И приватно и со фонд работи, многу ме разочара, ич не сум задоволна за 2.000 преглед што платив и мене многу ми ја фалеа, само ми препорача креми што врска немаа со розацеа а беа изгор скапи, за после на емаил да ми пише, не ги користи тие, грешка се други ми пиша да земам исто многу скапи, додека траеше прегледот гледаше да ме откачи башка ми кажа за нешто што имав на вратот дека е опасно, па бетер ме исплаши, барав други доктори да ми потврдат сите ми рекоа и се чудеа кој ми го кажал тоа врска немало, закажи си во 8ми септември кај др Весна Трајкова и уште една имаше исто многу добра мислам една до друга се и таа се вика Весна Бришкоска Бошковски, многу се добри двете, посебно вторава е многу стручна и има знаење одма штом ќе те види, јас се изненадив позитивно со обзир дека е државно а, 70 денари преглед платив и сум задоволна, за разлика од Горица што ја почастив 2.000ден. МИЗЕРИЈА, НЕ ЈА ПРЕПОРАЧУВАМ!
Како што кажа членката правев и прочистување на црн дроб и црева, не ми се враќа веќе розацеа од како се прочистив, не користам веќе никакви креми, освен тие по потреба за суво лице.тала да розацеата се лечи само треба упорност и поздрава храна
Здраво, Дали некоја имала себороични кератози? Ме интересира за искуство бидејќи јас имам неколку на препоните веќе 3-4 години но мислам дека во последниот период се зголемија и ми прават прблем при бричење. Дали некоја има искуство со нивно отстранување и каква е процедурата?
Може со течен азот да се третираат ама пред се да се видат со апаратче дермоскен колкави се и дали се кератози. На клиника може кај др Зафировиќ да закажеш.
Може ли да ми кажеш која терапија ти е препиша доктор Старова? Јас успеав да ја контролирам розацеата со тоа што од јадење комплетно исфлрив зачинето и луто. И црвено вино. За жал ова не е нешто што се лечи; туку само си ги ублажуваме сипмтомите...
Zdravo. Dali ima nekoj iskustvo so problem ko mojov. Imeno vekje nekolku meseci premnogu mi se susi I peruti kozata na racete,I mnogu cesa. Poslednive dva meseca na ednata raka mi se pojavija kako isekotini(izgledaat ko so noz da se imam preseceno) niz celata raka,I uzasno bolat. Dali nekoj ima iskustvo,I se spravil so vakov problem? Moze da mi preporacate I dermatolog koj vi pomognal za vakov problem. Blagodaram.
Po toa sto pisuvas sigurno e egzema i ke mora terapija. Obicno se vlosuva od ladno i razni detergenti. Zakazi bilo kade ne cekaj zosto znae da dojde do ragadi-rani.
Може да ми препорачате добар дерматолог во Скопје за рутински преглед,на лице ми се појавија многу акни и како дупчиња на кожата, а и многу ми се суши.Досега не сум била никаде и незнам што да користам со лицето веќе.
Да го посетиш Др.Тихомир Цветковиќ,го однесов детето на преглед пред некој ден ( инаку секогаш го барав Др.Коста) ама тој ден не беше таму. Го прегледа син му кој е исто дерматолог и јас сум изненадена позитивно колку се посвети младиот лекар. Работи во Дерма Плус
Јас кога бев кај Коста поради проблеми со лицето, не ме ни прегледа, ми рече дека тоа е нормално (цело лице нафрлано) и само ми препорача некојси гел од биодерма. За овој "преглед" од 5 минути платив 1000 и кусур денари
Па тоа се чудам што толку го фалат, башка за бемки дечково е толку убеден дека никако никакоооооо бемка не смее да се вади, а 90% луѓе кои ги познавам извадиле и замисли, ене живи се...може татко му е стручнак, мада тогаш кога бев на преглед со едни жени кои чекаа толку глупи муабети се изнаслушав што баби на чешма можеа да му позавидат и јас 1.500 фрлив ама има и полошо повеќето по 2.000 наплаќаат преглед, еве да искористам да не се зезне уште некој дерма бела е живо дно, не знам како се викаше докторката, ме примија во ходник за преглед, за црвенило на лице ми рече а, па тоа од времето, за помала бемка на вратот ми рече вирусни брадавици сум имала да дојдам зимово ласерски да ми ја отстрани и 1.000 преглед, башка ни лист некој извештај, ништо ај кај Коста бар тоа дава да знаеш за што си бил. Значи во превод, кој стигне отвара ординација.
Мене Коста ни извештај не ми даде за џабе потрошено време. Ако некој знае добар дерматолог во Скопјево нека каже (само да не е приватен бидејќи се испофрлав пари а никакво подобрување не видов)
Последно бев кај д-р Павлина Папчева во Железничар. Вака на прво одење супер впечаток ми остави, имав повеќе прашања што ми ги разјасни, пак би одела. Друг муабет е што ме кошташе цели 40 денари, не чекав ни минута. Не знам дали прави интервенции како на пример смрзнување папиломи со течен азот и сл.
Весна Бришкоска од 8ми септември ја фалат, само термин не знам, комшика пола месец чекаше, што вака кога ќе видиш не е многу, задоволна е многу од неа, исто и членката погоре што спомнала во железара многу ги фалат кожните др, ама јас лично не сум имала искуство
Закажав за кај Весна Трајкова исто од 8ми Септември дека читав и за неа позитовни мислења, па ќе видиме
Здраво искуства со докторката што е кај Старова? Кај др Агрон немаше термини тек во април прв слободен па ни закажааа кај докторката.