На рекорд се наоѓа од позади се влага. Ужассс а јас очекував сега доктор ќе ме пречека во бел мантил, сепак се работи за најдобар дијагностичар. Комедии хахаха
дајте предлог за добар дерматолог/козметолог во Скопје кој прави третмани-( не стискање и препорака да купиш 1 милион креми)- Сакам да одам на некој третман кој таргетирра одредени проблематики како дамки од акни/сонце и дупчиња на лицето. До сега каде и да сум била те зирнува дерматолог и потоа неговите вработени те стискаат и толку.
Итно мислење за др. Старова, каква терапија дава, цена на преглед и цена на терапијата, и други искуства?
А мезотерапијата дали е безбедна, тоа е со иглички нели, да не пукаат капиларите и да не ми се оштети лицето, бидејќи јас ќе го правам овој третман и која е цената?
Д-р Ивана Панговска во Промедкка медикал центар. Работат со фонд, се закажува преку матичен. Јас сум мн задоволна од неа. Имам одено за акни и себореичен дерматит.
Би ве замолила препорака за дерматолог на државна - конкретно ме интересира искусен дијагностичар за бемки. Фала ви
Јас бев во мојот град кај дерматолог за лицето бидејки имам многу акни црвени и болни на допир Ми препиша антибиотик и ми рече 15дена после доручок да ги пијам Ми препиша и еден крем,лосион и гел за миење и ми рече наутро миење со гелот и ставање од кремата,напладне пак миење и крема и навечер миење со гелот и чистење со лосионот Малку ме зачуди ми даде рецепти и ме прати во аптека таму треба ли да се направат Отидов јас во аптека ми ги направија тие работи и почнав со употреба денес ми е 4ден но не гледам некое подобрување уште и ми излегуваат уште И ми рече после 15дена да отидам требало некој други апчиња да ми препише,навистина незнам на што сум и дали е нормално да пијам апчиња Еве и слика од тие сега што ги пијам
Ниту една терапија нема да даде ефект за 4 дена. Мора еден месец минимум, а најдобро 3 за воочливи резултати, нели во зависност колку е сериозен проблемот. Јас кога пиев антибиотици (не беа овие, поинаку се викаа) и локална терапија, ми требаше 2 до 3 месеци за резултати (ги пиев 3 месеци таблетите) а после уште 3 само геловите и кремите. Едит: сама барав да се прекинат, оти веќе исчистено ми беше лицето но поважно е што многу јаки вртоглавици имав како side effects. Не значи дека и кај тебе ќе има но обично се појавуваат, истражи за таблетите и кремите, да знаеш што да очекуваш.