Здраво на сите,би ве замолила да споделите искуство со дерматолог за акни во 20тите години,бев кај Старова,Анчески и во државно но со привремен ефект.Благодарам!
На тема Како до чисто лице, споделив искуство со Др. Магдалена Лукарева од Радовиш која беше единствена докторка што откри розацеа кај ќерка ми, на која и се појавија акни со полни 18 години.Работи со упут од матичен доктор
Мене воопшто ништо не ми откри ,името и е големо само заради тоа што работеше во Жан Митрев . Правев хормонско испитување и dheaso4 уште пред две години ми беше покачен и таа рече дека сите хормони ми се во ред , пред два месеци бев во 8 септември кај Весна Трајкова каде буквално сѐ ми испитаа, и пред да излезат резултатите ништо не ми препиша локално за што да користам , на крајот излезе дека сепак од овој хормон којшто уште пред две години ми бил покачен кога бев кај Магдалена а таа воопшто немаше поим дека овој хормон ми предизвикувал акни , туку главната нејзина цел беше само препишување на биотрејд и биодерма скапа козметика и тоа ако не ми одговараше само ми ги менуваше . Така да во секој случај заобиколете ја оваа докторка!!!
Весна Трајкова 8 септември со упут може да одиш , ќе ти дадат упут за комплетно испитување на крвта , хормони и се друго , па да знаеш дали акните ти се хормонски, бактериски и ќе ти дадат соодветна терапија бидејќи ако проблемот доаѓа одвнатре никакви креми не помагаат . Магдалена Лукаровс заобиколи ја , затоа што не е воопшто професионална и ќе ти препишува само биодерма ..
Јас го споделив моето искуство кое беше позитивно и единствено таа докторка ни помогна. Не знаев дека работела кај Жан Митрев, туку знам дека има завршено специјализација во Белград. И не се согласувам дека не е професионална, пред да ни ја даде терапијата, имавме и ние испитувања )но секој сам ќе си одлучи на кого ќе го довери своето лице, барајќи спас. Сите имаме различни искуства, можеби некој ќе биде презадоволен од докторката во Ремедика, од која ние си заминавме уште позбунети и загрижени. Важно е да се сподели и пронајде лек
Zdr lugje me interesira koj moze da otkrie podobro, bidejki imam problem mi izleze nekoe vlaknence, de potemnuee...uzas Bev na ginekolog, dali treba da si baram dermtolog ili ako treba ona kje me upati? Ispituvam hormoni sega za sega
Јас бев со ќерка ми пред 2-3 години имаше 2 докторки. Постарата Мери жи рекоа да ја побарам ама воопшто не ми остави воечаток. Ме испопраша од што работам, кај живееме и триста другу работи ,а најмалку за проблемот на ќерката. Помладата докторка, не го памтам името плава висока многу беше љубезна и се повлече со прашања кога тргна ДрМери да прашува. Не би ја препорачала искрено.
Таа ми препорача да ми прават криотерапија со течен азот но за да не патувам многу ми рече дека може и во мојот град т меѓутоа во мојот град нема и сега во четврток кога ќе одам на контрола ќе и кажам таму да ми прават.
Da mi kazete dermatolog, sto navistina se ke mi objasni za kozhata...Kaj sto bev kaj edna, jas ja prasuvam, ona mi vika "ne znam" ... Neka bide u Skopje, ili endokrinolog
Здраво. Некој да сподели искуство со Др. Верче Тодорвска од Дерма Нова? Се работи за долгогодишен проблем со кожата кај маж, на повеќе места по телото но досега безуспешно наоѓање решение. Читав добри reviews на google, но ме интересира и ваше мислење доколку сте оделе кај неа. Секоја друга препорака за добар и стручен дерматолог би била добредојдена.
Кај д-р Верче одам јас на преглед за бемките и презадоволна сум од неа и нејзиниот пристап. И маж ми беше кај неа за да му предложи нешто да му ја среди кожата (имаше kerstosis pilaris), сега е доста подобра ситуацијата. Лично не сум имала некои посериозни кожни проблеми, ама ете тоа ми е искуството со неа и за преглед на бемки не би ја менувала воопшто. Во таа област си е топ докторкава, ама би и' се обратила и за сè друго.
Исто така добри reviews прочитав за Др. Николина Лазаревска од Медикоз, ама никаде на интернет не можам да го најдам местото... порано било во Дебар Маало па некаде прочитав дека ординацијата ја преместила во Аеродром ама не можам да најдам ништо. Имате ли некакво инфо и искуство во врска со оваа докторка? Можеби е во пензија?
Здраво, дали некој има искуство во Промедика Медикал центар или Дерма Бела за ласерски третман на акни, која е цената на еден третман и дали се ефективни?