Здраво девојки дали некој ги има пиено апчињата спиранолактон,бидејќи мојот дерматолог сега ми ги препиша да ги пијам а пред тоа пиев миноцин. Но не ме прати да проверам хормони само така ми ги препиша ниту пак ме праша дали пијам некој други апчиња или сум алергична на нешто. Дали мислете дека може да процени и така без испитувања бидејќи некако ми е чудно, и дали некој се нашол во слична ситуација
Како што знам тие апчиња се деуретик и се препишуваат за исфрлање течности. Не ми е јасна поврзаноста. А миноцин ми ги препишаа и мене за акните, почнав да ги пијам денес. Дерматологот не може да ти даде упат за испитување хормони, тоа може само гинеколог и за одредени хормони може специјалист.
^^ Спиронолактонот се дава и за покачен тестостерон, зголемена длакавост... Ама не знам зошто ти ги дал без анализа никаква, следно видување прашај го. А колкава доза ти даде?
100мг по едно на ден треба да ги пијам 3 недели па на контрола. Само сега некако ми е шубе да ги пијам
Jas zemav spironolakton 100 mg po edno na den i mnogu zadovolna bev .. So niv treba da vnesuvas mnogu voda ne znam dali ti kaza..
Јас веќе кренав раце од се, идев на третмани, пиев антибиотик, локални терапии со клиндамицин и акнефуг, станав веган, откажав шминка.... Се со привремен резултаѕт. Амтибиотикот ми го исчисти лицето и такво ми стоеше година ипол ама пак се вратија акните пред 2-3 месеви. Отидов пред 1 недела на ендокринолог и ми препиша спиронолактон КОНЕЧНО. Инаку покачени ми се андростендион и 17-хидроксипрогестерон. Почнав со 2x25мг на ден, првите 3 месеци вака ќе биде, после ќе ја покачиме дозата на 1x100мг па се надевам дека конечно веќе ќе се исчистам засекогаш.
Не сум имала акни иако го поминав веке тој период додека сите имаа ама еве искуство ке ти кажам од дечкоми додека бил средношколец имал мн акни и црвенила дури претерано све зимал и секакви креми без разлика на цени ама нишо не му помогнало и почнал со лимон секој ден да го мачка лицето и се спасил од акни
Немој никако да си го пробувала тоа. Лимонот е толку агресивен што може да ти останат флеки на кои ќе им требаат години за да се регенерираат. Не е секоја кожа иста, особено не таа на мажите и жените. Докторов вика How to ruin your skin naturaly. Спојлер: Видео
Препорака за дерматолог? Ми треба за екстремно сува кожа, со чешање со се. После два поминати дерматолози и дијагноза "иритација нишо страшно, држ крема мачкај" без никакво подобрување, упатете ме кај кој да одам.
Така и се вика ординацијата http://drgorica.com/ еве линк Редовно одам кај нејзе за чистење на лице, имам осетлива кожа склона на иритациии и ми беше преесува, единствено од кај нејзе не добивам никаква реакција после третмани, гелот и кремата за сува кожа што ми ги даде ги користам редовно и од тогаш немам проблем, докторкава ме спаси.
Здраво женски дали има врска ако се прекинат апчиња (поточно станува збор за спиранолактон) на ден два и се конзумира алкохол дали би сметало
Дефинитивно здравјето, но мислев на чаша вино за викенд едно пиво пример ко за друштво башка и празници се ближат онака за опуштање Како и да е ќе си продолжам со водичките и сокчињата уште долго.