Здраво! Имам прашање за себороичен дерматитис (многу првут како корупки), предлог дерматолог што навистина би помогнал? Сѐ имам испробано, природни шампони, шампони за првут, кетоконазол, нема резултати.
Kako se odviva pregledot? Dali ti preporaca nekoj tretman?Moze li da mi objasnis podetalno Mi treba mislenje za doktorkata Vesna Trajkova od osmi septemvri .Dali nekoj ima odeno i kakvo iskustvo imate?
Ве молам за за совет за добар дерматолог на државно ако знаете кој е запознаен со лечење на акни и комедони, што посветува внимание а не само колку да те прегледа на брзина и да ти препише некои тоници на Еуцерин и Биодерма а да нема никакви резултати. Да напоменам имам испитувано основни хормони преку гинеколог и се е океј.
Gob 8mi septemvri Vojna bolnica doktor Vesna Trajkova sekoj cetvrtok e vo ambulanta so upat od maticen treba pozz
И јас го имам истиот проблем , бев на 3 дерматолози , никој не ми го лечи проблемот трајно , ова сега што го користам ми го исуши лицето и вратот , ако престанам да користам акните се враќаат повторно.. Ве молам за искуства со Др Весна Трајкова, незнам каде да одам веќе ..
Дали некој може да ми препорача дерматолог имам проблем со црвенило на лице ми се вцрвува ми се иритира поточно кога ќе ме допре некои со брада или пак од ладно...цела зима ми е такво два дена добро два дена црвено.. Ве молам за предлог. Благодарам
Bioderma ds + кремата помага многу за црвенило, пробај, има и cleanser од истата линија. Генерално тоа го препорачуваат.
Благодарам. А дали ја препорачуваат за цело време да се користи или само кога е вцрвенета кожата, и сакав да те прашам дали знаеш која е цената и каде ја има?
Може цело време да ја користиш , баш за црвенило и иритации особено околу веѓите, носот , челото и плус ја хидрира кожата Ја има во сите подобро снабдени аптеки 830 денари. https://zegin.com.mk/mk/bioderma-se...-kon-crvenilo-perutane-i-seboroichen-dermatit
Дечки од пред неколку месеци имам проблем со акни, правев операции и тогаш ми се појавија, велат нешто било последица од бактеријата која ми ја ставија на операција. Моментално се прилично болни и сакам да отидам на дерматолог меѓутоа не знам кај кој, некој да не знаете стручен за вакви проблематики?
Zdravo da ve prasam dali dr Vesna Briskovska e uste vo 8 Septemvri? Zosto citam sega vo Sistina se prefrlila pa dali e vistina?
Целосно непрофесионален пристап од Др. Зорица Милошевска (дерматолог). Отидов за проблем со сува кожа, докторката не ми се ни проближи, а не па да ми го погледне лицето, ниту па бев прашана која ми е рутината. Откако специфицирав дека сум алергична на хијалуронска киселина (попатно се разбира и нејзините соли и деривати) докторката ми препиша крема со натриум хијалуронат и ме испрати дома. Не си го трошете времето, а ни парите, да одите ако имате закажан термин.
Претпоставувам ради финансиски цели, сите дерматолози препорачуваат биодерма. Дали за акни, дали за сува, мрсна кожа. Само биодерма. Досега се што сум одела, и другарка што со години имаше акни, се биодерма. Дури и на ендокринолог исто и дадоа биодерма. Повеќе информации ќе добиеш од рутини од кослове или овие другите (не ми текнува името, ќе редактирам ако ми текне), отколку од дерматолози што најмногу би требало да се интересираат
Се согласувам и потврдувам од лично искуство, Биодерма или Еуцерин ми биле препорачани секаде, без разлика на проблемот. И едните ги критикуваат другите.