Има некој одено кај Др.Горица Мислам дека може и со упут...Некој искуство ? Имам закажано па ако знае некој нека ме извести
Да. Мрзлива. Те гледа како ќеш. Прегледот трае 5 минути, затоа што она сака да седи на пулт со операторката. Делува незаинтересирано, едвај чека да си одиш. Дури, ти вика леле па немаш толку пари за ваков третман, оди на државно. Слабо. Многу слабо.
Вчера бев. Јас бев задоволна од пристапот на младиот доктор. Детално, смирено. 2000 денари преглед со интервенција.
Дали некој бил скоро кај Ивана Панговска, да ми каже колку чини прегледот? Бев пред неколку месеци ама тогаш имаше акција и беше 990 денари, а редовен не знам колку ѝ е.
Фала. Тогаш се мислев каде и ја одбрав, за среќа, д-р Папчева. Неколку пати бев кај неа и за сè што сум била ми го решила проблемот
Општ дерматолошки преглед мислам дека е 2000ден, а дермоскопија на цело тело можеби беше 3000, така нешто. За другите работи не знам, само за овие две сум била.
Кај Пангова не сум била за преглед на бемки, за друг дерматолошки проблем бев и ми се допадна докторката. Детална, милион прашања ми постави, задоволна сум од пристапот и успешно се среди проблемот. А за бемки бев кај Ризова, имаа пред некое време попусти на дермоскопија на цело тело и искористив прилика. Многу сум задоволна и од неа. Многу беше детална и многу збореше, опширно ми објаснуваше, немав чувство дека сака да ме пројде набрзина. И од двете сум задоволна јас, немам замерки.