сакаш да ми кажеш дека и после 3 години имаш флеки по лицето? а правеше третмани за чистење на флеките?
значи вака да не се разбереме погрешка...почнав да одам кај неа и нели се што имаше од под кожа ми извади арно ама..после тоа се прават лузни и флеки на лицето ..некои се стварат од самата акна а некои од стискањето...така да во почетокот беше се во ред..за лузните ми даваше само креми за лузни и кога одев ми правеше само обични тремани...и викам ај можеби нели треба подолг времнски период за лузните но ништо таква сум со лузни 2 год се разочарав ептен и барав друго чаре и мислам дека го најдав...и сега одам во дерма плус ми дадоа терапија каква што треба еве веке 20 дена ја применувам и сум задоволна многу..ти беше ли кај неа и што ти кажа...ако те интерсира нешто повеќе пиши
да, идам кај неа. правев форези, сега треба третмани за флеките. ми даде крема керакнил за навечер, со овошни киселини, па ке видам како ке биде. ти што крема користи? правеше третмани со витамин ц (што ги вика она)?
правев се и фореза и абразија...и разни разнииии креми...на секое одење ми даваше разни креми...никакво подобрување..немам ништо протв неа..за лузни се прават други третмани на пр.хемиски пилинзи и ред други а не само обични..само изгубив време и пари кај неа..немам ништо против ама...и како се вика третманот за флеките што ке ти го прави?
мислам ми рече фореза со витамин ц на местото на флеките, а таму каде што имам бубуљичка само ке ми ги стисне. јас така ја разбрав. а како се со цени таму каде што одиш сега?
кај николина секој третман ми го наплакаше по 900 ден...е сега одам во дерма плус во аеродром...ми напарави хемиски пилинг 1500 ден за обновување на кожата..и пијам терапија капсули церин и едни др се викат акнотрен...и веке по 20 ден имам резулати...задоволна сум...и ссега од следниор месец ке ми прават тремани за лузните..
Гледам дека имаме ист дерматолог, можам да кажам дека сум презадоволна, пред година дена имав сериозно проблеми со лицето, сега е целосно средено и одам на 1-2 месеци на дермоабразија.
се надевам и јас на добри резултати ..еве сега месец време сум под терпијата и одлично ми оди..па останува само на времето...а ти snowbell ја пиеше ли терапијата...
Јас имав доста лошо лице,каде не отидов,др.Коста веднаш ми даде Роакутан и ги пиев 6 месеци. Инаку и јас сега пијам Церин за намалување на мастење на лицето и користам крем со АХА киселини навечер. Што пиеш Роакутан не се секирај, за многу брзо време лицето ке ти стане стакло,само треба да ставаш доста хидратантна крема. Ако ти остане некоја лузна можеш да правиш дермаролер за да ти се измазни лицето. поздрав
Да си се пожалам и јас....лицето не ми е лошо за гледање со пудра ,ружче и маскирам некако,но не е и добро имам подкожни ,флеки и некој кафенки точки една две под окото и носот,а башка и пушач сум.Утрово гледам на вебклиника попуст во Дерма медика за третман набројуват што има се и од 5000 попуст на 2000 без размислување уплакам и од прва се решив одам.Повратниот меил закажете консултации со д-р Пешиќ или д-р Тодоровска.Се јвив за во сабота се договоривме и најпрво да се виде лицето.Ординацијата била во центар кај соборниот храм. Прашањето ми е дали некој од вас е била какви резултати има ,колку сте задоволни. Можеби ја избрзав работата но општо во животот никогаш не бројам до три. Ке ги прежалам 2000денари.
Здраво Да ли некоја од вас има одено во ординацијата Меа Медика кај Марика Николовска? Какви се вашите искуства? позз
Лично јас не ја препорачувам, мене не ми помогна, има погрешен пристап жената, на други може им помогнала. Јас топло ти ја препорачувам Николина Лазаревска - Медикоз од Скопје. Проверено и докажано
Роакутанот е изотретиноин( дериват на витаминот А) и се дава во случаи на каде што акните се прилично лоши а предходно ништо друго не делува. Терапијата нема никакви негативни ефекти ако пациенто е здрав- се прави крвна слика прво. Роакутанот ги суши лојните жлезди и на тој начин ги решава акните.Само мора да се погоди дозата од стручно лице-дерматолог. Конкретно мене само роакутанот ме спаси т.е докторот каде што одам.
јас немам некои поголеми проблеми со лицето ,но во последно време имам се повеќе црнки. Па ме интерсира каде поточно во аеродром се наоѓа дерма плус. И колку е обичниот класичен третман кај нив.
Феминки, ве молам за помош. Знаете кој дерматолог има искуство со розацеа/црвенило? Немам ни црнки ни акни ама црвена сум како домат и имам видливи капилари/пустули. Грозно изгледа без пудра, а и со пудра нерамната текстура на кожата ми се познава. Отидов во дерма медика ми го утна третманот ептен, ми се чинеше прв пат слушнала за проблемов мој. Па сега сакам на испробано да идам. Ако некој има слично искуство и дознал за добар дерматолог, нека ми пише, мн ќе бидам благодарна, па ќе споделам знаење.
дерма плус се наоѓа позади тц Бисер во зградите...цените се од 1000-2000 класицен третман зависи од состојбата на лицето...