Moже ли да ми препорачате некој дерматолог од Систина, за Андреј Петров имам читано во други теми тука дека 50-50 биле задоволни и за преглед на една бемка е 5000 а за повеќе е поголема сума (кој знае нека каже колку е точно). За другиве докторки Весна Пљакоска и Весна Бришкоска Бошковски не знам ништо освен дека цената за преглед е помала кај нив во споредба од Андреј, сега со новиот ценовник од Систина. Конкретно треба да прегледам 3-4 бемки, да отстранам две и да видам за третмани за стрии во нивниот центар. Било каква препорака е добредојдена.
Весна Бришкоска - кај нејзе да си закажеш. Со еден совет и 2 креми ми го спаси лицето од 10+ години акни. Која е цената за преглед кај нејзе?? Јас идев додека беше во Воена Болница
Што ти даде ако не е тајна? И јас се мачев многу години ама освен роакутан ништо друго не ми помогна..
За Весна имам слушано дека ептен била дрска и недај боже да и кажеш дека си била веќе некаде на приватно , наводно не сакала пациенти кои веќе побарале мислење на приватно па отишле државно, а стручна била за тоа да , има знаење .
Весна Бришкоска, нема подобра докторка. И пристап, знаење апаратура најсовремена, мене ме има препородено таа жена. Никогаш не била дрска, напротив темелно се ти објаснува и реално ти кажува, бива- не бива.
Никаков дерматолог ништо за акни само Марија од аптеката марија гален.Закажав преглед ми направи рутина лицето ми е како стакло веќе со години јас кај нејзе отидов уште пред да стане толку позната тогаш не наплаќаше преглед. Мислам дека ни сега не се наплаќа
Па не ми даде дијагноза затоа што не е доктор ми кажа целосна рутина која е инвидуална за секого според кожата одредува она. Од истата аптека ми направија и крема за акните нивна. Не памтам се затоа што одамна беше но сепск и на дерматолог сум одела но според мене за нега на кожа не знае никој повеќе од неа.