немав проблеми од овој тип, а после дваесетата веќе имав... Така да, ќе ти дадам најискрен совет од искуство.

    1.Ќе обрнеш внимание на исхраната. Млечни производи НЕ! - особено предизвикуваат проблеми!, јајца-исто така големо не!, мајонез-никако. Конзервирани работи пр. паштети - не! Ќе избегнуваш пржена храна, повеќе фокусирај се на варено и мноооогу свежа храна-овошје и се разбира многу зеленчук-особено свежи салати. Знам дека звучи комплицирано, но предноста е во тоа што си млада и ако уште сега ги стекнеш овие ДОБРИ навики на исхрана ќе имаш големи бенефити од неа и од други аспекти. А добрата исхрана ќе влијае и на подобро „расположение“ на хормоните, како и на стресот.

    2. За да помогнеш во елиминација на стресот запиши се на вежбање. Пример. пилатес, аеробик, јога, зумба.. Дури и да не сметаш дека си под стрес, ќе ти кажам дека сите сме подложни на него.. Во врска со школо, факултет, работа, финансии, друштво и.т.н. Вежбањето е исто така една совршено здрава животна навика и треба да биде неизоставен дел од сечиј живот.

    3. Задолжително посети дерматолог! Тој ќе ти советува што треба да се превземе во врска со твоето лице од медицински аспект и ќе ти препорача соодветни креми, или терапија за нега на твоето лице. Јас можам да ти кажам кои креми јас сметам дека се добри, но сепак да не се мешам тука, бидејќи секако дерматологот е покомпетентен. Би ти ја препорачала др. Гордана од ординацијата Дерма Сана од Скопје. Мене лично ми има помогнато, а исто така видов дека и други луѓе на форумов ја препорачуваат.

    И за крај... Се надевам ќе се обидеш да ги примениш моите совети, бидејќи се најдобронамерни, искрени и базирани на искуство. И се разбира, ако имаш некои прашања, слободно обрати ми се.

    Поздрав!
     
    На lanaem, Pamela Daisy и SV1911 им се допаѓа ова.
  8. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Бил некој кај др. Нина во Медикоз брзо време. И звонам во ординација ми вика повикот не може да се воспостави :?: а не сум од Скопје па затоа ве прашувам. Да не е сменет бројот или да не е на одмор, не знам што да правам :|

    Едит: готово завршив работа, ја добив докторката на тел. :)
     
  9. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132

    Јас го имам најниското мислење за неа и нејзината "ординација" која истовремено е и доктор и дерматолог и морам многу да ја критикувам !!! :devil:
    Одев 3-4 месеци ,немаше некој голем ефект и целиот третман се засноваше на стискање и ласер,ласер и ласер 3-4 пати неделно , а да не спомнувам за негативниот ефект од зрачењето.
    И крајот на нашето дружење заврши кога ми ја погреши маската за лице (ми стави маска со овошни киселини) која не се користи при високи температури,во летно време и тогаш лицето мое ми стана најнајнајужасно во текот на сите 7 години откога ми се појавија акните. Тука заврши дружбата со неа!

    А да кажам збор-два и за Благица од СтудиоБ , одев кај неа , и бев многу задоволна но третманите се доста скапи и контроли и сите други кремови , и тоници кои ги дава таа.Во првите 2 месеци можеби и до 6000ден ме чинеше ,третман секоја недела , контрола 2 пати неделно, тоникот , кремот...
     
  10. Ketrin86

    Ketrin86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    За сите оние кои имаат било каков кожен проблем најтопло ви го препорачувам Др. Коста Цветковиќ.
    Внука ми имаше тешка форма на акни и он беше единствениот од сите можни дерматолози во градов што и помогна.Ординацијата му е во аеродром и има долгогодишно искуство на клиника. :)
     
  11. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    145
    Нешто најдобри во Македонија е ДермаПлус во населба Аеродром, проверено од мене и моите другарки и за влакна/ласер и за кондиломи, докторот е од клиника, топ.
     
  12. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Препорачајте ми некој добар дерматолог во Прилеп :?:
     
  13. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Како до чисто лице?

    Најпростиот и Најточниот одговор:

    Посетете дерматолог! Не би ве советувала да посетите државен(по мој совет, бидејќи помошта нивна е нула- нормално кога е ефтино), туку посетете некој кој стварно има завршено квалитетен факултет и има познавање во таа работа и е фален од Многууу пациенти.
    Можеби, не можеби, туку сигурно е многу поскапо... можеби само за преглед би ви побарале 200-300 денари но вреди се до последен денар. Докторот ќе ви каже каква кожа имате, кои продукти да ги земате а не само од РЕКЛА-КАЗАЛА да купувате, па може дури и третман да ви изврши.

