Јас искрено не сум задоволна од дерма нова. Некако незаинтересирана ми е докторката и упорно закажува контролни прегледи, вергла те едно исто и никако да дојдеме до дијагноза. Перална за пари. Не си трошете време и пари кај неа.
Да, со акни на лице и грб. Сега е во Систина, одев кај неа уште додека беше во Воена болница. Тогаш почна да ме работи со ласер, но не се споредува тој ласер со овие сега што ги работи во Систина. Сега одам и за влакна, многу сум задоволна. Ме има гледано и дермоскопски, значи стварно е многу стручна.
Дали беа хормонски или? И јас го имам истиот проблем на деколте геб и лице, моментално сум на роакутан , ми даваа само антибиотици и спироналактон заради покачен андростендион, но после прекин ми стана бетер и освен роакутан ништо друго не ми помагаше.
Колку време ги пиеш Роакутан? Има ли подобрување кај тебе? Син ми има уште 9 таб, од 4та кутија, состојбата му е подобрена, ама не е исчистено лицето целосно. Ме фаќа страв, да не му остане такво. Утре е на контрола.
Мене првите два месеци ме исфрли страшно , уште 5x полошо ми стана , но потоа постепено почна да се смирува, целосно ми се исчисти после 4 месеци но ми останаа многу флеки. Колку мг пие и колку време веќе? Обично 6 месеци трае терапијата.
Од 20мг, 4ипол месеци ги пие. Спомна докторката дека и до 7месеци ги пиеле.... Ја прашав дали има ризик да се вратат акните, ми рече кај мн мал процент се враќале.
80% не се враќаат, но може и повеќе пати да се пијат не се секирај, ако само 2-3 акни има и тие ќе престамат да излегуваат за месец дена сигурно, и потоа намалуваат доза пред да заврши терапијата.
Сакам да закажам кај Др.Весна во Систина за отстанување кожни израстоци со ласер. Дали кога ќе закажам ќе може истиот ден да се отстанат или тогаш е само преглед па ќе мора пак да закажувам. Прашувам затоа што не сум од Скопје и не можам два пати да доаѓам туку наеднаш да се среди. П.с доста ги има по цело тело, не се неколку.
Искуства со Др. Камберова? Ве молам за мислење важно ми е. Или да препорачате некој стручен дерматолог со кој имате добро искуство. Не е за лице, за кожата на пределот од половината надоле е...
Не би знаела тоа. Др. Весна ми правеше ресурфација два пати со една машина, потоа третирање на лузни со друга. И скрос друга за влакната.Како се викаат не знам.