Ова на егзема личи, мене вака ми се прави, само помалку, во зима и во лето најчесто. Пробајте мачкајте со Антикорт на Фризидерм. Ама исто ќе му поминува и ќе му се прави пак. Помалку во вода да ги држи (да не мие садови де ) и ракавици на ладново обавезно. И видете некоја крема за раце со уреа да мачка. Ако се влошува, обавезно на дерматолог, може некоја терапија да му даде.
Егзема е ова. Оваа крема мене најмногу ми помага а секакви сум пробала. Како што пишала Нарцис, нема таков лек за да сте сигурни дека никогаш пак нема да му се појави. Но, сепак кремата е доста добра. Се нанесува само кога има проблем, на сува кожа. Еве мене оваа зима за среќа не ми се појави. И најважно, кога ќе мие раце, обавезно потоа обична крема за раце. Јас сум најзадоволна од следнава и мислам дека најголема улога имаше во тоа што оваа зима конечно спас видов од егземата. Ги има и двете во аптека, последно во Зегин гледав.
Јас одев 5 месеци кај него и не бев задоволна.Ме лечеше со креми на ,,био дерма,, капки и таблети ѓи заборавив кои беа.Еднаш ми правеше и третман ,,дерма пен,, од кој после цел месец не можев лице да смирам ме печеше и беше многу црвено.Ова е мое искуство од кај него,може има задоволни луѓе и им помогнал да решат проблем.
Јас и колешка сме кај него веќе 5 година и сме презадоволни.Што се однесува од мое лично искуство топло ти го препорачувам. Последно бев минатата недела затоа што кожата на лицето во т зоната после ковид почна да ми се лупи,да ми перути,постојано да ме чеша и да ми е црвена.Ми даде крема и наредниот ден кожата почна да ми заздравува.
Јас денес бев , и ми рече следно да си направам чистење на лицето , класично а реално немам проблем со акни само имам доста џрнки на брадата и по некоја акна пред добивање , дали имате правено такво класично чистење на лицето ??
Јас класично чистење на лицето правам 2 пати во годината,чисто за одржување на лицето бидејќи немам проблем,но колешката има проблеми со лицето и чистење прави секој месец плус третмани кои и ги препорачува докторот и е презадоволна од којда до која состојба и се промени лицето со текот на годините. Беше искрен и и кажа дека да не очекува чудо од еден третман,дека треба третирање,и пауза од третман до третман.
Јас сум правела кај нив океј се, само треба редовно за да има ефект. Да егзема е ова, и да се мачка кортико крема може до 14 дена повеќе не.. нешто мрсно и хидратантно да се мачка а од ладно дополнително се прави. Посетете дерматолог секако.
На мене ми личи на контактен дерматит, истото го имам и јас декотал крем ми помага најмногу, кортикостероид е и за 1-2 дена се повлекува.
Kortiko krem 14dena ako ne pominuva neka prodolzi so hidrociklin mast Za dermatolog mislam doktorka damevska na drzavna
Neka vnimava i na ishrana Majkami go ima istiot problem Domat limon citrusi takvi raboti da namali skoro da ne jade nekoe vreme Sampon sapun hemikalii posebno neka vnimava sjaj neka ne koristi Dermovatot od danska ni go nosat neznam dali ima vo mk ili ne ako go kupevte od mk kazi mi od kade za i nie da se snabdime odtuk
Имам егзема или атопичен дерматит на рацете, и како што забележувам после миење на садови ми се појачува чешањето. Каков сјај да користам, совет?
Здраво девојки, ве молам да ми предложите дерматолог во Битола/Охрид/Прилеп. Имам акни и се изнадавав пари на разни креми и гелови и никакво подобрување. Ве молам предложете ми некој добар.
Мене од време на време ми се јавува слично. Не ни знаев дека може да е егзема... мачкав со природна крема на база на невен од Берово земена од луѓе што прават природни креми и поминува за ден два.
Ме интересира дали има кортико крема (претпоставувам мислиш на топикални стероиди) што не е на рецепта? Не се разбирам баш во кремиве па би ми значело малку помош ☺️ тенкс
Predlozete dobar dermatolog vo skopje za klasicno cistenje lice,nemam problem so liceto ama ednas se zafrknav so kozmeticar i ne bi sakala pak
Здраво, имам проблем со акни на грб.. ако може некој што имал сличен проблем да ми препорача добар дерматолог во Скопје