Женски здраво. Ме интересира искуство со Др. Старова но конкретно за лузни од акни, акните ги средив, па сега се мислам дали вреди да се оди кај Старова за за лузни од акни или да си почнам со третмани за лице како хемиски пилинг и слично?
Da ne znae nekoj taa doktorka Nikolina kaj rabote imam eczema suva kozha nema kaj ne odev ne se zamaraat pa baram od nea broj ali ne najdov lokacija kaj i se naogja ordinacijata ako znae nekoj neka mi pise
Здраво.Ќе може ли некоја од вас да ми препорача дерматолог кој работи microneedling/дермапен за отстранување на лузни од акни,некоја со позитивно искуство.Исто дали некоја од вас ја има користено производи од фирмата Nexultra? Ви благодарам.
Dali nekoj ima iskustvo so laser za otrstranuvanje crveni fleki od akni? Koja e cenata? Od kade ste zadovolni?
Сакам да одам во Дермаплус на третмани, но сакам да слушнам мислење од кој третман сте имале видливи резултати. Пред една година бев на Роакутан 6 месеци и немам веќе акни (чат пат по некоја), но имам дупчиња и нерамномерен тен. Што би ми препорачале и која цена се движат? Не очекувам чуда од еден третман, па планирам неколку месеци да одам.
Мислење за дерматологот Кирил Атанасов? Во центар некаде се наоѓа ординацијата Имам проблем со акни, па ми го препорачаа
Јас го имам правено дермапен третманот повеке пати. Сигурно за период од 2 години имам направено 10 пати.Ке ти ја објаснам целата процедура.Те мачкаат со крема анестетик за да не те боли,со кремата едно 10 минути,те бришат и со мали игли на еден апарат се поминува низ цело лице.После тоа си црвена 12 до 24 часа.Значи наредниот ден се функционира најнормално.Јас приметував дека после едно 10 дена од третманот лицето ми беше супер и сите ме прашуваа што сум правела.После третманот мачкав крема Пантексол или Биодерма цикабио за побрза регенерација. Го правев во Дерма Плус и ме чинеше 2000 денари. Имам прашувано и на други места за цена и како што се секавам беше поскапа цената (околу 3000 до 4000 илјади ) во други кожни ординации. Јас сум многу задоволна од третманите,но сепак мора да се направат повеке за видливи резултати. Тогаш докторот ми објасни дека годишно треба од 4 до 7 третмани.
Откако ги прочитав скоро сите мислења во темава се решив да одам кај Др. Николина. Дали морам да правам преглед или можам дирекно да си закажам термин за микродермоабразија? И дали сега работи во Пикасо ординацијата во Аеродром?
@Elence93 Здраво, ти имам пишано приватна порака, дали можеш да ми одговориш, од големо значење ќе ми биди, фала
Искрено полошо искуство од дерматолог сум немала. Само ме стискаше од што ми се правеа огромни рани на образите кои мораше да заздрават месец дена. Само мачкав антибиотик на лицето и се враќав на неколку месеци за повторно да ми направи рани. Прегледите траеа 30 секунди, некогаш и пред ординацијата ако докторката беше излезена на цигара. Направив 4 третмани без никаков резултат, само болка од стискањето
Немам препорака за доктор, но во меѓувреме можеш да го третираш вака. Ова е препорака од сертифициран дерматолог.
Здраво, имам проблем со акни. Бев на дерматолог, само ми ја виде кожата, ми препиша терапија која кошта +5000денари, ми рече дека треба да направам и третман кој кошта 1500 денари и контрола на две недели. Е сега бидејќи сумата и не е баш мала не би сакала за џабе да дадам толку пари, ме интересира некоја од вас која била на дерматолог за акни дали без никакви испитувања даваат терапија. Т.е ме праша за полицистични јајници , но немам, и дека треба да испитам трет ден хормони, но ми рече дека можам дс почнам со терапијата иако сеуште немам резултсти од хормони. Ве молам за помош некој кој има вакво искуство
Во последно време имам проблеми со кожата на лице. Не користам јака шминка, само хидратантни креми и кожата како да ми јавува алергија. На неколку места е црвена и што и да правам како и да ја исчистам, се приметува. Сакам да одам на некој третман за чистење на лице да видам дали ќе помогне нешто. Ако помогне да си ги терам редовно. Совет од ваша страна, третман во козметичко студио или не?