Како до чисто лице? Девојки пишав во темата дерматолог, некој да ми препорачи, па никој не вратии ( затоа и овде ќе прашам, во среда со мајка ми ќе идам во скопје, во населба центар, сакам да посетам дерматолог на државно, бидејќи приватно ќе немам услови за жал, сакам да ми препорачате ако може и во др населба блиску центар, но ако знаете за во центар уште подоброо. пробелмот со лицето не е катастрофален,но сепак.. на левиот и десниот образ имам флекички мали црвени, не се познаваат мноогу, но сепак не сакам да ги имам, а на челото имам ситни брунчиња, имам комбинирана кожа, која брзо може да се измрси и премногу чувствителна па затоа сакам да посетам некој демратолог кој се надевам ќе ми помогне, зашто више неможам ваакаа...фала ви однапред
^^ mila7, ако сакаш приватен дерматолог во Скопје оди кај д-р Николина (Нина) Лазаревска од приватната ординација Meдикоз. Мислам дека прегледот чини само 300 ден. Инаку, овде на форумов сите ја фалат, башка ординацијата и се наоѓа во Центар (Дебар Маало). Улицата е "Орце Николов" бр.111 Тел. 02/3131-386
Како до чисто лице? само што разговарав со мајка ми, баш истата докторка и ја препорачала и една нејзина пријателка, и одлучивме да одиме кај нејзе, инаку фала ти за препораката
Како до чисто лице? До каде бе со ,,Докториве,, и здравствово??? Идиш на доктор бараш ЛЕК против акни по 50тти пат и ти вика ,,Кога ќе родиш само ќе ти се очисте лицето,, ??? Леле боже мили Зарем само роди и чао е работава ??????? Мислам стварно не знам што веќе да се прави
Како до чисто лице? Затоа пред да одбереш кој да ти биде лекар, прво ке се распрашаш ке прогуглаш Не можете да дозволите било кој да ви биде дерматолог еве конкретно во случајов. Барем за нив има цела тема на форумов со критики пофалби коментари....
Како до чисто лице? Ама не заборавај и дека секој не може да си дозволи да патува постојано во друг град на прегледи, зашто факт е дека поквалитетните дерматолози (барем и според моето искуство) се низ ординациите во Скопје.
Како до чисто лице? Да ама барем треба да се распрашаш за оние кои можеш да ги посетиш, т.е. оние од твојот град. Незнам не сум била многу по другиве градови низ земјава, ама сигурно не е само еден дерматолог во цел град. Зборот ми е, кога веќе си решил да го довериш лицето некому треба да го одбереш најсоодветниот. Ете на темата за дерматолози се дискутира и за дерамтолози од другите градови. Ако не можеш да дозволиш да доаѓаш во Скопје, одбери го барем најдобриот од твојот град Кога дерамтолог би ми рекол да родам бебе за да ми се исчисти лицето ич не би размислувала дали да го сменам
Како до чисто лице? Муабетов не ми беше за дерматолог. Се однесуваше на општ доктор кога се обратив првенствено , таму така ми кажаа за зал а за дерматолог чекав месеци за да го одберам правиот па се надевам и го одбрав сега правиот
Како до чисто лице? A па ти ако очекуваш општ лекар да ти каже си ја утнала работата Единствено што можам да те советувам е додека ти трае терапијата не употребувај пудра или било што од декоративна козметика на лицето. Без разлика какво ти е лицето, гледај тој период да ти дише слободно лицето. Ти гарантирам дека ке имаш побрзи резултати, во споредба кога би ја имала истата терапија но би коритела и пудра.
Како до чисто лице? Девојки пред 2 дена бев на дерматолог, конечно, кај Николина Лазаревска. женава беше многу фина и добра, ми даде далацин гел да го користам 2 недели, потоа еден крем само за навечер за црнки, и еден сапун weleda од невен и тоа.. многу ја имаат фалено, а и по форумов читав, се надевам ќе ми се исчисти..
Како до чисто лице? Чисто информативно, во мојот град моментално нема ниеден дерматолог. Имаше еден, но сега се пензионира, а сега еднаш неделно доаѓа дерматолог од Скопје. Се работи за голем град, не е помало гратче. Bubac, се надевам дека си го нашла вистинскиот дерматолог, муабетот ми беше, не сите градови имаат дерматолози, не пак повеќе, па да си бираш. Ако можеш да си дозволиш, моја препорака е Скопје. Лицето е нежна работа во која вреди да се инвестира. Иако на прв поглед требаат многу пари за редовни прегледи во Скопје, кога ќе размислиш на долг рок се исплати, затоа што во меѓувреме може да фрлиш многу пари на погрешни терапии кај некомпетентни дерматолози, кои во најдобар случај нема да ти ја променат состојбата. Доколку не правиш третмани во ординацијата и имаш препишана терапија, прегледите и не се толку чести, па нема да треба да доаѓаш секоја недела.
