Starova, dokolku nema termin kaj nego i doktorkata Irena ( moze i vo konsultacija so nego) e prekrasna, posvetena i strucna.
Дали можеби некоја има да ми препорача добар дерматолог за проверка на бемки? Ми се појавија годинава неколку па би сакала да ги проверам за секој случај.
Da prasham, bev kaj Vesna od 8mi septemvri i sea mi dade izvestaj za se sto treba da koristam i na nego pisuva da dojdam na kontrola za eden mesec. Dali ke mi treba povtorno upat od maticen ili dovolno e samo so izvestajot da dojdam? I kako da zakazam termin?
Здраво, знам дека има многу препораки за дерматолози и на оваа тема и на таа за дерматолог, но забележав дека цело време едни исти го повтараат истиот дерматолог, а другите предлози се постари. Долго време се соочувам со акни и затворени комедони. Две години одев кај др Нина после многу пофалби што ги прочитав и ми помогна ме дека не , но веќе не можам да одам на фореза, а од кога престанав лицето повторно ми се влоши (затоа и престанав за да видам дали ќе се случи ова), секако не како што беше порано. Ако може некој да ми препорача добар дерматолог (што има искуство со акни и што од искуство го препорачува), бидејќи тие што се соочувале со акни и со други кожни болести ќе разберат колку тешко еда го најдеш вистинското решение. Читав многу за Др Старова, ама стварно не можам 4 месеци да чекам за термин и 2000ден. само за преглед… Сепак ако го мислите дека Старова ми е единствениот спас ќе се обидам. Исто така пробав и со рутина на coselove, искрено не гледам некоја разлика.
Обиди се кај него, немораш кај докторот, можеш и кај докторката Ирена, она работи во консултација со него и не се чека 4 месеци. Незнам за какви акни станува збор меѓутоа и продуктите кои ке треба да ги користиш не се баш ефтини, биди спремна и за тоа. Мои блиски имале проблем и знам дека платиле малку повеќе. И да не си кај Старова пак горе долу кошта исто козметиката која ке треба да ја користиш. Вложувањето во добра козметика секако кошта имала или не проблем.
Нина ми кажа бактериски акни дека биле, испитав хормони и полицистични јајници бидејќи ми се јавуваат само во пределот на брадата, но резултатите беа во ред освен малку покачен тестостерон. Значи сепак да се обидам кај др Старова, фала ви.
Читам и ми доаѓа жал за тие што мора да плаќаат толку скапо за преглед кај дерматолог за на крај да не им ни помогне не па да се замара страшно. Па и хормонски акни да се и се тоа пак може да се излечи да покомплицирано е но не треба некој да наплаќа 2000 ден за секој пат за преглед и се тоа за да се даде можно решение за проблем што големиот процент на луѓе го имаат и не секој може да си дозволи што е сосема нормално. Јас разбирам дека они сакаат профит и дека има пофални зборови но не разбираат дека не секој со таков проблем може да иде и да даде толку пари и на крај да има шанса дека се ќе падне во вода. Да имав доволно знаење за хормонски одма тука би споделила но за жал немам искуство и знаење за што се пие и става …. Се надевам дека секоја од вас што има ваков проблем дека ќе си го најдете решението и ви посакувам среќа и да не се грижите многу бидејќи не е крај на светот акните. Да знам дека се болни и нервираат и се праиме и тестираме за да најдеме решение но и тоа ќе си дојде.
Ние тука можеме да дадеме совет, а не и терапија. Некој се мачел и учел со години за да знае што да ви даде. Терапија од ракав не се препишува, доктор мора да ја следи состојбата затоа се и тие испитувања и контроли. Соничка и клиндацин сите знаеме ама за повеќе си има стручни лица. Е сега не би рекла профитираат ( што има и такви) туку си го наплаќаат знаењето. Тоа што цените им се високи и цела козметика е скапа е друг муабет. Од друга страна биркин не е скапа , а јас немам пари да си ја купам.
Се разбира секој треба да си го наплати тоа што го учел, но крај краева акните се кожна болест и треба да се гледа како таква, а не како профит, има милион дерматолози што наплаќаат и многу повеќе за третмани и прегледи, а сепак не се однесуваат како да се доктори и како да лечат да речеме вид на ,,болест”.
Биди искрена кај нас само тие две се даваат и ако помогне добро ако не тоа е. Се дава само биодерма и се тера бидејќи таму е профитот. Можеби има некој што стварно знае да каже и помогне но за жал на една рака се бројат тоа е тажно. За нашата плата 2000 ден за преглед само а да не збориме се што ќе се препише за да се купи а нема да е евтино и после тоа ќе треба пак да се иде на прегледи богами е скапо за поголемиот процент на луѓе. Ако сакаат да си го наплатат знаењето мислам дека треба да е на друг начин а не на да се зима од луѓево за преглед за да се каже еве ти сона и готово. Секој што гледам што се жали од дерматолози се бидејќи им давале сона и само полошо им било или не им ни помогнало. Ти го почитувам мислењето и што сакаш да кажеш но не се согласувам за се. Тоа е тоа на крајот од денот сите можеме да учиме , нема да знаеме колку дерматолозите но они на светско ниво се објаснуваат и секако ниеден не е од кај нас и си ќутат додека од сите држави убаво објаснуваат и состојки и рутини и се што како треба .
Јас затоа кажав дека и после прегледот коштаат и продуктите. Јас лично не сум имала проблем ама знам блиски луѓе околу мене што имале и се изнамачиле со различни креми и таблети. Не сум компетентна да давам дијагнози и таблети, знам дека брис од акни , испитувања на хормони, крвна слика треба кога ке идеш на прв преглед за да не доагаш на "контрола" со истите па пак да ти биде наплатено. Се пијат и хормонски таблети, антибиотици, други некои и т.н не е само кремичка и чао. Борбата со акни е тешка( влијае на самодоверба, психичко здравје...), само ја разбира тој што си имал мака. Цените се високи ама на девојка од 15-20-25год неможеш да и кажеш дека ништо страшно што има, зошто она и последните ке ги даде за да и биде подобро лицето.