    Кај мене примерот беше...долго време имав шуга по цело лице :| одев на кожен доктор во болница, и упорно ми даваше една маст, од која само ми се ширеше шугата :( Ми рекоја да посетам една докторка, и таа ми напиша рецепт да појдам во аптека и да си ја земам кремата (ја правеа кремата по рецепт)...се намачкав два пати, и ја снема. ЗА ЕДЕН ДЕН!
    По некое време почнаа да ми излегуваат поткожни цисти, тие се оние бели мали, кои ако ги чепкаш стануваат црвени и големи и болни :worried: Ја посетив пак, ми ги исчисти, ми препорача да си земам креми и лосиони од аптека од линијата ЕУЦЕРИН бидејќи таа ми одговарала. Но на крајот од се, сите пари кои ги фрлив, ВРЕДЕА! Лицето ми е од чисто, почисто( да не го зарекнам пу пу пу) :D
    Затоа ве советувам, посетете доктор.
     
  14. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    Како до чисто лице?

    Убав совет даваш секако се согласувам,најдобро е посета на дерматолог :clap:
    Ама оваа констатација дека приватните се пообразовани и поквалитетни ти е ;( За жал во Македонија единствено вредат тие што останале по државни болници нешто и знаат, но :!: бидејќи не се нечии синови и ќерки не си отвориле своја ординација за жал :fubar:
    Еве го моето искуство со дерматолог од Прилеп во државна установа :!:
    Имено имав бубулици како секој тинејџер и едно време се нафлив за 2 дена бев шарена и грозна за гледање,немаше место каде немам гнојна бубублица. Бев на дерматолог и докторката само што ме погледна ми даде лосион АSQUAM на природна база на прополис и ги излечив за една недела џам чисто лицето ;) А моја другарка најблиска во исто време одеше на козметичар и даваше секоја недела 50 евра за креми и плус третманот за да на крај биде цела со дупки бидејќи ја стискаше паметнава козметичарка.
    Така да порачувам посета на дерматолог ако имате на 17,18 год и ако ви е поисфрлено лицето да не одите за 2,3 бубулици :D сакам сите да имаме чисто лице,за да не се нервираме :)
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.170
    Пол:
    Женски
    Како до чисто лице?

    Епа не би се согласила со тебе за жал, баш ми е мило што тебе ти се погодило, јас сум убедена дека се ретки тие дерматолози кои работат во државни установи и си ја работат работата фер и коректно.
    Мене дерматолог од државна болница ми го зезна здравјето феноменално и дур сум жива нема да се појавам таму и ќе си одам на приватно. Среќа моја немам повеќе потреба од дерматолог и искрено се надевам дека нема да имам, зашто ситуациите низ болниците се благо речено катаклизмични!
    Ништо не знаат, поима немаат и се понашаат ко изгубени во свемирот и гарант се пикнати таму на работното место колку да го пополнат после заминувањето на мамичка или татичко во пензија.
    Не знам и не ме интересира за ситуацијата низ другите градови, кај нас е така и жално е, навистина.
    Срамота.
     
    На Pamela Daisy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Значи дерматолог и козметичар не е исто! Дерматолози кои имаат свои ординации се специјалисти, со незнам колку сертификати и признанија , а козметичарките се само...козметичарки. Но супер еве кога тебе ти се погодило, се надевам и на други ќе му се погоди! Пак мој совет е...дерматолог специјалист!
     
  17. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    И мене ми е мило што ми се погоди :D И добро знам што е дерматолог,само онака споредив дека јас имав среќа за 300 ден да го средам лицето :lol: Зависи од докторот нормално секаде има секакви ама не мора да значи ако некој има пари да отвори приватна ординација и има убав мебел е стручњак нели ? Анчевски е познат ама братучед ми го уништи,ко чудовиште е во лицето сега :doh: Најубаво е посета на дерматолог но се зависи на кој ќе налеташ и ккао ке ти делува терапијата !!1 нека е со помин :D
     
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    126.489
    Студио Б :!:
     
  19. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми добар дерматолог во Скопје,може да е и приватна ординација,само да не биде ординацијата на Др.Пешиќ,незнам баш точно како се викаше,но имам лошо искуство со нив порано
     
  20. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Од кога почнав да одам кај д-р Николина Лазаревска си го најдов спасот за моето лице. Јас најтопло ја препорачувам. Подобра од нејзе за мене нема!