Девојки јас мака мачам со лицево веќе 8-9 месеци. Пред тоа си имав нормално лице, ваму таму ми се појавуваше некоја акна што од пубертет, што пред менструација, но не беше ништо страшно. Во периодот околу јуни на десниот образ ми се појавија 3-4 акни една до друга, огромни. Јас идиот ги испостискав, и ми се направија флеки што без коректор ми беше срам дури и на плажа да се појавам Од тогаш на десниот образ постојано ми излегуваат акни, таман ќе ми се исчисти малце, уште флеките ќе ми останат и ете ти тогаш ќе ми се појават неколку одеднаш и мали и големи. И така кога ќе ми се средеше на краток период си се надевав дека немам никаков проблем, ќе си се среди само од себе, но ништо од тоа. Најголема грешка ми беше што секогаш ги чепкав, несвесно. Јас знам дека тоа воопшто не е убаво, ама ете несвесно во нервоза рацете сами таму ми одат. Последниов месец толку ми се влоши таа страна, целата ми е со флеки и се повеќе и повеќе ми се нафрла со тек на време. Дојдов до степен да не можам да излезам до продавница без коректор или пудра, и да станувам очајна штом ќе си се погледнам во огледало. Флеките ми се најголем проблем, затоа што инаку кога ќе ставам пудра или коректор, не се познава речиси ништо и нема нерамнини, но без нив изгледа ужасно. Сфатив дека веќе навистина ми треба помош, затоа што само од себе не поминуваше никако. Гледав по форумов и ве читав, видов дека сите ја фалите др. Николина и си закажав за преглед. Бев денес ме прегледа и ми даде антибиотик за активните акни и крема-овошни киселини која треба да ја мачкам навечер на цело лице освен активните акни. За жал, за флеките ми кажа дека се лузни кои многу тешко се лечат, се разочарав многу, но ете ќе се трудам. Многу е фина, ми објасни што довело до таква ситуација, односно дека имам жариште на тоа место, и бактерија која се проширила со самото стискање на акните. Не знам колку ќе успеам да се средам, криво ми е многу и се каам сега што не отидов порано, само се надевам дека ќе биде успешно и ќе има некакви резултати... Затоа девојки не бидете смотани како мене, ако видите некаква негативна промена посетете веднаш дерматолог... Јас од денес почнувам со кремиве, за 3 недели треба повторно да одам на контрола, само се молам да се среди
Гледам дека многу ја фалите др. Николина Лазаревска па и јас размислувам да си закажам преглед кај неа. Само ме интересира до кои цени се движат третманите и дали некој вклучува стискање, бидејќи како што знам тоа не е препорачливо зошто после останува флека или дупче на местото кај што била акната.
Здраво девојки, вака имам проблем со моето лице, пробав се, но никако подобрување да видам, порано имав, но не како сега, се повеќе и повеќе сега ми останува уште дерматолог да пробам, но бидејки живеам во странство, не можам овде е многу скапо, па девојки ако има некој посетено дерматолог, можете да ми кажете искуства, најчесто од што доаѓа до тоа.Благодарам однапред.
здраво сакам да прашам дали некој има искуство со докторката од ординацијата САНА ДЕРМА-ДЕРМИКА во Скопје...
Се решив да одам кај др Николина, и цела нестрплива си викам ке најдам некое местенце за од одма пошто нели две докторки работеле, кога цела недела букирана Знам дека си е најбарана докторка, ама незз зошто се понадевав дека од одма ќе можам да отидам . А сум ептен ептен нестрплива. Класичен третман кај нејзе чини 900 денари, а тоа вклучувало и абразија и фореза...што мислам дека не е скапо. Така да девојки, ако сте заинтересирани, да си закажете одма, оти се чека многу! Имаше само два термини кои се слободни во текот на следната недела, ама се претпладне, јас сум на работа тоа време
Девојки дали некоја од вас (од Битола) имала искуство со др. Дијана Георгиевска? Следнава недела сум закажана за преглед, кај докторката што ми е проверена немаше термин и ме ставија кај неа. Збор, два?
значи јас одев 3 год кај николина....и да ти кажам не сум задоволна веќе...таа само прави класични тремани и стискање на акните...а со тоа остануват лузни на лицето..таа мисли дека со кремите кои ги дава ке се закрпат лузните на лицето...и некако веќе ми е како незаинтересирана и затоа прекинав да одам кај неа...затоа што лузните на лицето не се лечат само со креми...3 години одев и се истие тремани ми ги правеше...сега одам во дермаплус...